Министерство за труд и социјална политика
Министерството за труд и социјална политика ги врши работите што се однесуваат на:
- работните односи, вработувањето и вработеноста;
- пензиско-инвалидското осигурување;
- заштитата на работниците при работењето;
- материјалното обезбедување на привремено невработените;
- платите и животниот стандард;
- социјалната политика;
- хуманата популациона политика заради усогласен економски социјален развој;
- правните односи во бракот, семејството и вонбрачната заедница;
- односите меѓу родителите и децата, старателството и посвојувањето;
- унапредувањето на рамноправноста на половите;
- заштитата на децата и малолетните лица;
- заштитата на младината и жените;
- заштитата на лицата со пречки во развојот;
- заштитата на цивилните инвалиди од војната и на семејството чиј хранител е на задолжителна воена служба;
- заштитата на борците од Антифашистичката војна и од сите национално ослободителни војни на Македонија, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција;
- надзорот од негова надлежност и
- врши други работи утврдени со закон.
Министер: Мила Царовска Адреса: „Даме Груев“ бр. 14, 1000 Скопје; Website: www.mtsp.gov.mk |