Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска имаше поздравен говор пред присутните на Консултативниот форум во Скопје, посветен на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово. На овој организиран форум, присутни беа претставници на Генералниот секретаријат на Министерството за локална администрација на Косово, при што беше презентирана Програмата за прекугранична соработка помеѓу Северна Република Македонија и Република Косово и новиот јавен трет јавен повик за предлог-проекти од страна на субјекти кои гравитираат во прекуграничниот регион меѓу двете држави.
Министерот Фазлиу во поздравниот говор нагласи дека Министерството за локална самоуправа како национален координатор на компонентата за прекугранична соработка прави сé за успешно спроведување на ИПА програмата. Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Косово 2014-2020 започна да се спроведува на 15 јануари 2016 година и има фонд од 8,4 милиони евра за заеднички проекти меѓу Косово и Република Северна Македонија како и за техничка помош за имплементација на Програмата. Исто така, дел од Програмата за прекугранична соработка со Косово е и реализација на стратешки проект - граничниот премин Станчиќ - Белановце, со кој ќе се подобрат врските меѓу граѓаните и ќе се олесни движењето, транспортот и трговијата, истакна министерот Фазлиу.
- Денес сме тука, пред градоначалниците на општините, претставниците на канцеларии за локален економски развој и невладиниот сектор да ја промовираме Програмата за прекугранична соработка со Република Косово воедно и третиот јавен повик за предлог проекти со фонд од 2,04 милиони евра, што се очекува да биде објавен на крајот на месецот. Досега, прекуграничната програма помеѓу Република Северна Македонија - Република Косово во два јавни повици се усвоени 9 проекти во вредност од 2,5 милиони евра за корисниците од двете страни на границата, кои веќе започнаа да се имплементираат. Од овие 9 проекти, само два проекти директно ги спроведуваат општините Куманово и Крива Паланка во партнерство со општините Гњилане и Витиа. Затоа, ги охрабруваме општините да се ангажираат да подготват и да аплицираат со квалитетни проекти. Министерството за локална самоуправа, со одлука на Владата, ги подржува носителите на проектите со што им обезбедува национално кофинанцирање од 15 % од вредноста на усвоениот проект, рече министерот Фазлиу.
На Консултативниот форум поздравен говор имаше и генералниот секретар на Министерството за локална администрација на Република Косово, Розафа Укимерај, која изрази уверување за целосно и доследно спроведување на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Косово и Република Северна Македонија, која ќе биде од корист на жителите на општините и пограничниот регион, со што ќе се придонесе за локален економски развој, зајакнување на врските и меѓусебната комуникација и плодна соработка меѓу двете држави.
Консултативниот форум ќе продолжи со работа денес и утре, додека во вториот дел се предвидува обука за управување со проектниот циклус неменет за претставниците на Канцелариите за локален економски развој и претставниците на граѓанското сектор.