Планирање на комуникациите - ОАСИС
OASIS е серија од чекори којшто помага во воспоставувањето ред и јасност при планирањето на комуникациите. Целта е да се помогне процесот на планирање да стане поригорозен и подоследен, а истовремено да се обезбеди сите владини комуникации да бидат ефективни, ефикасни и евалуирани.
ЦЕЛИ
Кусо наведете што сакате да постигнете со комуникациската активност.
Започнете со политичката цел и дефинирајте ја улогата којашто ќе ја имаат комуникациите како поддршка во нејзиното остварување. Целите треба да бидат остварливи, мерливи и да се фокусираат врз крајните резултати (outcomes), а не врз резултатите коишто биле постигнати сега и веднаш (outputs).
ЦЕЛНА ПУБЛИКА
За кого е наменета комуникацијата?
Разбирањето на нашата публика е од суштинска важност за да имаме ефективни комуникации. Користете увид за да добиете целосна претстава за тоа која е вашата публика и што е она што ја мотивира таа публика.
СТРАТЕГИЈА/ИДЕЈА
Кој е вашиот пристап?
Користете го увидот во вашата публика за да го определите пристапот којшто ќе го имаат комуникациските активности. Кои ќе бидат вашите клучни пораки? Кои канали ќе ги користите со цел да допрете до вашата публика на најдобар можен начин?
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Како ќе ги реализирате комуникациите?
Наведете детален план за начинот на којшто ќе ја реализирате комуникациската активност, како и ресурсите коишто сте ги алоцирале за таквата реализација и временската рамка.
БОДУВАЊЕ/ЕВАЛУАЦИЈА
Како ќе знаете дека Вашите комуниации биле успешни?
Потребно е да ги следите резултатите постигнати сега (outputs) и крајните резултати (outcomes) за време на целата комуникациска активност, за да може да правите промени со коишто ќе се обезбеди нејзина ефективна реализација и придонес кон остварувањето на првично зацртаните цели.