Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска го прими кандидатот за иден амбасадор на нашата земја во Данска, Фатон Бејта.
Премиерот Спасовски му посака на амбасадорот Бејта успех во извршувањето на неговите должности во Кралството Данска, со кое, како што рече премиерот, очекуваме продлабочување на билатералните односи, особено во делот на економската соработка.
На средбата на претседателот на Владата Спасовски со новиот амбасадор во оваа Скандинавска земја беше потенцирано дека меѓу приоритетите за соработка меѓу двете земји е и споделувањето на искуства и потенцијалот за заеднички проекти на планот на заштитата на животната средина, а како конкретни сфери се издвоени взаемното признавање на социјалното осигурување и на возачките дозволи, што за нашата земја е особено важно заради големиот број наши граѓани што живеат и работат во Данска.
Воспоставувањето на подлабоки и срдечни односи со Данска за нашата држава е од посебна важност и заради фактот што оваа земја е членка на Европската Унија, имајќи предвид дека во претстојниот период се очекуваат значајни одлуки за Северна Македонија во однос аспирациите за членствио во ЕУ, беше констатирано на средбата на премиерот Спасовски со идниот амбасадор Бејта.