47-ма седница на Владата

Седницата се одржа на: 
04.01.2018 - 01:00
Соопштение за јавноста: 
Записник од седница: 
PDF icon Преземи (623.58 KB)
Точки на предлог-дневен ред: 
Точка Наслов
Пред точка Состојби и напредок во процесот на европска интеграција
Пред точка Користење и имплементација на фондовите од ЕУ
Пред точка Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО
Пред точка Статус на реализација на Рамковниот договор
1 Предлог-одлука за избор на овластен ревизор за финансиска ревизија на Годишната сметка за 2017 година на АД ТЕЦ Неготино, во државна сопственост, Неготино
2 Барање согласност за избор на овластен ревизор за ревизија на Годишната сметка и финансиските извештаи на АД“Македонска пошта“ - Скопје за 2017 година, со Предлог-одлука
3 Информација за текот и прогресот на активностите во врска со постапката за одобрување на извоз во Европска унија на месо и производи од месо (говедско, свинско, живинско) јајца, риба и производи од риби
4 Полугодишен извештај на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот за периодот од 01.01.2017 до 30.06.2017 година
5 Предлог-уредба за начинот на давање на услуги на воздухопловната навигација, како и посебните услови во однос на потребниот персонал, опремата и другите посебни услови неопходни за безбедно и уредно работење
6 Предлог-уредба за организацијата и користењето на воздушниот простор
7 Предлог-уредба за правилата и условите за заемна оперативност на системите, нивните составни делови и поврзаните процедури за давање на услуги на воздухопловна навигација со европската АТМ мрежа
8 Предлог-одлука за определување на периодот на закуп на градежното земјиште во Технолошко индустриската развојна зона Скопје 1 и за висината на закупнината и Предлог-одлука за давање на согласност на Договорот за долготраен закуп на градежно земјиште со Друштвото за трговија, услуги и производство ЏЕМДАГ ЛАЈТИНГ ЕУРОПА увоз – извоз ДООЕЛ Ресен, како закупоримач
9 Конечен извештај за извршена ревизија на Финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2016 година на Државен архив на Република Македонија, за сметките на Основен буџет (637 и 631)
10 Информација за усвојување на Одлуката за измена на Изјавата за основање на „Нафтовод“ ДООЕЛ Скопје
11 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на недвижни ствари на општина Босилово
12 Информација за склучување на Спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Република Албанија за соработка во случај на катастрофи
13 Предлог-одлука за запишување на право на сопственост на инфраструктурни објекти во Катастарот на недвижностите во корист на Република Македонија ДП.бр.03-18/17
14 Предлог-одлука за отстапување на нафтени дривати од задолжителните резерви на нафта и нафтени дривати на Центарот за управување со кризи, без надомест
15 Информација за согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија со непосредна спогодба, за изградба на мала хидроцентрала со идентификационен број 378, ЕНЕРГОМОНТ – МЗТ – ХЕРЦ ДОО како објект од јавен интерес утврден со закон и согласност за склучување на договор, со Предлог–одлука
16 Информација за усвојување на ажурираниот Национален имплементационен план за редукција и елиминација на перзистентните органски загадувачи во Република Македонија
17 Информација во врска со доставено барање за пренос на Договорот за концесија за користење на вода за изградба на мали хидроелектрични централи за локацијата бр. 7 на река Рибничка на Концесионерот Актуел Енерџи Груп ДОО Скопје и склучување на Директен договор со Европска банка за обнова и развој (“ЕБОР”)
18 Информација во врска со доставено барање за одобрување на промена на сопственичката структура во концесионерот Друштво за производство трговија и услуги МИНКА ЕНЕРГОТЕК ДОО СКОПЈЕ, со Предлог-одлука
19 Информација во врска со доставено барање за одобрување на промена на сопственичката структура во концесионерот Друштво за производство трговија и услуги МХЕ ТОПОЛКИ ДОО СКОПЈЕ
20 Информација за одредување на статусот на штетници кај растенијата, во согласност со меѓународните стандарди
21 Информација во врска со барањата за давање писмена согласност за пренос на удел во Концесионерот Друштво за производство на енергија Албнор Компани ДОО Скопје, Концесионерот ЦММ Енерѓи Компани ДООЕЛ Гостивар и Концесионерот МХЕ Јабланица ДОО Скопје, со предлог-одлуки
22 Предлог-тарифник за дополнување на Тарифникот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на стручна оцена (ревизија) на геолошка документација и рударските проекти
23 Информација во врска со предложениот Директен договор помеѓу Владата на Република Македонија и Шпаркасе АД Скопје за финансирање на малите хидроелектрични централи на концесионерот НОРД ЕНЕРГИ ГРОУП ДООЕЛ Тетовo
24 Информацијa за потребата Координативното тело за следење на арбитражни постапки произлезени од меѓународни договори да спроведе активности за прибирање на понуди за правни застапници во поведени арбитражни постапки против Република Македонија
25 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител
26 Информација за правосилност на една одлука на Европскиот суд за човекови права по однос на предметот Кастриот Челја против Република Македонија, со Предлог-одлука
27 Информација за учеството на македонската делегација на 6-ти Самит на шефови на влади на процесот за соработка на Народна Република Кина со земјите од Централна и Источна Европа
28 Извештај од анализа на нацрт-стратешки планови на министерствата и другите органи на државната управа од аспект на формата, содржината и нивната усогласеност со стратешките приоритети на Владата на Република Макердонија во 2018 година
29 Анализа на спроведувањето консултации и учество на граѓанските организации во процесот на креирање политики на Владата и органите на државната управа
30 Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства
31 Информација за прогресот на процесот на акредитација на осумте биохемиски лаборатории по ISO 15189
32 Информација за реализација на проектот за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за 2018 година со акциски план и проект
33 Информација за Е-обука за родова еднаквост (основен и напреден модул) за државната администрација, поставена во електронскиот Систем за управување со учењето (СУУ/LMS)
34 Предлог-одлука за давање согласност за давање под долготраен закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на непосредна спогодба на Друштвото за производство, трговија и услуги „МХЕ Тополки“ ДООЕЛ Скопје
35 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид на минерална суровина–варовник на локалитетот “Стрелиште“, општина Охрид
36 Предлог-oдлука за престанок на важење на концесијата за експлоатација за потребите за изградба на автопат А2, делница Кичево-Охрид на минерална суровина–варовник на локалитетот “Арбиново“, општина Дебарца
37 Предлог–одлука за давање согласност за пренос на удел во Друштвото за производство, трговија и услуги АКВА КОКИНО ДООЕЛ с.Драгоманце Старо Нагоричане
38 Предлог-oдлука за доделување на концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на Трговското друштво за производство проектирање и инженеринг ВАРДАРГРАДБА ДОО с.Трубарево-Скопје на локалитетот “Подцуцул“, општина Сопиште
39 Предлог–одлука за давање на согласност за пренос на удел
40 Предлог-одлука за престанок и за давање на трајно користење на движни ствари на општина Велес
41 Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, прво читање, поднесен од 11868 избирачи
42 Предлог финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија за 2018 година
43 Барање за давање на автентично толкување на член 14 став 2 алинеја 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за домување, поднесено од пратеникот Невенка Стаменковска
44 Барање за давање на автентично толкување на член 25 а во врска со член 37 од Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, поднесено од пратеникот Петар Атанасов
45 Иницијатива поднесена од Стамен Филипов од Скопје, доставена до Уставниот суд на Република Македонија под У.бр.132/2017 за поведување на постапка за оценување на уставноста на повеќе членови од Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на РМ“ бр.95/2012, 188/2013, 27/2014, 154/2015, 192/2015, 23/2016, 190/2016)
46 Понуда од нотар Сашо Клисаровски од Скопје, за продажба на недвижен имот со Имотен лист бр.94674 за КО Ѓорче Петров 2-Мирче Ацев на КП бр.5770
47 Предлог-одлука за формирање на Комитет за земјоделство и безбедност на храна 
48 Кадровски прашања /47/
49 Прашања и предлози /47/
50 Тромесечен финансиски извештај за работењето на АД ТЕЦ Неготино, за периодот јули-септември 2017 година 
51 Годишен извештај за 2016 година на Народна банка на Република Македонија
52 Информација во однос на дополнително тестирање со ултразвук на делница Блок станица 5-Неготино
53 Извештај за работа на Инспекцискиот совет и Информација за работа на инспекциските служби за трет квартал од 2017 година
54 Извештај за работата на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија за периодот од 1 јануари до 30 јуни 2017 година
55 Информација за набавка на нови возови во Македонски Железници Транспорт АД-Скопје, за период 01.01-30.06.2017 година
56 Информација за набавка на четири нови електрични локомотиви, за период 01.01-30.06.2017 година
57 Информација во врска со слободните станови кои можат да се планираат за социјална намена, како и за постапките и процедурите за нивното доделување
58 Информација за прогрес на активностите за реализација на Проектот „Подобрување на евиденција на шумскиот фонд“ за период 2014-2018 година
59 Информација за одржаниот Самит на шефови на Влади на Централно Европската иницијатива во Минск, Белорусија 12 декември 2017 година
60 Информација за преземените активности по поднесената апликација за грант од Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка за имплементација на проект за изработка на систем за процесирање на класифицирани информации во Министерството за надворешни работи
61 Информација за текот на реализација на проектот за користење услуга на бесплатен туристички викенд на корисници на пензија за период септември-ноември 2017 година
62 Информација за текот на реализација на проектот за користење услуга на бањско климатска рекреација на корисници на пензија за период септември-ноември 2017 година
63 Информација за прогрес на имплементираните проекти од Стратегијата за Роми и Вклучување на Ромите - 2020 во Министерството за труд и социјална политика (јули – декември 2017)
64 Предлог-лиценца за приредување на игри на среќа во обложувалница на Друштвото за производство, трговија и услуги „КЛУБ СПОРТ 77“ увоз-извоз ДОО Битола за деловната просторија на ул.„Филип Втори Македонски“ бр.30 Трг.Ком.Безистен-Лок.12 во Битола
65 Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за определување на услуга од јавен интерес во железничкиот превоз на патници
66 Предлог-програма за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2018 година