Денес во Општина Бутел се започна со имплементација и на третата мерка од Планот за чист воздух, која се однесува на замена на нееколошкиот систем за греење во ООУ ,,Св. Климент Охридски”.
Системот за затоплување на училиштето кој моментално се користи, покрај тоа што е нееколошки, е застарен и во многу лоша состојба, а датира од 1971 година.
Новиот систем за греење ќе користи природен гас како гориво, задоволувајќи ги највисоките еколошки стандарди.
Со новопоставениот систем ќе се опслужува училишната зграда, спортската сала и помошен објект за деца од предучилишна возраст.
Спроведувањето на оваа мерка ќе овозможи и создаде удобен простор за престој и работа на учениците и наставниците, ќе овозможи намалување на загубите и трошоците за енергија, но пред и сѐ, ќе влијае врз заштита на животната средина.
Планот за чист воздух е план кој овозможува еколошка заштита и економска заштеда.