Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата на Република Македонија, во соработка со Канцеларијата на Постојаниот Претставник на ОН во Македонија и Канцеларијата на Високиот Комесаријат на ОН за Човекови Права во Женева, од 5 до 7 декември 2018 реализираа заедничка работилница за членовите на Националното координативно тело. Предавачи на работилницата беа Силва Пешиќ -експерт за човекови права и Catherine Pedreros Puentes - службеник за човекови права во Комитетот на ОН за лицата со попреченост во Женева.
Преку реализацијата на темите во работилницата, членовите на Националното координативно тело ги зголемија своите знаења за:
- моделите за пристап кон лицата со попреченост, со акцент на пристапот базиран на човековите права,
- значењето на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост,
- вештини за дефинирање на приоритетите за правата на лицата со попреченост,
- методологијата за изработка на акциски планови и координација на планираните активности, како и соработка со други чинители во тој процес,
- проценка на потребните капацитети на телото при вршење на предвидените функции,
- надлежности и вмрежување на Националното координативно тело.
Реализацијата на оваа работилница, меѓу другото, допринесе и за зацврстување на соработката и партнерството на Националното координативно тело со Канцеларијата на ООН во Скопје и со Комесаријат за човекови права во ООН во Женева, чија експертиза ќе му биде на располагање на телото во иднина.