Сухејл Фазлиу, Министер за локална самоуправа

Сухејл Фазлиу е министер за локална самоуправа во Владата на Република Македонија.

Официјален е-маил: minister@mls.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/suhejlfazliu
Твитер профил: www.twitter.com/FazliuSuhejl
Инстаграм профил:  

 

Дипломирал на Универзитетот на Југоистична Европа, во Тетово, на Факултетот за современи науки и технологии.

Во својата професионална кариера има богато искуство во сферата на информатичката технологија и тоа во реализација на консултантски услуги за локална самоуправа на проекти, во Македонија и надвор од земјата.

Министерот Фазлиу како независен консултант за Е-Влада и Е-Трговија, има работено за повеќе јавни претпријатија, како и за приватни компании за услугата Е-Трговија.

Во периодот од 2010 до 2015 година, работи и како консултант за информатичка технологија и веб апликации за различни компании.

Министерот Фазлиу активно ги користи англискиот и македонскиот јазик.

Министерот Сухејл Фазлиу е роден 1986 година, во Скопје.