Седми состанок на главниот координативен кризен штаб

Денес заседаваше главниот координативен кризен штаб предводен од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, и на својот седми состанок се дискутираа тековните состојби и најновите информации од Комисијата за заразни болести, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Ресорните министерства реферираа за актуелната состојба на целата територија на државата, и посебно од подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, со цел целосна координација на предлозите и мерките што ќе одат како препораки до Владата на Република Северна Македонија.