Премиерот Груевски побара прошка од граѓаните
Премиерот Никола Груевски им го честита на граѓаните големиот христијански празник Велики Поклади – Прочка и побара прошка од тие кои сметаат дека им згрешил.
При посетата на соборниот храм „Свети Климент Охридски“ премиерот побара да му простат сите на кои нешто им згрешил и заради некоја негова непромислена постапка, грешка или погрешни проценки во одреден момент им нанел каква било болка, грижа или неправда.
- Иако сум свесен длабоко во мене дека работам со исправни цели, вредности, дека сакам да постигнам најдобро за сите граѓани и за целата држава. Сепак човек кој што толку многу работи е доведен во ситуација да носи брзи одлуки, многу голем број динамични одлуки и не може да не згреши. Така што од тој аспект сакам на секому што сум му погрешил нешто да му се извинам и да му побарам денеска прошка, изјави Груевски.