Средба на Министерот Попоски со медијаторот Нимиц
Денеска министерот за надворешни работи Никола Попоски, го прими Пратеникот на Обединетите нации, Метју Нимиц. Средбата во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа во насока на надминување на разликите за спорот со Република Грција.
Во разговорите, министерот Попоски го реафирмира интересот на Република Македонија за скорешен прием во НАТО и во ЕУ. Оттаму ја повтори посветеноста на Република Македонија во разговорите кон изнаоѓање прифатливо решение со цел придвижување на интегративниот процес. Притоа, министерот Попоски уште еднаш се осврна на значењето на Пресудата на Меѓународниот суд во Хаг во однос на прекршувањето на Времената спогодба.