Делегации на Владата на Република Македонија по повод Ден на ослободувањето на Скопје, денеска зедоа учество во програмата за одбележување на празникот, во организација на Град Скопје.
Заменик претседателот на Владата на РМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска и заменик министерот за економија Кире Наумовски, во име на Владата на Република Македонија, положија свежо цвеќе на Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата, каде што беше одржана и централната манифестација во организација на Град Скопје.
Владина делегација во состав министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми со министерот без ресор во Владата на Република Македонија, задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ, положија венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел, како и на гробот на генерал Михајло Апостолски.