Министерство за економија
Министерството за економија ги врши работите што се однесуваат на:
- следењето на состојбата и појавите на пазарот на стоки и услуги и влијанието на мерките на економската политика;
- следењето на економските, структурните и техничко-технолошките состојби и предлагање на мерки за остварување на развојната и тековната економска политика во областа на производството, трговијата, туризмот, угостителството и занаетчиството;
- преземањето мерки против монополската положба и монополското однесување;
- следењето на тековните материјални биланси и снабдувањето на граѓаните со основните прехранбени производи и други стоки за широка потрошувачка и на претпријатијата со суровини и репроматеријали;
- системот и политиката на цени на производи и услуги;
- подготвувањето програма за глобален материјален развој на човечките ресурси;
- индустриската сопственост;
- заштитата на потрошувачите;
- малите и средните претпријатија и задругарството;
- следењето на меѓународните стопански движења, како и нивното влијание врз економските односи на Република Македонија;
- надворешно-трговското работење;
- геолошките истражувања и експлоатацијата на минералните суровини;
- енергетиката;
- примената на општите и техничките нормативи, прописи и стандарди;
- метрологијата;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.
Министер: Крешник Бектеши Адреса: „Јуриј Гагарин“ бр. 15, 1000 Скопје (зграда на БЕТОН А.Д.) Website: www.economy.gov.mk |