Состанок на Интересорската работна група за животна средина и изјави за медиумите
Во четврток (02.05.2019), во Клубот на пратеници ќе се одржи состанок на Интересорската работна група за животна средина, чиј координатор е заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.
Покрај него, на состанокот ќе присуствуваат и претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, министерот за финансии, Драган Тевдовски, директорот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, како и Викторија Аврамовска-Мадиќ, секретар на Град Скопје.
Во 14:40 часот се предвидени и изјави за медиумите.