Премиерот Заев одржа координативен состанок со амбасадорот Наумовски пред почетокот на новиот циклус состаноци со медијаторот Нимиц
Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, денеска одржа консултативна средба и координација за претстојните активности како дел од новиот циклус разговори поврзани со проблемот што го има Република Грција со нашето уставно име, со амбасадорот Васко Наумовски, специјален пратеник во разговорите, кои под покровителство на Обединетите нации се водат за разликите околу името на нашата држава.
На оваа средба, на која присуствуваа и заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции Бујар Османи, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, е констатирано дека за средбите на медијаторот Метју Нимиц со амбасадорите Наумовски и Василакис,кои се закажани да отпочнат на 11 декември, е постигната позитивна клима и во Република Македонија и во Република Грција.
Во разговорот на оваа средба меѓу премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за евроинтеграции, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров и амбасадорот Васко Наумовски, е оценето деказа решавањето на оваа прашање од особена важност се инклузивноста, како и потребата од кохезивност во ставовите за ова прашање од врвен национален интерес за Република Македонија.