Информираме дека од прогласувањето на епидемијата на морбили до денес вакцинирани се вкупно 2.925 деца, а само денеска до 13 часот вакцинирани се 181 дете.
Во текот на викендот, вакциналните пунктови ќе работат од 7:30 до 13 часот, а од понеделник пунктовите ќе продолжат да работат во две смени од 7:30 - 19 часот.
На Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, хоспитализирани се тројца пациенти со јасна клиничка слика на морбили. Станува збор за двајца возрасни пациенти од населбите Карпош и Чаир и едно дете од Чаир, а дополнително уште двајца пациенти со полесна клиничка слика на морбили биле амбулантски прегледани и пуштени на домашно лекување.