Во просториите на Министерството за економија денеска се одржа работен состанок во врска со нацрт измените на законите за турстичка и за угостителска дејност, предводен од страна на министерот за економија Крешник Бектеши на кој учествуваа претставници на туристичкото стопанство, државните инспекции како и на Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
„На денешната средба со претставници од областа на туризмот разговаравме за можните измени и дополнувања на новиот закон за туристичка дејност за да се постигне најдоброто и најсигурното за нашите граѓани.
Даден е рок од 7 дена за да се искоментира драфт верзијата на законот каде што меѓу другото е предвидено да се менува и начинот на лиценцирање на туристичките агенции, се со цел нашите граѓани да бидат посигурни„ изјави Бектеши по средбата.
Бектеши додаде дека предвидено е и осигурителна полиса за аранжмани и банкарска гаранција за да им излеземе на престрет на граѓаните кои купуваат аранжмани надвор од државата, но за нив побрзо и подобро може да се активира осигурителната полиса додека банкарска гаранција се бара само кога се дава лиценца.
Предвидени измени и дополнување ќе има и на законот за угостителската дејност, односно кај ТП ДРУШТВА и сите други видови угостителски објекти за исхрана, како и решавање на проблемот со кетеринг компаниите кои работат во несоодветни услови, нерегистрирани и се сериозна нелојална конкуренција на правните субјекти кои работат во угостителската дејност. Предвиден е соодветен модел на контрола на инспекциските служби во продажбата на аранжмани преку BOOKING, AIRBNB системите и другите форми на он лине продажбата на угостителски услуги, но ќе се изработи и систем на евиденција на државно и локално ниво на сите субјекти кои се занимаваат со угостителската дејност.
Целта заради која се изготвува и донесува овој закон е подобрување и збогатување на содржината на туристичката понуда во Република Северна Македонија, подобрување на условите за развој на туризмот, афирмирање на природните богатства и традиционалните обележја за целите на туризмот, подобрување на квалитетот на услугата и зголемување на стапката на вработеност во секторот туризам и угостителство.
По завршувањето на сите евентуални измени и дополнување од сите засегнатите страни, Законот ке се става не ЕНЕР, а после во владина процедура.