Груевски: Се надеваме на суштинска, а не на протоколарна средба
Премиерот Никола Груевски ja поздрави одлуката на грчкиот премиер Лукас Пападимос да го прифати неговиот предлог за средба, иако, како што рече, по многу долго чекање.
Доколку ја прифатеше средбата пред повеќе од месец, кога и беше испратено писмото, потенцира Груевски, веројатно ќе имаше и поголеми изгледи нешто да се реши до крајот на неговиот мандат.
- За се останато ќе дадам коментар откако ќе помине средбата. Не би било добро пред да се сретнеме да дадам оценка како ќе биде, иако немаме преголеми очекувања, сепак оставам да помине средбата па да ги дадам коментарите дали таа средба ќе има суштински карактер или ќе има протоколарен карактер, изјави премиерот Груевски, по денешната промоција на новата медицинска опрема на ЈЗУ Универзитетска клиника за радиологија (ангиограф и апарат за магнетна резонанса).