Министерство за правда
Министерството за правда ги врши работите што се однесуваат на:
- судството, јавното обвинителство, јавното правобранителство;
- државната управа;
- кривичната одговорност и одговорноста за прекршоци;
- нотарските работи, адвокатурата и други видови правна помош;
- наследувањето, сопственоста, стварните права и облигационите односи;
- меѓународната правна помош;
- извршувањето на санкциите за кривични дела и прекршоци;
- организацијата и управувањето со казнено-поправните и воспитно-поправните установи;
- амнестијата и помилувањето;
- судските вештачења, експертизи и супер-вештачења;
- изборниот систем, водењето евиденција на избирачкото право;
- кривичната, прекршочната, парничната, вонпроцесната, извршната и управната постапка;
- управниот надзор;
- вршењето на работите што не спаѓаат во надлежност на друг орган на државната управа и
- врши други работи утврдени со закон.
Министер: Рената Дескоска Адреса: „Димитрие Чуповски“ бр. 9, 1000 Скопје; Website: www.pravda.gov.mk |