Силна економија - шанса за сите!

Создавањето силна и правична економија којашто го поттикнува растот создава работни места и ги поддржува и оние кои се најранливи.

Клучни приоритети:

2.1. Повеќе пари кај граѓаните
2.2. Нови и подобро платени работни места
2.3. Поддршка за фирмите, еднаков третман на домашните и странските компании
2.4. Капитални инвестиции - безбедни патишта и чиста енергија

Повеќе пари кај граѓаните

Владата на Република Северна Македонија ќе реализира јавни комуникации со коишто до граѓаните и до компаниите ќе ги доближи мерките - Поврат на 15% ДДВ кон граѓаните и поврат на ДДВ кон компаниите.

Владата редовно ќе информира за политиките за раст на просечната плата, за новото по качување на минималната плата, како и за покачувањата на платите во здравството, во образованието, во детската и социјалната заштита, во одбраната.

Владата ќе ja промовира социјалната реформа и политика којашто има за цел да ги извлече граѓаните од сиромаштија и да ги активира на пазарот на трудот.

Владата ќе ги информира граѓаните за мерките за субвенциониран годишен одмор, како и за субвенциите за енергетска ефикасност, со цел да се зголеми опфатот на корисници и да се поддржи туризмот и животната средина во земјата.

Редовни информации ќе добиваат и земјоделците, особено за мерките што се однесуваат на намалување на трошоците (зелена нафта, поврат на персоналниот данок на доход) и субвенциите коишто служат како поддршка за модернизацијата и зголемувањето на земјоделското производство.

 

Нови и подобро платени работни места

Владата ќе реализира кампања со којашто ќе ги информира граѓаните и компаниите за политиките за отворање нови и добро платени работни места преку Оперативниот план за вработување за 2019 година и Планот за економски раст - Закон за финансиска поддршка на инвестициите.

Економските ресори во Владата на Република Северна Македонија ќе известуваат редовно за преземените активности на Владата во врска со намалувањето на невработеноста.

Поддршка за фирмите, еднаков третман на домашните и странските компании

Владата на Република Северна Македонија ќе ги доближува до граѓаните и компаниите мерките за поддршка на инвестициите, за раст на извозот и подобрување на конкурентноста, за поддршка на мали, средни и микро фирми, за иновациите и стартап компаниите од Планот за економски раст и од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво.

Капитални инвестиции - чиста енергија и безбедни патишта

Владата на Република Северна Македонија ќе ги информира граѓаните и компаниите за стратешките капитални проекти за патно, железничко и енергетско поврзување, со цел да се обезбеди брз, безбеден и конкурентен транспорт и проток на патници, стоки и производи, регионално поврзување, гасификација и освојување нови пазари, како солидна основа за забрзан развој на економијата.
 

Види ги сите теми

Последни објави на темата