Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска имаше телефонски разговор со министерот за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.
Во разговорот бугарскиот колега и честиташе на министерката Шекеринска на членството во НАТО. Министерот Каракачанов најави директна помош од Бугарија во заштитата на нашите граѓани од ширењето на Covid-19, како и можност за користење на нивните капацитети за итни ситуации.
Двајцата министри ја искажаа взаемна поддршка во борбата против пандемијата.