Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Д.Д.(36) и С.Д.(39),двајцата од кичевското село Лисичани. На19.03.2020, при извршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“, полициските службеници констатирале дека пријавените не се наоѓале во нивните домови и не се придржувале кон мерките за 14 дневна самоизолација. Тие на 13.03.2020, на граничниот премин ,,Меѓународен аеродром Скопје“, потпишале изјава дека доаѓаат од Швајцарија и дека во времетраење од 14 денови, во нивните домови во селото Лисичани ќе спроведат задолжителна самоизолација.
МВР: Кривична пријава за две лица од Лисичани
Мета податоци
-
Пермалинк:Категорија:Објавено на:21.03.2020 - 15:32Јазик:MK
Слични објави
-
Среда, 11 Декември, 13:20
-
Среда, 11 Декември, 10:17
-
Вторник, 10 Декември, 12:21
-
Понеделник, 09 Декември, 10:48
-
Недела, 08 Декември, 15:28