Средба на министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми со пратеникот и Потпретседател на Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, проф. Јозеф Вајденхолзер
Министерот во Владата на Република Македонија Едмонд Адеми задолжен за дијаспората денеска оствари средба со пратеникот и Потпретседател на Групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, проф. Јозеф Вајденхолзер, заедно со неговата делегација, каде што разговараа за заеднички точки и соработка во блиска иднина меѓу Република Македонија и Европската унија.
Министерот Адеми го информира за информацијата за Национална стратегија и работните групи што ги формира, целта која ќе создаде можности и ќе го отвори патот за соработка меѓу државата и дијаспората.
Пратеникот Weidenholzer Josef истакна дека треба да се поддржат човековите права и слободи, слободата на мислата, совеста и религијата, пристапот до пазарот на трудот,се важен сегмент, а дијаспората како дел од европските вредностие е важен фактор и дека различните култури стануваат уште побогати кога ги поддржуваме и дејствуваме заедно.