Премиерот Заев учествуваше на костенијада во Ново село, струмичко: Традиционалните обичаи го поттикнуваат заедништвото меѓу граѓаните
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска присуствуваше на една од најтипичните манифестации во струмичкиот регион – Фестивалот на смоларскиот костен, кој се одржува секоја година во сезоната на костените и која, во исто време, ги слави и промовира и природните убавини во подножјето на планината Беласица.
Премиерот Заев, пред присутните граѓани, собрани од сите краеви на Република Македонија, како и од соседна Бугарија, ги истакна вредностите на чување на традиционални.
„Негувајки ја традицијата, продолжуваме да го одржуваме духот на заедништво, кога се собираме сите граѓаните заедно, како што може и како што треба да си личи помеѓу нас, во нашата Македонија“ - истакна премиерот Заев, на празникот на смоларскиот костен.
Премиерот Заев изрази поддршка и надеж дека сите вакви и слични традиции ќе продолжат понатаму и дека ќе бидат сплотувачка врска помеѓу граѓаните.