Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 5-та седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 5-тата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

На оваа своја седница Владата, меѓу другото, ќе ја разгледа информацијата во врска со постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

На предлог на Министерството за финансии денеска ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на Економски Реформи 2020-2022 година.

Заменичката на претседателот во Влада задолжена за координација на економските ресори, Мила Царовска за оваа седница ја предлага точката: Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување на Контакт лице за Зелениот климатски фонд.

На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог - закон за заштита на личните податоци.

Министерството за информатичко општество и администрација на седницата ќе ја презентира информацијата за ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022.

Редовната 5-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.