Со почеток во 12:00 часот, Владата на Република Северна Македонија ја одржува редовната, 148-ма седница.
На предлог на Министерството за труд и социјална политика, министрите ќе ја разгледаат информацијата за изградба и опремување на детска градинка во општина Илинден.
Пред министрите денеска ќе се најде информацијата за извршените инспекциски надзори за безбедност на детските играчки кои се продаваат на територијата на Република Северна Македонија за првиот квартал од 2019 година.
Како материјал за информирање, членовите на Владата ќе ја разгледаат Информација за акцискиот план за вработување млади лица, 2016-2020 година.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за 148-мата седница Предлог-програмата за дополнување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2019 година.
Денеска Владата ќе дебатира и за информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во ова министерството за внатрешни работи во Република Северна Македонија.