ЗМЖСПП Макрадули: Планот за чист воздух се имплементира, обезбедивме средства за еколошки ефикасно и штедливо греење на домаќинствата

Заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули денеска на прес-конференција информираше за Планот за чист воздух.

Обраќањето на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули ви го пренесуваме во целост.

 

 

„Во согласност со еден од своите врвни програмски приоритети „Планот за борба против аерозагадувањето“, Владата на Република Северна Македонија на неколку од последните седници донесе низа мерки и дополнувања за поефикасни резултати во справувањето со ова прашање.

На вчерашната 153-та седница на Владата, се донесе Одлука за пренамена на средствата од Планот за чист воздух со цел да се замени системот на затоплување во болницата во Струмица од нафта на гас.

Со тоа, се дозаокружи имплементацијата на првиот План за чист воздух во вредност од 2 милиони евра.

 

Дозволете да ви презентирам уште неколку одлуки опфатени со овој План:

 

  • За замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти, се прифатија апликациите на СИТЕ 19 општини кои аплицираа, без разлика дали има мерна станица или не;

Р.бр.

Град/Општина

Средства

1

Прилеп

6.861.358

2

Куманово

5.435.568

3

Тетово

5.252.369

4

Кавадарци

5.195.420

5

Битола

5.054.762

6

Струмица

4.896.265

7

Карпош

4.358.334

8

Центар

4.000.172

9

Бутел

3.639.950

10

Аеродром

3.430.679

11

Чаир

3.356.576

12

Кисела Вода

3.129.465

13

Ѓорче Петров

2.322.570

14

Сарај

1.780.522

15

Виница

1.550.667

16

Могила

1.487.542

17

Свети Николе

1.039.496

18

Петровец

896.779

19

Карбинци

311.506

 

ВКУПЕН БУЏЕТ

64.000.000

Во рамки на општините, ќе се распределат средства и објекти.

  • Во 16 општини ќе бидат поддржани проекти за енергетската ефикасност

Р.бр.

Град/Општина

Буџет

1

Прилеп

2.587.966

2

Велес

2.239.108

3

Струмица

2.187.608

4

Карпош

2.117.733

5

Берово

1.911.213

6

Битола

1.807.694

7

Кавадарци

1.804.589

8

Боговиње

1.803.553

9

Охрид

1.685.283

10

Бутел

1.584.094

11

Дебар

1.374.728

12

Виница

1.323.486

13

Ѓорче Петров

1.055.890

14

Шуто Оризари

974.110

15

Гази Баба

940.467

16

Свети Николе

602.478

 

ВКУПЕН БУЏЕТ

26.000.000

 

  • Во 8 општини, вклучително и Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило
Р.бр.

Општина

Средства

1

Град Скопје

2.759.952

2

Бутел

1.435.844

3

Кисела Вода

1.418.509

4

Гази Баба

1.397.372

5

Центар

1.366.529

6

Аеродром

1.093.719

7

Карпош

1.049.283

8

Шуто Оризари

536.453

9

Ѓорче Петров

442.338

 

ВКУПЕН БУЏЕТ

11.500.000

  • Обезбедени се средства за пречистувачи 34 училишта
  • Филтри за компаниите

Секако ова се само дел од активностите што како Влада ги реализираме. Покрај тоа, секоја институција влегува во постапки за замена на неефикасните извори на затоплување.

Како пример, дозволете да го нагласам почетокот на процедурата во МВР кое покрена постапка во две полициски станици, во Струмица и во Кочани, греењето на нафта да се замени со гас, односно со помош на термални пумпи.

Сакам да се заблагодарам на МЕПСО, кое во рамки на своите ингеренции донесе Одлука за поддршка на Планот за чист воздух 2019 и издвои средства со кои ќе биде заменето затоплувањето во една градника во општина Центар од нафта на електрична енергија.

Покрај јавните институции (градинки, училишта и здравствени установи), како Влада имаме уште една битна компонента во имплементацијата на Планот, а тоа се домаќинствата кои користат огревно дрво за затоплување.

Во општините на Градот Скопје, Тетово, Битола и Кичево, ќе започнеме со доделување на средства за целосна замена на печките на дрва со високо ефикасни инвертер клими. Граѓаните во зоните каде загадувањето е најголемо (зони со ниски емисии), согласно закон, ќе можат да набават инвертер клими. Сакам да напоменам дека споредбено трошоците за инвертер клими се помали од оние кои е се потребни за греење со дрва.

Вкупни годишни трошоци за греење на површина од 60 м2:

  • Инвертер клима - 11.734
  • Дрва - 18.586
  • Нафта за домаќинството - 43.038

Затоа сакам да потенцирам дека греењето со инвертер клими е еден од најеколошките начини на греење и, согласно сегашните цени, и најекономично. Освен тоа, покрај загревањето во зимскиот период, инвертер климите во летните месеци ќе ги ладат домовите на граѓаните.

Затоа верувам дека многу граѓани ќе ја искористат оваа можност, а ние ќе ги увериме дека тоа е постапка која ќе им донесе ним заштеда и ефикасно решение за затоплување и ладење на нивните домови.

Ова се само дел од активности за намалување на аерозагадувањето кои се комплементарни на низа акции во градот Скопје и другите општини, за кои имаме проекции дека ќе учествуваат во сериозно намалување на степенот на загаденоста на воздухот.“