Министерот Едмонд Адеми на средба со Данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, г-ѓа Ингер Стојберг : Данска силен и искрен пријател

Во рамките на официјалната посета на Кралството Данска, министерот задолжен за дијаспората во Владата на Република Македонија, Едмонд Адеми, денеска оствари средба со Данскиот министер за имиграција, интеграција и домување, г-ѓа Ингер Стојберг.

На средбата, Министерот Адеми ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу двете земји, која се карактеризира со пријателство и разбирање и го запозна својот соговорник со последните постигнувања на Владата на Република Северна Македонија за изградба на праведно и инклузивно општество, засновано врз владеењето на правото и демократските вредности. Посебно се осврна на надворешно политичките приоритети, потенцирајќи ја историската година на РСМ со затварање на најчуствителното билатерално прашање со Грција, и ги остранивме сите пречки за членство во двата големи сојузи, НАТО и ЕУ.

Министерто Адеми изрази благодарност кон Кралството Данска за континуиранта поддршка во ЕУ и НАТО интеграците на РМ и очекување дека набргу ќе следи ратификација на пристапниот протоколот за членство на РМ во НАТО во Данското Собрание. Министерот во врска со ЕУ интеграциите на РМ ја пренесе подготвеноста на Владата за исполнување на сите неопходни критериуми за почнување на процесот за преговори со ЕУ и истакна дека поддршката од страна на Данска за европската иднина на Македонија е од исклучително значање.

Министерот Стојберг, упати честитки до владата на РМ за потпишувањето пристапен протокол за членство на РСМ во НАТО, и ја реафирмираше поддршката на Данска во реализација на стратешките цели на РМ и реформските процеси, при што ја охрабри Владата на РМ да продолжи со превземените клучни реформи со цел добивање на датум за отпочнување на преговорите со ЕУ во јуни.

Меѓудругото, министерот Стојберг ја потврди добра соработка меѓу двете земји и ја истакна подготвеноста на Данска за натамошно пренесување искуства и помош во фокус на стабилноста и реализација на приоритетните реформи за членство на РМ во ЕУ, и истакна дека Данска во скоро време ќе го ратификува и протоколот за челнство на РМ во НАТО.

На средбата, беше разговарано и за предизвиците и интегрирањето на македонската дијаспора во Данска, при што Министерот Адеми информираше дека како министер задолжен за дијаспората очекува во соработка со министерот Стојберг и други соодветни институции на Данска, преку идни заеднички контакти и активности да се зголеми ангажирањето и инволвирање на нашата дијаспора во политичките,економските,културните и образвовните процеси во Данска.

Двете земји изразуваат подготвеност за интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработка во сите сфери од заемен интерес.