Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска, учествуваше и се обрати на доделувањето на финансиска поддршка за отворање на три бизнис акцелератори за млади претприемачи и иноватори, проект кој на младите луѓе кои поседуваат креативни бизнис планови ќе им понудат можност и поддршка за развој на конкретни бизниси и старт ап компании кои ќе носат профит, ќе учествуваат во развојот на од македонската економија и ќе овозможат подобрување на животниот стандард на сите граѓани. Вкупниот буџет за сите три проекти е 2 милиони евра од кои Фондот за иновации и технолошки развиј (ФИТР) во соработка со Светската банка обезбедува 1.5 милиони евра, додека апликантите вложуваат половина милион евра, сопствени средства.
На објавувањето на трите успешни апликанти, конзорциуми кои ќе развијат програми за основање и развој на стартап компании за млади, говореа и заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, директорот на Светската Банка за Македонија и за Косово, Марко Мантованели и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски.
Потенцирајќи дека се работи за прв проект за поддршка на бизнис акцелератори во Република Македонија, премиерот Заев информираше дека тие ќе понудат силна база на поддршка, едукативни програми, стручни анализи на пазарот, обуки за практична примена и имплементација на новите технологии и иновации и огромна бизнис поддршка којашто ќе им овозможи на старт ап компаниите успех, брз раст и напредок.
Премиерот Заев подвлече, дека ваквите проекти го покажуваат настојувањето на Владата на Република Македонија за достигнување на европските стандарди на работа со што се создаваат реални бизнис можности за младите да работат и градат иднина дома во својата земја. Тој се осврна и на позитивните резултати од инвестициите годинава и оцени дека тие се резултат на враќањето на довербата на инвеститорите заради издржаните економски политики и решителните политички чекори напред за членство на земјата во ЕУ и НАТО.
„Првото полугодие имаме одлични резултати, 327 милиони евра странски директни инвестиции, што е за три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога нивото на инвестиции изнесуваше 105 милиони евра. Или, 215 проценти повисок од просекот во последните три години. Забележан е раст од 8.4 проценти на индустриското производство, пораст на 7.2 проценти на бројот на работници во месец јули, и раст на извозот од 17 проценти во периодот јануари-јули, споредено со истиот период минатата година“, образложи премиерот Заев.
Премиерот Заев, притоа додаде дека членството во ЕУ и НАТО ќе значи дуплирање или триплирање на домашните и странски директни инвестиции и забрзан раст на македонската економија.
„Исправени сме пред историска шанса да овозможиме нашата држава да стане дел од евро-атлантското семејство на успешни и напредни земји“, заклучи премиерот Заев.
Вицепремиерот Анѓушев, обраќајќи им се на присутните, истакна дека денеска се промовира една од сетот на мерки што Владата ги креираше годинава за силна поддршка на стопанството и ги таргетира најмалите и најзначајните чинители на економијата.
„Јас им предлагам, препорачувам и сугерирам на сите млади луѓе во земјава да ја искористат оваа шанса и во рамките на акцелераторите да аплицираат да формираат своја фирма, бидејќи многу е важно дека не само финансиски што ќе бидат поддржани, не само што ќе бидат поддржани со простор и опрема каде што ќе можат да формираат својата фирма, туку ќе бидат поддржани и со знаење, „knowhow“ од областа на менаџментот како своите фирми да ги водат, да ги управуваат и со самото тоа да станат успешни. Акцелераторите се место каде што треба младите луѓе да формираат свои фирми и да ги реализираат своите соништа. „Mobil Eye“, е формирана во акцелератор во Израел и таа е продадена во двоцифрен број на милијарди евра на слободниот пазар“, рече Анѓушев.
Директорот на Светската Банка за Македонија и за Косово, Марко Мантованели изрази особено задоволство за можноста која меѓународната организација ја има со учеството во поддршката на Агендата за развој на претприемачките способности на фирмите заедно со Владата на Република Македонија.
„Со формирањето, финансиската поддршка на бизнис акцелератори за млади во нашата држава, Македонија станува дел од успешните светски приказни и модели и истовремено ги ставаме достапни на македонските граѓани, односно старт ап компании, истакна директорот на ФИТР, Деспотовски.
Тој се задржа на статистиките во глобални рамки за оваа област.
„Минатата година повеќе од 200 милиони американски долари се вложени во стартап компании, преку повеќе од 550 акцелераторски програми, што занчи повеќе од 11.000 стартап компании добиле менторска поддршка, но и финансиска поддршка за да се развиваат забрзано понатаму“, информираше Деспотовски посебно акцентирајќи дека се планира Програмата во Македонија да се развие успешно.
Деспотовски, како претставник на Фондот за обнова и развој потпиша договори за финансиска поддршка со трите конзорциуми избрани од Комитетот за одобрување на инвестициите, по спроведени интервјуа со единаесет пријавени апликанти и тоа: Деловно-технолошки акцелератор „УКИМ“ ДОО Скопје, „СЕАВУС“- едукативен и развоен центар и Друштвото за деловна, техничка поддршка и едукација „ИКС Фактор“.
Премиерот Зоран Заев, денеска присуствуваше и се обрати на потпишувањето на договори за финансиска поддршка за отворање на три бизнис акцелератори за млади претприемачи и иноватори.
Вкупниот буџет за сите три проекти е 2 милиони евра од кои Фондот за иновации и технолошки развиј (ФИТР) во соработка со Светската банка обезбедува 1.5 милиони евра, додека апликантите вложуваат половина милион евра, сопствени средства.
Пред присутните, премиерот Заев, придружуван од заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, директорот на Светската Банка за Македонија и за Косово, Марко Мантованели и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски, се осврна на заложбата на Владата да се поддржуваат иновациите и претприемаштвото како основа за економскиот развој на Република Македонија и рече:
„На мое огромно задоволство денеска ја имам честа да објавам дека за прв пат Владата на Република Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Светска Банка, доделува финансиска поддршка за отворање на три бизнис акцелератори за млади.
Отвораме можности за развој на старт ап компании, брзорастечки бизниси и нови добро платени работни места за младите во Република Македонија!
Уште еднаш ја потврдуваме нашата силна заложба да ги втемелиме иновациите и претприемништвото како основа за економскиот развој на нашата земја.
Сите млади луѓе кои поседуваат креативни бизнис планови ќе добијат вистинска можност и силна поддршка да ги развијат во конкретни бизниси и старт ап компании кои ќе носат профит и ќе претставуваат развоен дел од македонската економија.
Со оваа финансиска поддршка избраните конзорциуми кои денеска ќе потпишат договори ќе формираат бизнис акцелератори кои ќе развиваат програми за основање и развој на старт ап компании за млади и развој на брзорастечки бизниси кои ќе отвораат високоплатени работни места.
Овие три бизнис акцелератори, во период од три години, со оваа финансиска помош ќе овозможат поддршка на 100 старт ап компании.
Во рамки на бизнис акцелераторите младите претприемачи и иноватори ќе ја имаат целосната поддршка, менторство и сите потребни услови за развој на нивните бизнис планови и иновации.
Акцелераторите ќе понудат силна база на поддршка, едукативни програми, стручни анализи на пазарот, обуки за практична примена и имплементација на новите технологии и иновации и огромна бизнис поддршка којашто ќе им овозможи на старт ап компаниите успех, брз раст и напредок.
Станува збор за прв најголем проект за поддршка на отворање бизнис акцелератори којшто се спроведува во Република Македонија со поддршка на Владата на Република Македонија, Фондот за иновации и технолошки развој и Светска Банка.
Овој убав настан покажува дека сигурно чекориме кон достигнување на европските стандарди на работа и создаваме реални бизнис можности за младите да работат и градат иднина дома во нашата Македонија.
Првото полугодие имаме одлични резултати – 327 милиони евра странски директни инвестиции, што е за три пати повеќе во споредба со истиот период од минатата година кога нивото на инвестиции изнесуваше 105 милиони евра. Или, 215 проценти повисок од просекот во последните три години.
Забележан е раст од 8.4% на индустриското производство и пораст на 7.2 % на бројот на работници во месец јули споредено со истиот период минатата година.
Дополнително растот на извозот од 17% во периодот јануари – јули 2018 во споредба со истиот период минатата година и сите овие позитивни економски индикатори покажуваат дека се враќа довербата на инвеститорите во нашата економија токму заради издржаните економски политики и решителните политички чекори напред за членство на земјата во ЕУ и НАТО.
Членството во ЕУ и НАТО ќе значи дуплирање или триплирање на домашните и странски директни инвестиции, отворање на многу нови работни места, повисоки плати за нашите граѓани, а воедно и отворање на други нови бизнис акцелератори кои ќе овозможат развој на многу нови старт ап компании.
Членството на земјата во ЕУ и НАТО гарантира забрзан раст на македонската економија.
Исправени сме пред историска шанса да овозможиме нашата држава да стане дел од евро-атлантското семејство на успешни и напредни земји.
Тоа е заедничка одговорност за иднината.
Така ќе изгледа новата реалност на Европска Македонија. Сите заедно имаме одговорност да ја овозможиме таа реалност.
На самиот крај дозволете ми да изразам огромна благодарност до Светска Банка за континуираната поддршка и да им посакам успех на конзорциумите добитници на финансиска помош во реализацијата на инвестициските програми и планови.
Ве охрабрувам и ви гарантирам дека Владата на Република Македонија ќе ви ја пружи сета поддршка да продолжите да развивате проекти кои ќе претставуваат нова вредност за раст на економијата и за подобар живот на граѓаните“.