Делегација на Владата на Република Македонија предводена од заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска оствари работен ручек со претставници на големи германски компании, бизнисмени и стопански комори. На работниот ручек присуствуваа и министрите за финансии, за економија и за здравство, Драган Тевдовски, Крешник Бектеши и
Министрите од Владата на Република Македонија на компаниите им ги презентираа можностите коишто ги нуди Македонија за потенцијалните инвеститори од Германија како и Планот за економски раст - новата транспарентна програма која силно ги поддржува компаниите кои сакаат да инвестираат во земјава.
Дел од компаниите веќе инвестираат во Македонија, а дел, како што рекоа министрите, размислуваат и се пред одлука да стартуваат свој бизнис во земјата.
„Инвеститорите покажаа интерес за 3 сегменти: државната помош, којашто оваа Влада ја направи транспарентна и за која Собранието го донесе Закон за финансиска поддршка на инвестициите . Во исто време ги интересираше и стабилноста на државата и владеењето на правото и како ќе најдат млади, паметни и интелегентни луѓе коишто ќе работат во нивните компании“, истакна вицепремиерот Кочо Анѓушев.
Министрите ги уверија компаниите дека во сите сегменти постигнуваме резултати и дека Македонија е посакувана земја за странските инвеститори.
„Ги поканивме компаниите да дојдат и да вложуваат во Македонија. Им ги претставивме нашите можности за инвестирање и многу сме задоволни од средбите со нив. Вакви работни посети планираме и во други држави“, потенцираше министерот за економија, Крешник Бектеши.
Потенцирајќи дека посетата на економските министри овде во Франкфурт е поради големиот интерес на германските компании својот капитал да го насочат кон Македонија, министерот за финансии Драган Тевдовски, рече дека тоа е така бидејќи Република Македонија се движи во вистинска, позитивна насока и има одлична фискална позиција.
„Разговаравме на различни теми, од макроекономската стабилност, фискалната позиција и можности за водење бизнис, транспарентноста којашто ја правиме и којашто е препознаена од ЕУ, ММФ и Светска Банка. Инвеститорите особено се интересираа за понудата на работна сила којашто ја има во Македонија. Истакнавме дека има можност компаниите да влезат во нашата земја што ќе придонесе од една страна, за развој на економијата и ќе се обезбедат пристојни плати“, додаде министерот за финансии Тевдовски.
Економските министри на компаниите од Германија, исто така им укажаа дека Македонија со чекорите коишто ги презема се етаблираше како стабилна земја, отворена кон соседите и кон светот, земја којашто се гледа во ЕУ и во НАТО.
Во текот на денешниот ден, министрите остварија и кратка средба со претставници на Дојче Банк.
Инаку, во моментов околу 200 компании со германски капитал работат во Македонија и во нив има над 20 илјади вработени. Во периодот од јануари до март оваа година, извозот од Македонија во Германија изнесува 643.2 милиони евра и претставува зголемување за 16% во споредба со истиот период минатата година.