Од денеска (1 декември 2018) на граѓаните на Република Македонија и Босна и Херцеговина им се овозможува влез во двете држави и со лична карта.
Во сила стапува Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина, за условите за патување на државјаните на двете земји, која беше потпишана од страна на двајцата министри за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Игор Црнадак на 12 март, 2018 година.