Денес во Брисел, делегација на Република Македонија учествуваше во работата на 14-от состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и ЕУ.
Со состанокот претседаваше високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателка на Комисијата, Федерика Могерини, додека комесарот Јоханес Хан ја претставуваше Европската комисија. Делегацијата на Република Македонија ја предводеше Никола Димитров, министер за надворешни работи. Учествуваше и заменик премиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Советот за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија и ЕУ, како највисока форма на институционална соработка меѓу двете страни, заседава на годишна основа. Првиот состанок беше одржан на 14 септември 2004 година.
Состаноците традиционално се одржуваат во Брисел.