На пролет средба и пристапен дијалог на високо ниво на ЕУ и Македонија
Еврокомесарот за проширување Штефан Филе за на пролет најави средба и пристапен дијалог на високо ниво на ЕУ со Република Македонија, на која ќе се разговара за зајакнување на односите меѓу Унијата и државата како резултат на напредокот во реформските процеси.
На синоќешната прес конференција по завршувањето на осмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу РМ и ЕУ, беше истакната заемната заложба фокусот на дијалогот да биде ставен на следење на реализацијата на реформите во клучните области, како што се правосудството, јавната администрација, медиумите, борбата против корупцијата и спроведувањето на економските критериуми за членство во ЕУ.
- Европската комисија, мината година во октомври по трет пат ја даде својата препорака, која за жал не беше прифатена од страна на Советот на ЕУ. Но, ние цениме дека сега по прв пат постои систематски пристап кон националната програма, која ги покрива областите поврзани со Копенхашките критериуми, особено во областа на владеење на правото, и дека тие претставуваат база на работењето на Владата, изјави еврокомесарот за проширување на прес конференцијата.
Филе го потврди новиот пристап на Европската комисија и најави отврање на 23. и на 24. поглавје од законодаството на ЕУ кое се однесува на фундаменталните слободи и права, независноста на судството и безбедноста. Отварањето на овие поглавја како најкритични досега беа во пракса само за државите кои веќе започнале со преговарачкиот процес за пристапување кон ЕУ. Ова за Македонија е голем исчекор во приближувањето кон посакуваната цел.
- Цениме дека овој процес заедно со дијалогот на високо ниво ќе даде добра иднина на односите меѓу Република Македонија и ЕУ, а тоа ќе го видиме во текот на ова пролет, изјави вицепремиерот Теута Арафи.
Министерот за надворешни работи Никола Попоски истакна дека на состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација било констатирано дека Македонија ги имплементирала своите обврски во сите области и сосема заслужено го очекуваме преминот во втората фаза. На средбата, македонската делегација предводена од министерот Поповски се осврнале и на пресудата од Меќународниот суд на правдата, која беше насочена на осуда на Грција за блокиранјето на Македонија во НАТО. Беше утврдено дека е прекршена една од одредбите на Времената спогодба и во тој контекст беше повикана за одбегнување на натомошно блокирање на интегративните напори на нашата држава во организации каде Грција е членка.
- Во однос на економските критериуми беше поздравен напредокот во исполнувањето на стандартите за создавање на функционална пазарна економија, изјави Попоски на прес конференцијата и додаде дека ЕУ ни одаде признание за макроекономската политика И за тоа како Македонија се справува со глобалната економска криза.
ЕУ го поздрави усвојувањето на националната програма за усвојување на правото на ЕУ за 2012 година. На состанокот на САС министерот Поповски презентираше дека Владата на Македонија обрна внимание на областите како административиот капацитет на институциите, економската и монетарната политика, финансиските услови, внатрешниот пазар, човечките слободи и права, развојот на земјоделството, индустриското производство, заштита на животната средина и друго.
САС го поздрави и одбележувањето на 10-годишнината од Рамковиот договор и напредокот во децентрализацијата . И во областа на слободата на изразувањето и на работата на медиумите забележан е извесен напредок. Поздравен е дијалог меѓу Владините и медиумските преставници, со констатиција за натамошна продлабочена соработка.
Пред почетокот на состанокот на Советот министерот Попоски оствари куса средба со Високиот преставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Катрин Ештон и и пренесе дел од разговорите одржани во Њујорк под покровителство на преставникот на ОН Метју Нимиц.