Тринаесетиот состанок на главниот координативен кризен штаб, предводен од страна на заменик-претседателката на Владата на Република Северна Македонија и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, се одржа денес и на истиот рефериираа ресорните министри, во врска со имплементацијата на мерките за заштита и превенција од ширење на коронавирус како и претставниците на кризниот штаб за Дебар и Центар Жупа, Дирекцијата за заштита и спасување, канцеларијата на Претстедателот на Република Северна Македонија и претседателот на ЗЕЛС.