Потпишување на меморандум за соработка помеѓу Владата и Комората на медијатори на Република Северна Македонија
Во четврток (14.03.2019), со почеток во 12:00 часот во Свечената сала ќе се одржи потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Комората на медијатори, со цел промоција, поддршка, практицирање и унапредување на медијацијата како подобен начин на алтернативно и мирно решавање на споровите во Република Северна Македонија.
По потпишувањето на меморандумот за соработка, свое обраќање ќе имаат претстедателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Комората на медијатори на Република Северна Македонија, Славе Младеновски.