Државниот пазарен инспекторат со асистенција на Единицата за интервентна полиција денеска постапуваа на подрачјето на скопската општина Чаир поради непочитување на мерките на Владата на РСМ за справување со Ковид 19. Од страна на ДПИ затворен е еден хотел и една чајџилница и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, а контролите продолжуваат со интензивно темпо.