Садула Дураки, Mинистер за животна средина и просторно планирање

Садула Дураки е Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.

Официјален е-маил: infoeco@moepp.gov.mk
Фејсбук страна: www.facebook.com/SadullaDurakuFaqjaZyrtare
Твитер профил:  
Инстаграм профил:  

 

Дипломирал на Универзитет во Приштина, на Технички факултетна на катедрата за Машинство, и се стекнал со звањето - Инженер по машинерија.

Во 2000 година работел во Царинска управа на Македонија. Во 2002 година е Заменик директор на Царинска Управа на РМ.

Во 2004 е Министер за земјоделие, шумарство и економија.

Во 2006 година е пратеник во Собрание на Република Македонија.

Во 2008 година е Директор на Агенција за Развој и инвестиции а во периодот од 2009 до 2013 година, е градоначалник на Општина Липково.

Министерот Дураки зборува германски јазик.