Средба на премиерот Груевски со раководниот тим во Министерството за култура
Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски, денеска (вторник, 24 јануари 2012 година) оствари средба со раководниот тим во Министерството за култура.
Средбата се одржа во просториите на оваа институција и на неа се разговараше за тековните проекти и активности во областа на културата.
Како во минатото, така и сега, премиерот Груевски ја продолжува практиката на посети на министерствата и државните институции со цел директно да се запознае со нивното работење. Претходно во декември беше остварена посета на Министерството за финансии.
Во рамки на овие посети премиерот Груевски директно се запознава со работата на службениците на различни нивоа, при што разговара и со раководители на сектори и раководители на одделенија.
Ваквите посети на институциите ќе продолжат и во наредниот период.