Вчера, во попладневните часови министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми оствари срдба со македонската дијаспора во Франција.
Средбата се реализираше во просторите на амбасадата на Република Северна Македонија во Парис, во организација амбасадорката, г-ѓа Јадранка Чаушевска Димов. На средбата присуствуваше и државниот секретар на МНР, Виктор Димовски и директорот на агенцијата за иселеништво , Никола Шалваринов.
Средбата ја отвори, амбасадорката Чаушевска Димов која ја потенцираше важната улога на дијаспората во претставување на нашата држава, преку која се гради и сликата за Република Северна Македонија.
Министерот Адеми, во своето излагање првично се заблагодари за присуството на нашата дијаспора и изрази посебно задоволство од фактот дека истата е одлична интегрирана во Франција.
Министерот Едмонд Адеми, ја истакна важноста на нашата дијаспората, и во таа насока информираше за веќе усвоената национална стратегија за соработка со дијаспората , документ кој ќе претставува основа за институционално поврзување на државата и дијаспората. Министерот на крај дополни дека како и сега така и во наредниот период Владата на Република Северна Македонија и тој како министер задолжен за дијаспора остануваат отворени за соработка во рамките на заедничкиот интерес и взаемниот бенефит.
Државниот секретар на МНР, Димовски информираше за актуелната политичка состојба во Република Северна Македонија, при што посебно го истакна потпишувањето на пристапниот протокол за нашето членство во НАТО, и за идните предизвици и активности на нашата владата која останува максимално посветена на исполнување на сите реформи потребни за евроатлатските интеграции на земјата.
На крајот на средбата беше отворена и дискусија и дебата каде присутните имаа прилика да воспоставуваат различни прашања како и да дадат предлози за идна подобра соработка.
Во рамките на посетата во Франција, министерот Адеми реализираше средба и со претседател на културното друштво “Кичево , Хади Бајрами, средба со наставничката по Дополнителна настава по македонски јазик, Елица Атанасовска – Стојаноска и Средба со сликарот Омер Калеши.