Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 147 седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 147 седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На денешната седница Владата на РСМ ќе ја разгледа и ќе донесе одлука по  информацијата за давање на согласност за трајна пренамена на земјоделско земјиште во градежно за изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на спортско-рекреативен центар Треска КО Глумово и КО Шишево, општина Сарај.

На оваа седница ќе се најдат и предлог законите што како точки на дневен ред ги предлага Министерството за правда, и тоа Предлог-законот за Државниот инспекторат за употреба на јазиците, Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители и Предлог-законот за медијација.

Редовната 147 седница на Владата на Република Северна Македонија е предвидено да започне во 17:30 часот.