
Ги известуваме граѓаните дека српскиот граничен премин „Рибарци“ од денеска (12.03 - четврток) од 07.00 часот, согласно насоките од Владата на Република Србија, а во врска со Ковид 19 е затворен за патници и возила.
Поради тоа сите патници и возила од нашиот граничен премин „Голема Црцорија“ – Голеш(кривопаланечко) ќе се пренасочуваат на граничните премини кои се отворени за слободен проток на моторни возила и лица.