Венко Филипче, Министер за здравство
Венко Филипче е Министер за здравство во Владата на Република Македонија.
Официјален е-маил: | kabinet.minister@zdravstvo.gov.mk |
Фејсбук страна: | www.facebook.com/filipce.venko |
Твитер профил: | www.twitter.com/VenkoFilipce |
Инстаграм профил: |
Дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 ја завршил специјализацијата по неврохирургија.Д-р Венко Филипче е именуван за министер за здравство во Владата на Република Македонија од позицијата советник за здравство на премиерот Зоран Заев и од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.
Избран е за асистент на медицинскиот факултет во Скопје во 2004 година.
Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.
Во 2017 е избран за Доцент на медицинскиот факултет.
Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.
Во 2012 година завршува fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје.
Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Д-р Венко Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 бил организатор на Македонско-Јапонската невроваскуларна конференција.