Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти во: Скопје 3 и Неготино 2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Делчево на 60 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 29 април.
Во изминатите 24 часа направени се 189 тестирања, а потврдени се 10 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје 6, Куманово 2, Прилеп 1, Велес 1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти од КОВИД-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.674, бројката на оздравени пациенти е 1.205, на починати е 92, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 377.
Последната дистрибуција по градови е:
- Скопје 569, активни 131
- Куманово 410, активни 46
- Дебар 51, активни 0
- Штип 35, активни 2
- Прилеп 179, активни 59
- Тетово 117, активни 58
- Струга 67, активни 4
- Велес 108, активни 50
- Битола 23, активни 4
- Охрид 15, активни 0
- Кавадарци 5, активни 1
- Гостивар 19, активни 4
- Гевгелија 4, активни 0
- Струмица 2, активни 0
- Крива Паланка 6, активни 2
- Радовиш 4, активни 0
- Крушево 3, активни 0
- Кочани 31, активни 5
- Пробиштип 2, активни 0
- Кичево 2, активни 0
- Неготино 9, активни 5 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
- Демир Хисар 1, активни 0
- Македонски Брод 2, активни 0
- Пехчево 3, активни 2
- Делчево 1, активни 0
- Валандово 1, активни 1
- Виница 2, активни 0
- Кратово 2, активни 2
- Берово 1, активни 1
Направените 189 теста се преку: ИЈЗ 57, Ветеринарен факултет 5, Авицена 0, Биотек 38, Филип Втори (Жан Митрев) 52, Систина со PCR метода 19 и МАНУ 18. Досега во земјата се направени вкупно 19.430 тестирања на КОВИД-19.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 3 пациенти, а вкупно хоспитализирани 41. На кислородна поддршка се 19 пациенти, на механичка вентилација е 1 пациент.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 13 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 25. На респираторна машина се 5 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 2 пациенти, а на домашно лекување се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 56 пациенти позитивни и сомнителни на КОВИД-19.