Наша определба е да работиме во интерес на граѓаните, и ако министрите на ВМРО-ДПМНЕ ги имаат истите мотиви нема да има проблем да работиме за доброто на граѓаните и на државата. Во таа насока беше и денешната средба со министрите на ВМРО-ДПМНЕ веднаш после седницата на Владата и се договоривме дека токму тој интерес ќе ни биде во прв план и дека тоа е причина нашите капацитети да ги издигнеме над дневно-политичките игри и пресметки и да направиме значителен исчекор напред во односите меѓу политичките субјекти, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во интервјуто за Националната телевизија на прашањето
„Во овој период Владата првенствено треба да се грижи за воспоставување услови за организирање и спроведување на фер, демократски и кредибилни избори.
Се разбира, паралелно со тие активности, со исто таква енергија ќе им се посветиме на континуитетот на процесите и политиките што се во тек и што се започнати за државата да оди напред“, потенцираше премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.
На прашањето дали има план за одговор доколку опозициските назначени функционери започнат да објавуваат случаи на незаконско работење на функционери од СДСМ, претседателот на Владата Спасовски нагласи дека има огромна разлика меѓу ситуацијaта до 2017 година и од 2017 наваму.
„Неспоредливо е тоа што го наследивме во 2017 година како потврдено сериозно прекршување на демократијата и злоупотребата на институциите од масовното прислушкување до најсериозните коруптивни и криминални случаи на поединци во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Да ги спомнам само кумановските настани, убиството на Мартин Нешковски, заробената демократија, заробени медиуми... Денеска ситуацијата е сосема поинаква. Владата на СДСМ и на коалицијата го врати владеењето на правото и докажа дека пред правдата сите се еднакви, без разлика до каде и до кого ќе стигне секоја истрага“, нагласи премиерот Спасовски во интервјуто за НТВ.
Употребата на уставното име на државата е законска обврска на избраните и именувани функционери и државни службеници, рече премиерот Спасовски во интервјуто, и додаде дека министрите на ВМРО-ДПМНЕ сега официјални лица на државата и во таа насока имаа добар старт кога ги потпишаа изјавите за избор на министри во Владата на меморандум со уставното име на државата – Република Северна Македонија.
„Ако сакате да користите привилегии и права, да добивате функции и плата од државата тогаш треба да се почитува Уставот и законите. Се друго е лицемерие. Освен тоа, како официјални лица, членовите на Владата не смеат да го доведат во прашање меѓународниот углед на нашата земја. Влегуваме во период кога треба да го ратификуваме полноправното членство во НАТО и кога треба да го добиеме стартот на преговори со ЕУ и секој треба да биде одговорен и ако декларативно тврди дека ги почитува националните интереси, тоа треба да го покажеме на дело, а една од тие обврски е користењето на уставното име на нашата земја“, истакна во интервјуто на Националната телевизија претседателот на Владата на Северна Македонија Оливер Спасовски.