Јавен повик за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија
Врз основа на член 18 од Законот за употреба на јазиците („Службен весник на РМ“ бр. 7/2019), Владата на Република Македонија објавува
Јавен повик за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија
1) Владата на Република Македонија избира директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија, со мандат од четири години.
2) За директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија може да биде избрано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование.
3) Кандидатите задолжително треба да ја достават следната документацијата:
- Кратка биографија;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома/уверение дека има стекнатo најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование.
4) Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен повик за избор на директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Република Македонија “.
5) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на повикот во дневните весници, односно заклучно со 13 февруари 2019 година.
6) Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.