МТСП: Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби: 

1) Хронични респираторни заболувања; 

2) Тешки кардиоваскуларни заболувања; 

3) Дијабет - ТИП1; 

4) Малигни заболувања; 

5) Имуно-компромитирачки состојби. 

 

Листата на дијагнози на хронични состојби ги опфаќа: 

 

Хронични респираторни заболувања:

• ХОББ – Хронична опструктивна белодробна болест – J44

• Астма - J45

• Интестицијална фиброза – Ј84

 

Тешки кардиоваскуларни заболувања:

• Срцева слабост со EF<40

• Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци

• Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија

• Тешка аортна и митрална стеноза

• Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци

• Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци

• Длабока венска тромбоза до 3 месеци

 

Дијабетес мелитус:

• Диајабетес тип I

• Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ

 

Сите малигни заболувања – C00-C97

Имунокомпромитирачки состојби:

• Состојба по трансплантација на бубрег  - Z94.0

• Хроничен нефротичен синдром – N04.9

• Интермитентна хемодијализа – Z99.2

• Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија - M05, M06, M45.00  

• Некротизирачки васкулопатии,  системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза - M31-M34