Плати на Претседателот и министрите во Владата

Како дел од заложбите на Владата за поголема дигитална транспарентност, на оваа страница можете да ги проверите висините на платите на Претседателот на Владата, Замениците на Претседателот на Владата и на министрите во Владата.

Висината на платата на министрите е јавен податок.




Име и Презиме Функција Нето
плата
(денари)
Претседател на Влада на Република Северна Македонија
Христијан Мицкоски Претседател на Владата 140.450,00
Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија
Изет Меџити Прв Заменик на Претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање 115.540,00
Александар Николоски Заменик претседател на Владата и министер за транспорт 115.540,00
Арбен Фетаи Заменик претседател на Владата задолжен за добро владеење 115.540,00
Љупчо Димовски Заменик претседател на Владата за политички систем 115.540,00
Иван Стоиљковиќ Заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците 115.540,00
Министер во Владата на Република Северна Македонија
Владо Мисајловски Министер за одбрана 115.540,00
Панче Тошковски Министер за внатрешни работи 115.540,00
* 24.865,00
Игор Филков Министер за правда 115.540,00
Тимчо Муцунски Министер за надворешни работи и надворешна трговија 115.540,00
Орхан Муртезани Министер за европски прашања 115.540,00
Гордана Димитриеска Кочовска Министер за финансии 115.540,00
Бесар Дурмиши Министер за економија и труд 115.540,00
Сања Божиновска Министер за енергетика рударство и минерални суровини 115.540,00
Цветан Трипуновски Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство 115.540,00
Арбен Таравари Министер за здравство 115.540,00
Весна Јаневска Министер за образование и наука 115.540,00
Фатмир Лимани Министер за социјална политика, демографија и млади 115.540,00
Златко Перински Министер за локална самоуправа 115.540,00
Зоран Љутков Министер за култура и туризам 115.540,00
Стефан Андоновски Министер за дигитална трансформација 115.540,00
Горан Минчев Министер за јавна администрација 115.540,00
Борко Ристовски Министер за спорт 115.540,00
Шабан Салиу Министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите 115.540,00

 

*На министерот за внатрешни работи во Влада на Република Северна Македонија му се утврдува зголемување за 20% на платата утврдена за извршување на функцијата. Додатокот на плата се исплаќа согласно решение бр.16-1561/2 од 12.06.2017 година.