Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот
Универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работни места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, ги вклучуваат следниве мерки:
Хигиена на рацете
-
Редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена, особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата.
-
Треба да се постават станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспанзери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите вработени, договарачи, клиенти или купувачи и посетители, заедно со информативни материјали за промовирање на хигиена на рацете.
Респираторна хигиена
-
Промовирајте респираторна хигиена од страна на сите луѓе на работното место. Осигурете дека на работното место има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња за оние вработени на кои им тече носот или кашлаат на работа, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.
-
На видно место истакнете промотивен материјал за носење заштитна маска на лицето како и упатство за нивна правилна употреба. Известете ги работниците доколку некој е болен дека не треба да доаѓа на работа. Ако некој член на персоналот или работник не се чувствува добро додека е на работа, обезбедете медицинска маска за да може безбедно да се врати дома.
Физичко дистанцирање
- Воведете мерки за одржување на растојание од најмалку 1 метар помеѓу луѓето и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки и контакти во насока на одржување на ред физичка дистанца (обележување ознаки на подот, прегради и сл.).
- Намалете ја густината на луѓето во зградата, односно физичкото растојание од најмалку 1 метар помеѓу работните позиции и во заедничкиот простор, како влезови / излези, лифтови, остави / кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени или посетители / клиенти.
- Намалете ја потребата за физички состаноци, односно да се користи опрема за телеконференции.
- Избегнувајте групирања со воведување на флексибилно работно време за вработените за да се намали собирањето на вработените во заедничките простори, како што се влезови или излези.
- Oдложете или откажете ги настаните на работното место што вклучуваат близок и продолжен контакт меѓу учесниците, вклучително и социјални собири.
Намалување и организирање на патувања поврзани со работата
- Откажете или одложете ги патувањата во региони каде има трансмисија и зголемен број на лица со КОВИД-19 во заедницата, а кои не се неопходни, обезбедете дезифициенси за раце за работниците кои мора да патуваат, советувајте ги работниците да се придржуваат на инструкциите во местата каде што патуваат, и дадете им информации со кого да контактираат ако не се чувствуваат добро за време на патувањето.
- Работниците кои се враќаат од области каде што постои трансмисија на КОВИД-19 треба самите да ја следат својата здравствена состојба и можна појава на симптоми во тек на 14 дена и да ја мерат телесната температура два пати на ден, ако не се чувствуваат добро, треба да останат дома, да се самоизолираат и веднаш да стапат во контакт со својот матичен лекар и епидемиолог.
Редовно чистење и дезинфекција на работната средина
- Редовно чистење со користење на сапун или неутрален детергент со вода, како и механичко чистење (четкање, стружење) со цел отстранување на нечистотиите, остатоците и другите материјали од површините. По завршувањето на процесот на чистење, се врши дезинфекција за да се деактивираат (т.е. убијат) патогените и другите микроорганизми на површините.
- Површините што често се допираат треба да се утврдат како приоритет за дезинфекција (делови што често се користат, рачки на врати и прозорци, прекинувачи за светла, кујната и површини каде се подготвува храна, површини во бањи, тоалети и славини, екрани на допир на лични уреди, тастатури на персонални компјутери и работни површини).
- Растворите за дезинфекција секогаш мора да се подготвуваат и користат според упатствата на производителот, вклучително и упатствата за заштита на безбедноста и здравјето на работниците кои вршат дезинфекција, со употреба на лична заштитна опрема и избегнување на мешање на различни хемиски средства за дезинфекција.
- За работните места на затворено, генерално не се препорачува рутинска примена на средства за дезинфекција на површините во средината со распрскување или замаглување, бидејќи е неефикасна во отстранување на загадувачи надвор од директните зони на прскање и може да предизвика иритација на очите, респираторните органи и кожата и други токсични ефекти.
- За работните места на отворено, во моментов нема доволно докази за поддршка на препораките за прскање или фумигација од голем обем.
- Прскање на лица со средства за дезинфекција (како на пр. во тунел, затворен простор или комора) не се препорачува во никакви околности.
Комуникација, обука и едукација за ризици
- Обезбедете промотивни материјали: постери, видеа и електронски табли за прикажување на пораки за зголемување на свеста за КОВИД-19 кај работниците и промовирање на безбедни индивидуални пракси на работното место.
- Редовно информирајте ја епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје при појава на ризикот од КОВИД-19.
Управување со лица со КОВИД-19 или нивни контакти
- Работниците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Сите работници сами да го следат своето здравје и редовно да ја мерат телесната температура.
- Мерењето на температурата на работното место треба да се разгледа како опција само во контекст на комбинација на мерки за превенција и контрола на КОВИД-19 на работното место и заедно со комуникација за ризикот.
- Треба да се почитуваат стандардни оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи на работното место, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.
- Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог и да се води евиденција за присуство на состаноци за да се олесни следењето на контактите.
- Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа;
- Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат;
- Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5 - 2 метри, до 75% од капацитетот во затворениот дел на просторот на објектот;
- Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете;
- Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на aлкохол);
- Простoријата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите;
- За време на паузите се забранува групирање на присутните;
- По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за гoрни површини;
- Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак
ВТОРА ФАЗА
- Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2.
- Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
- Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо сретство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена)
- Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите.
- За време на паузите да се забрани групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.
- По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак
ТРЕТА ФАЗА
- Бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м
- Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол и одржување на респираторна хигиена)
- Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете достапно на неколку места
- Просторијата почесто да се проветрува, задолжително во текот на паузите.
- За време на паузите да се забрани групирање на присутните на повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание.
- По завршување на настанот просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатството од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак
- Поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Задолжително одржување на физичко растојание од 2 метри на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација.
- Се препорачува носење на лична заштитна на лицето на сите учесници, гости, посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација каде што не е воозможно да се одржува препорачаното физичко растојание.
- Да се огради просторот на локацијата каде ќе се одвива настанот и да се организира редарска служба со цел да се спречи неовластено влегување и обезбедување на физичкото растојание од 2 метри.
- Бројот на лица да се ограничи на максимум 50% од капацитетот на оградениот простор, но не повеќе од 1000 лица, во кој ќе се постават столчиња за седење на растојание од најмалку 2 метри.
- Да се постават јасни насоки за влез, движење и излез на посетителите.
- Да се обезбеди редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки во просторот каде се одржува настанот.
- Да се постават дозери со средства за дезинфекција на рацете при влез и излез, како и на неколку места во оградениот простор на настанот.
- Да се обезбедат мобилни хемиски тоалети зависно од бројот на учесници на настанот.
- Да се обезбедат медицински екипи со санитетско возило согласно бројот на учесници на настанот.
- Се забранува служење и поставување на штандови со храна и пијалоци.
- Се дозволува само служење на оригинално пакувана вода.
- При полагање на венците и свежо цвеќе да се почитува препорачаното растојание од 2 метри помеѓу членовите на делегацијата.
- Помеѓу две делегации кои положуваат цвеќе на спомен обележјето да се обезбеди временско растојание од 2 минути.
- По завршување на настанот се препорачува напуштање на локацијата на организиран начин.
УСТАНОВАТА
- Пред да се отворат установите потребно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опрема и инвентарот (во занималните, кујните, магацините, пералните, собата за изолација, административните простори и другите простории во објектите); (од страна на Локалната самоуправа или од Центрите за јавно здравје да се направи дезинфекција на просторот и дворовите во градинките)
- После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите;
- Установата да обезбеди доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените;
- Установaта да има без контактен термометар за секој влез на установата;
- Установата да обезбеди доволна количина на средства за одржување на општа и лична хигиена, средства за дезинфекција на вработените и просторот;
- На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција;
- Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата при прием и во текот на престојот на децата во установата. Вработените да се однесуваат одговорно и да се придржуваат кон општите препораки за превенцијата на COVID-19 (физичко растојание и употреба на лична заштитна опрема), на работното место и вон;
- Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни места доколку имаат било какви симптоми на болест;
- Да се дезинфицираат прекинувачите, кваките на вратите мијалници, масите и столиците на секои два часа во текот на денот;
- Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат;
- Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време;
- Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез;
- Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метри за родители при предавање на деца;
- Задолжително мерење температура со без контактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција;
- Задолжително мерење температура со без контактен термометар на децата при прием во установата и задолжително миење на рацете;
- Да се обезбеди растојание од 1,5 - 2м меѓу масите за седење на децата;
- Да се обезбеди креветче и по две постелнини за секое дете;
- Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места;
- Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти;
- Воспитните групи за деца до две годишна возраст да имаат максимум до 15 деца и двајца вработени во смена;
- Воспитните групи за деца од две до десет годишна возраст да имаат максимум до 25 деца и двaјца вработени во смена;
- Во период на користење на годишни одмори на вработените (јуни-август) може да се направи спојување на деца од различни воспитни групи и тоа групи до две годишна возраст и групи од две до десет годишна возраст но бројот на деца во група не смее да биде поголем од 15 деца (во групи до две годишна возраст) и 20 деца (во групи од две до десет годишна возраст). Воспитувачот кој во својата група ќе преземе деца од друга воспитна група истите ги евидентира на дневна основа и списокот го прикачува во дневниот оперативен план.
- Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете;
- Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено во мали групи;
- Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории;
- Лицата кои доставуваат храна задолжително храната за децата да ја оставаат пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите;
- Установата да обезбеди потврда од родителот/ родителите дека се во работен однос.
ВОСПИТНО/ЗГРИЖУВАЧКИОТ КАДАР
- Практикување на често миење на рацете и посебно внимание да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење, држење во рацете на децата;
- При јадење не се дозволува децата да споделуваат храна едни со други;
- Не се користат играчки што не се перат и дезинфицираат, особено меки играчки (платнени, плишани) истите да се отстранат од групите-занималните;
- Не се мешаат играчки помеѓу воспитни групи и деца пред да се измијат и дезинфицираат. Да се воспостави јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана“ - користена играчка за да се спречи вкрстувањето.
- Да се воведе задолжително миење на рацете на деца при прием и почесто миење во тек на денот, а задолжително после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет;
- Да се воведе задолжителен надзор на децата при миење на рацете;
- Кога се менуваат пелени во помалите групи, строго да се почитува постапката за одржување на хигиената на рацете пред и после менувањето и отстранувањето на пелени. После промена на пелена да се направи миење на рацете на детето, како и миење и дезинфекција на површини и конечно миење на рацете по постапката;
- Кога се користат средства за дезинфекција, да се земе предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт;
- Средствата за дезинфекција да се чуваат надвор од дофат на децата;
- Редовно, во согласност со временските услови да се отвораат прозорците, особено во просториите за деца. Да не се користи вештачка вентилација;
- Пасивен одмор – да се организира спиењето така што децата да бидат поставени на креветите според принципот „нозе - глава“ со препорачано растојание од 1,5 – 2 м. Да се обезбедат единечни кревети и постелнина за секое дете и истите да бидат обележени со име на детето, строго водејќи грижа да не се мешаат;
- Да се спроведуваат засилени воспитни активности со деца, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и да се створат навики кај децата за лична хигиена, за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди - на пр. со песна), кашлање и кивање во подлактницата, за просторно растојание за што треба да се размислува преку игра на деца - ставете ги да седат на растојание едни од други - на пр. да вежбаат да ги истргнуваат рацете и да ги мавтаат за да не се допрат, да избегнуваат да го допираат лицето и др.;
- Да се контролираат причините за отсуство на деца, да се контактира со родителите, а доколку е потребно и со матичниот педијатар или лекар од надлежниот центар за јавно здравје;
- Да не се спроведуваат организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и сл.);
- Во случај на здравствени промени кај згрижените деца, треба да се преземе следново:
- во случај на промена во здравствената состојба (зголемена температура) – да се изолира детето во просторијата за изолација, веднаш да се извести родителот / старателот, доколку детето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со без контактен термометар, доколку температурата на телото се мери со обичен термометар, потребна е дезинфекција на термометарот како и миење или дезинфекција на рацете.
- Да се провери здравјето на другите деца во групата
- Во случај на потврда на инфекција со COVID-19, да не се користи местото каде што престојувало лицето, да се извести надлежната епидемиолошка служба во Центарот за јавно здравје која ќе даде понатамошни насоки за функционирање на установата.
- Се препорачува да се избегнуваат игри и активности во кои има контакти, игри со топки како и размена на лични предмети играчки и сл.;
- Доколку е возможно, децата од воспитната група да го користат исклучиво тоалетот на нивната занимална;
- Се забранува влегување на други возрасни лица освен одговорните лица на групата;
- Се дозволува влегување во групата на други возрасни лица кои ќе бидат вклучени во реализација на воспитно образовни активности од дејноста згрижување и воспитание на деца доколку истите поседуваат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина и поминати 14 дена од примената втора доза на вакцина против заразната болест COVID-19, и да го почитува целосно Протоколот.
РОДИТЕЛИ
- Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во установата како и просторното растојание при предавање и земање на детето;
- Носење и земање на детето од градинка да го врши само еден родител освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице;
- Доколку родителот забележи појава на симптоми кај детето (зголемена температура, повраќање, пролив и др.) да не го носи детето во градинка и веднаш да се консултира со лекар;
- Родителот/родителите пред повторно да го вклучи детето во градинката потребно е да достави/ат потврда од работодавач дека се во работен однос;
- Родителот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете;
УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА ОПРЕМА
Секој вработен кој е директно вклучен во третманот и грижата за децата/лицата треба да ја носи следната заштитна опрема:
- Визир
- Маска
- Ракавици
- Обувки
- Визирот треба да се носи постојано, додека се спроведува индивидуалниот дефектолошкиот / логопедскиот / психолошкиот третман. По секоја употреба, истиот треба да се дезинфицира.
- Маската треба да се носи постојано под визирот, само во услови кога проценката бара демонстрирање на начинот на изговор, маската може да се извади. Маската треба да се менува на секои 2 часа.
- Заштитните ракавици треба да се носат постојано и да се менуваат после секое дете. Доколку се појави потреба (на пример контакт со плунка на детето) и во тек на проценката, ракавиците се натопуваат со дезинфекционо средство.
- Во просториите на Центарот при самиот почеток на работниот ден се облекуваат работни, заштитни обувки (кломпи или папучи), се носат само во Центарот и со нив не смее да се излегува надвор од просториите на Центарот. Истото важи и за корисниците на Дневниот центар. При влезот во просторијата на Дневниот центар од страна на лица кои не се вработени во истиот за-должителна е употреба на навлаки за обувки (каљачи).
ОДРЖУВАЊЕ НА ЛИЧНА ХИГИЕНА И ХИГИЕНА НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР ВО ТЕК НА АКТИВЕН РАБОТЕН ПРОЦЕС
- Редовно миење на раце согласно упатството на СЗО, (објавено во секоја работна просторија), пред и по завршен проценка/третман или друга работна манипулација, како и секогаш кога вра-ботениот ќе процени за потребно и дезинфицирање на рацете пред почеток и по завршување на секој контакт со детето или родителот и по потреба, пред ставање на заштитни ракавици и по вадење на истите. Секој родител и дете мора да ги дезинфицира рацете пред и по завршетокот на проценката/третманот.
- Редовно пребришување на работни површини по завршување на проценката / третманот. Задолжение на секој вработен е својот работен простор, работни и манипулативни површини да ги пребришува со дезинфекционо средство..
- Подот и заедничките простории, вклучително и просторијата за индивидуални третмани, како и јавните санитарни простори се одржуваат од страна на технички персонал, согласно пропишаните чекори од протоколот за одржување на хигиена во вонредни услови, наложена од комисијата за интрахоспитални инфекции.
- Заедничкиот паркинг простор, како и јавниот простор во и околу објектот е во надлежност на менаџментот на самиот објект и истиот треба да биде дезинфициран еднаш дневно во утринските часови и да биде забрането преоптеретување со многу возила на посетители, освен возила на вработени.
- Контрола и дополнување на средства за дезинфекција ќе бидат во надлежност на помошно-техничкиот персонал, а доколку нема од редот на стручните работници.
ПАТЕКА НА ДВИЖЕЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ И ДЕЦАТА ВО ВОНРЕДНИ УСЛОВИ НА ЕПИДЕМИЈА
Протокот на родители и деца во и надвор од дневниот центар се одвива по строго контролиран ред, со минимум време поминато во заедничките простории и ходниците на Центарот. Придружниците на децата/лицата исто така поминуваат минимално време движејќи се низ центарот, притоа самостојно обезбедувајќи си заштитна опрема за себе и за детето. Придружбата има право на престој во чекалната само доколку ги користи овие заштитни средства и при престојот има услови за да обезбеди физичка дистанца од 2 метри со другите лица. Во спротивно, се препорачува придружбата да го чека детето/лицето во јавниот простор на дневниот центар, но надвор од објектот.
ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЕМ СЕ ОДВИВА ПО СЛЕДНИОТ РЕДОСЛЕД:
- Родителот покренува барање за прием со јавување на службените телефони на центрите за социјална работа или Дневниот центар. Вработените стручни лица ги прибираат основните податоци за детето и семејството и врши прием на документи. Документите се предаваат на стручните работници од страна на родителите или старателот електронски (секогаш кога родителот има услови за тоа) или директно се испраќаат (на хартија) адресата на центрите за социјална работа.
- Два дена пред терминот за прием родителот се контактира телефонски при што се прави интервју за здравствената состојба на детето и семејството и се потполнува прашалник за услови за ризик од заболување со Коронавирус. Доколку нема сомневање за зараза со КОВИД-19 родителот се информира за постапката за прием и условите за истата.
- На денот на приемот родителот/старателот и детето ги прима раководителот на Дневниот центар кој повторно прави анкета за здравствената состојба и ги предава на друг стручен работник кој ќе го врши третманот на детето/лицето. На детето/лицето задолжително му се мери температурата и тоа се повторува секој ден.
- Разговорот со родителот се води со задолжително почитување на мерките, а тоа е носење на заштитна маска и минимална дистанца од 2 метри. Во просторијата со родителот може да присуствува само едно стручно лице. Советувањето на родителот во врска со спроведената проценка/третман да се извршува исклучиво по телефон.
- Вежбите и третманите во дневните центри се спроведуваат исклучиво со потрошен и дидактички материјал кој може лесно да се дезинфицира.
- Задолжително е редовно проветрување на просторијата на секои два часа, помеѓу секоја проценка/третман и секогаш кога е неопходно во тек на работата.
- Задолжително е редовно проветрување на просторијата на секои два часа, помеѓу секоја проценка/третман и секогаш кога е неопходно во тек на работата.
РАСПОРЕД ЗА РАБОТА
- Сите лица кои се вклучени во работењето во Центарот, ќе бидат поделени во тимови од страна на раководителот на Дневниот центар, заради обезбедување на физичко дистанцирање и заштита од физички контакт помеѓу корисници и вработенитe.
- Се забранува групирање на вработените за време на пауза во простор (кабинети, канцеларии) којшто не обезбедува физичка дистанца од 2 метра.
- Се забранува движење и престој на вработените надвор од својот кабинет, во работните простории на објектот и во јавните простории без оправдани потреби. Движењето по ходници треба да биде само кога е тоа неодложно и крајно неопходно.
- Комуникацијата помеѓу персоналот со надворешните соработници и родителите на децата да се одвива по телефон.
- Стручните состаноци ќе продолжат да се одвиваат on-line.
ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРЕЗЕМАТ ВО ДНЕВНИТЕ ЦЕНТРИ
За Дневниот центар
- Да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектот, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот (во заедничките простории, просториите за третман, кујните, собата за изолација, административните простори и другите простори во објектите);
- После извршената дезинфекција да се направи проветрување на просториите;
- Дневните центри да обезбедат доволна лична заштитна опрема (маски и ракавици) за вработените;
- Дневниот центар да обезбеди безконтактен термометар за секој влез на центарот;
- Дневниот центар да обезбеди доволно материјали и додатоци за чистење и дезинфекција;
- На влезните врати во објектите да има поставено бариера за дезинфекција;
- Хронично болните да бидат ослободени од работа (ХОББ - Хронична опструктивна белодробна болест - J44, Астма - J45, Интестицијална фиброза - Ј84, Срцева слабост со EF<40, Акутен миокарден инфаркт до 3 месеци, Срцеви заболувања со тешка пулмонална хипертензија, Тешка аортна и митрална стеноза, Воспалителни заболувања на срце (миокардит, ендокардит) < 6 месеци, Инплантиран пејсмејкер или срцев дивајс до 3 месеци, Длабока венска тромбоза до 3 месеци, Диaјабетес тип I, Диајабетес тип II на инсулинска терапија со коморбидитети: Миокарден инфаркт, церброваскуларен инсулт, стеноза на периферна циркулација и ХБИ, Сите малигни заболувања - C00-C97, Состојба по трансплантација на бубрег - Z94., Хроничен нефротичен синдром - N04, Интермитентна хемодијализа - Z99.2, Состојби со биолошка или комбинирана имуномодулирана терапија - M05, M06, M45.00, Некротизирачки васкулопатии, системски еритематозен лупус, дерматополимиозит, системска склероза - M31-M34);
- Да им се укажете на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на децата/лицата и да се придржуваат кон процедури во согласност со препораките поврзани со превенцијата на КОВИД-19 (вклучително и почитување на социјалната оддалеченост и употреба на лична заштитна опрема);
- Веднаш да се отстранат вработените од своето работно место доколку имаат било какви симптоми на болест;
- Да се дезинфицираат прекинувачите, кваки на вратите, умивалници, масите, столови;
- Да се дезинфицираат играчките и дидактичката опрема;
- Да се направи распоред за прием на децата за да нема групирање на влезот на центарот;
- Да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца/лицата;
- Воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција, како и мерење температура со безконтактен термометар на вработените и децата/лицата при влегување во центарот;
- Обезбедете можност децата/лицата да седат на масите на растојание од 2 метри;
- Да се стават едукативни постери со препораки за превентивни активности на истакнати места;
- Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се превезуваат децата (ако е организиран превозот);
- Групите на деца/лица да имаат максимум по 10 деца/лица во една смена;
- Секој родител/старател да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете не постара од два дена;
- Организирајте го престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт, активностите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено во мали групи доколку центарот поседува двор;
- Не дозволувајте собирање и меѓусебни контакти на вработените.
За Стручниот кадар
- Секој вработен мора да носи задолжително заштитна опрема (маска, ракавици) кога е на работно место и дополнително визир кога дава индивидуален третман;
- Посебно внимание треба да се посвети на потребата од засилени хигиенски мерки во случај на миење, хранење и слично;
- При јадење не дозволувајте децата/лицата да споделуваат храна едни со други;
- Не користете дидактички материјали што не се мијат и дезинфицираат;
- Воспоставете јасна постапка за миење, дезинфекција и отстранување на чиста и „валкана“ - користена опрема за да го спречите вкрстувањето;
- Воведете задолжително миење на рацете на децата/лицата при прием и почести миење во тек на денот, а задолжително, особено после кивање, кашлање, плачење, пред и после консумирање храна и одење во тоалет;
- Воведете задолжителен надзор при миење на рацете на децата/лицата;
- Кога користите средства за дезинфекција, земете ја во предвид правилната примена во согласност со упатствата на производителот во врска со целта, концентрацијата, начинот на употреба и потребното време за контакт;
- Редовно, во согласност со временските услови отворајте ги прозорците, особено во просториите за групна работа. Не користете вештачка вентилација;
- Спроведувајте засилени воспитни активности со децата/лицата, со цел да се олесни разбирањето и усвојувањето на новите правила за заштита од вирусите и создавајте навики кај децата/лицата за лична хигиена за важноста на често и правилно миење на рацете (минимум 20 секунди - на пример со песна), кашлање и кивање во подлактицата, за просторна дистанца, да избегнуваат да го допираат лицето и друго;
- Контролирајте ги причините за отсуство на децата/лицата, контактирајте со родителите, а доколку е потребно и со матичниот лекар од надлежниот здравствен центар;
- Не спроведувајте организирани групни активности во објектот (настани, итн.), како и организирана посета на места каде што се очекува да се соберат голем број на луѓе (кина, театри и слично);
- Во случај на здравствени промени кај згрижените деца/лица, треба да се преземе следново:
- во случај на промена во здравствената состојба - изолирајте го детето во просторијата за изолација, веднаш известете го родителот/старателот, доколку детето/лицето има температура се препорачува мерењето на температурата да биде со безконтактен термометар;
- по интервенција во вакви случаи што е можно побрзо задолжително да се јавите кај матичен лекар;
- Проверете го здравјето на другите деца/лица во групата и објектот и изолирајте ги сите сомнителни случаи;
- Во случај на потврда на инфекција КОВИД-19, не користете го местото каде што престојувало лицето. Отворете ги надворешните врати и прозорци за да го проветрите просторот. Почекајте најмалку 24 часа пред да го исчистите просторот. Детално измијте и дезинфицирајте го просторот, површините, додатоците, опремата и слично со средства за дезинфекција во согласност со упатствата на производителот, со употреба на опрема за лична заштита.
За Родителите
- Родителите при носење на децата во дневните центри задолжително да имаат заштитна маска и ракавици;
- Да го почитуваат утврденото време за носење на детето во центарот, како и просторната дистанца при предавање и земање на детето;
- Носење и земање на детето од дневните центри да го врши само родителот, освен во исклучителни ситуации со најава да биде друго лице
- Доколку детето има симптоми на заболување - респираторни, цревни инфекции, треска итн. или со сомнителен почеток на болест (замор, губење на апетит, итн.), родителите да не ги носат децата/лицата во дневните центри;
- Родителот/старателот да обезбеди лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете не постара од два дена.
НАПОМЕНА:
Протоколот има важност и за сите останати вработени кои имаат редовна комуникација со корисници на дневно ниво.
За сите дополнителни тековни и вонредни потреби за постапување во рамки на Центарот, продолжуваат да важат пропишаните одредби од државните органи, како и интерните акти на установата. Доколку има неопходна потреба за разрешување на конкретна ситуација во вонредна состојба, се задолжува работникот да се обрати на непосредниот раководител, а потоа тој на раководителот на Центарот.
Постапувањето по овој протокол е задолжително и секое непостапување по истиот подразбира неисполнување на работна задача и ќе следат санкции согласно Законот за јавните службеници и Законот за здравствената заштита.
Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во градинките во случај на појава на дете со симптоми, сомнително/позитивно на КОВИД-19.
Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоја градинка да се определи назначено одговорно лице (по можност медицинско лице) за контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19
- Доколку дете, за време на престој во градинка, развие покачена телесна температура над 37,5 С° и симптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.)
- Додека е во изолација за детето се грижи негователката од неговата група.
- Назначено одговорно лице од градинката веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во градинката.
- Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на детето.
- Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на детето.
- Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во групата или целата градинка
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на детето ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во градинката за позитивниот резултат на детето.
Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на детето (особено за локацијата на детската градинка/клон и групата на деца во која престојувало позитивното дете) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на детето. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на детето.
Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за детето преку системот на Мој Термин.
Назначеното одговорното лице во градинката ги обезбедува следните податоци:
- Име/презиме, возраст на детето, адреса и место на живеење (воспитна група во градинка) на детето потврдено на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите на детето
- Список на децата со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од воспитната група во која детето престојува во установата и податоци за воспитувачката и негователката (име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт) на воспитната група со истите горенаведени податоци
- Дополнително список на други вработени лица доколку биле во контакт со потврденото дете
Списокот со контакти на потврденото дете ги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во градинката (меѓу децата и вработените). За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката и превземените мерки го известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.
Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во градинката.
Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во градинката.
Детето позитивно на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.
- Запишувањето на ученици во прво одделение во основните училишта се спроведува во месец јуни во термин утврден од страна на Комисијата за запишување на ученици формирана од страна на директорот на училиштето, согласно Законот за основното образование.
- Помеѓу секој термин за разговор со секое дете потребно е да има пауза во траење од најмалку 20 минути;
- Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од училиштето;
- Училиштето на влезот на училиштето поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена;
- Разговорот со детето кое се запишува во прво одделение се врши во просторија во училиштето, определена за таа намена, која треба да овозможи најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата;
- Во просторијата може да присуствуваат само членовите на Комисијата за запишување, детето и еден од родителите/старателите на детето;
- Во просторијата каде што се спроведува разговорот со детето задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
- Просторијата во која се спроведува разговорот со детето е потребно почесто да се проветрува, по можност за време на разговорот и задолжително во текот на паузите;
- За време на паузите се забранува групирање на присутните во училиштето;
- По завршување на разговорот, потребно е просторијата да се исчисти (особено работната површина на која се работело со детето) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини;
- Во просторијата за разговор и на излезот на училиштето потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак;
- Во училиштето е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Запишувањето на ученици во средните училишта да се одвива во период од 07:00 часот до 19:00 часот;
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште;
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето;
- Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата;
- Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага училиштето;
- Овозможување на влез на 1 до 6 ученици во училиштето во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места;
- Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител/старател,
- Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, кој се презема од веб страната на Министерството за образование и наука;
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез во училиштето и излез од училиштето;
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во училиштето со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот;
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини;
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства;
- Средните училишта кои имаат два влеза/излеза може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна;
- Доставувањето на документите од страна на ученикот, односно родителот/ старателот е согласно распоред според азбучен ред од презимето.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето;
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од училиштето;
- Не се задржувајте повеќе од 5 минути во училиштето;
- Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средното училиште на Град Скопје „Здравко Цветковски“ да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот;
- Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови;
- Задолжително вршење на дезинфекција на клупите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот;
- Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница;
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште;
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето;
- Задолжително носење документ за лична идентификација, математички прибор (молив, гума, шестар, линиар, пенкало);
- Забрането е користење на калкулатор и телефон;
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето;
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи;
СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ
- Селектирањето на учениците ќе се врши на спортски терени од отворен тип (фудбал, ракомет, кошарка и тенис).
- Терените на кои ќе се врши селекцијата, мора да имаат посебен дел за публика на кој ќе бидат распоредени учениците, каде што ќе го чекаат својот ред за настап на теренот.
- Меѓу спортистите да има физичко растојание од 2 метри, согласно препораките за социјално дистанцирање.
- Помеѓу тренерот и кандидатот да има растојание од 5 метри.
- Пред почетокот на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на кандидатот кој ќе има покачена температура.
- Да има најмалку два тоалета во употреба, претходно целосно дезинфицирани.
- Кандидатите и тренерите доаѓаат на теренот поединечно и веќе облечени во спортска опрема за селективниот тренинг, при што ќе се избегне користењето на соблекувалните.
- Движењето на спортскиот терен да се одвива по обележани ознаки и од страна на редари.
- Пред влезот да има поставено средство за дезинфекција на рацете, кое задолжително мора да се употребува од страна на учениците при влез и излез од теренот.
- На влезот да биде поставен сунѓер за дезинфекција на обувки.
ПРИЈАВУВАЊЕ
- Пред самиот влез на теренот да биде поставена контролна точка за евидентирање на учениците кои ќе бидат дел од селективните тренинзи. Пред да пристапат на идентификација, учениците мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција, кое ќе биде поставено во близина на местото за идентификација.
- Приемот на кандидатите (нивното присуство и идентификација) ќе се врши од одредени лица на определено и обележано место на влезот на теренот со предвиденото растојание помеѓу кандидатите и задолжените лица за прием.
- По пријавувањето (идентификацијата), учениците да се упатуваат кон местото за публика, каде што чекаат да бидат повикани за настап од страна на тренерите коишто се на терен.
ТЕК И ОРГАНИЗАЦИЈА НА СЕЛЕКТИВНИОТ ТРЕНИНГ
- За организирање на целиот процес да биде задолжена редарска служба која ќе води сметка за потребното растојание помеѓу кандидатите и присутните од минимум 2 метри во теренот и околу теренот и на местото за публика од каде ќе бидат повикувани кандидатите. Ќе бидат ангажирани минимум 2 редари.
- Ќе бидат поставени ознаки на влезот на теренот и на теренот кои ќе означуваат правец на движење и запазување на минимум растојанието при чекањето ред.
- На теренот да бидат присутни најмногу двајца тренери, кои ќе имаат задача да асистираат во одредени ситуации при демонстрирање на одредени елементи.
- По секоја измена на терен, тренерите задолжително мора да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција.
- Комисијата од три члена да го следи тренингот од соодветно место, на физичко растојание помеѓу членовите од 2 метри.
- Реквизитите кои се користат на тренингот да се дезинфицираат по секоја направена измена на ученик на терен.
- Во демонстрирање на одредени елементи, на теренот може да има и два ученика во исто време, но не на растојание помало од 3 метри.
- Ученикот, кој го завршува својот настап на теренот, да се упатува кон соблекувалната и потоа да го напушти теренот.
- Полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултати да се одвива во период од 8:00 часот до 17:00 часот.
- Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
- Задолжително вршење на дезинфекција на штафелаите во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците и прегледувањето на цртежите, како и разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Организирање на просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 6 (шест) ученици во една училница. Согласно фактот дека во изминатите 5 години бројот на кандидати за упис во просек е 70, испитот да се спроведе во 14 училници.
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител.
- Задолжително носење документ за лична идентификација.
- Забрането е користење на мобилен. За време на испитот забранет е внес на мобилни телефони.
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на цртежите, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи.
- Полагањето на учениците, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите да се одвива во период од 8:00 часот до 17:00 часот.
- Во кабинетите во кои ќе се реализира полагањето на квалификационите испити ќе биде присутна комисија од три члена и еден ученик.
- После секое полагање се прави пауза од 10 минути за дезинфекција на кабинетот.
- Организирање на просторот во кабинетите со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу членовите на комисијата од минимум 2 метри и присуство на еден ученик во еден кабинет.
- Задолжително вршење на дезинфекција на кабинетите каде ќе се врши полагањето на учениците и во просториите во кои ќе се врши разгледувањето на приговорите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- Овозможување на влез само на ученикот, не и на неговиот родител.
- Задолжително носење документ за лична идентификација.
- Забрането е користење на мобилен. За време на испитот забранет е внес на мобилни телефони.
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, истакнувањето на резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето;
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи;
- Иселувањето на студентите - станари вo државните студентски домови во Република Северна Македонија да се спроведе во период од ______ до ______ година, во работните денови од 8.00 до 16.00 часот.
- Пред иселувањето студентите задолжително да се исконтактираат и доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) се препорачува да го одложат иселувањето од домот.
- Средството за дезинфекција на чевлите и рацете задолжително да се постави на влезот во студентскиот дом. Доколку студентот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани пред внесувањето во домот.
- На влезот во домот да се постават едукативно - информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Пред влезот на секој студентски дом, претходно да бидат означени местата за дозволено растојание од 2 метри.
- Задолжително да се одржува физичко растојание помеѓу студентите од 2 метри.
- Со цел спроведување на редот и одржувањето на потребното растојание помеѓу студентите од минимум 2 метри, пред и внатре во студентските домови, да се организира редарска служба во домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените на домот, за што одлучува директорот на домот.
- Иселувањето да се одвива на начин што студентите во парните и непарните броеви на соби да се иселуваат во различни денови во текот на неделата. Доколку има потреба, иселувањето во зградите да се врши и по спратови, во различни денови. Сите студенти да бидат известени лично, преку телефонска комуникација, за денот кога ќе можат да се иселат. Во собите во кои се сместени две или повеќе лица, да може да се исели само еден студент од собата во еден ден. Времетраењето на иселувањето за секој студент поединечно да се ограничи на најмногу 3 часа. Студентот при влез во собата и напуштање на истата да биде лично придружуван од претставник на редарската служба.
- Во заедничките простории на студентските домови да се постави корпа за отпадоци со капак.
- Користење на лифтовите во студентските домови да биде дозволено за само едно лице и неговите лични ствари. По секое користење на лифтот да се врши задолжителна комплетна дезинфекција со соодветно средство.
- Придружбата на студентот да нема дозвола за влез во домот. Придружбата на студентот да биде лоцирана на излезот од домот со запазување на задолжителното растојание од 2 метри.
- Иселувањето да се врши лично од страна на студентите, а во домот да биде забрането влегување на други лица како придружба.
- Во населбите со повеќе објекти (Гоце Делчев и Стив Наумов) влезот на студентите да се организира од посебни влезови, физички одвоени, за да нема контакт помеѓу студентите. Во студентските домови во кои има два влеза/излеза, да се организираат влез од едната и излез од другата страна.
- По завршување на иселувањето, да се спроведе чистење и дезинфекција на собите и заедничките простории во секој дом со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
Заради заштита на здравјето, се повикуваат сите студенти на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред студентскиот дом и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во студентскиот дом;
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во студентскиот дом еден по еден т.е. откако редарот ќе ви дозволи;
- Во средните училишта каде се реализира државната матура потребно е да бидат обезбедени санитарно-хигиенски услови.
- Средствата за дезинфекција да се постават пред училиштето и да се врши задолжителна дезинфекција на рацете на сите ученици и сите инволвирани во реализација на државната матура пред да влезат во училиштето.
- При влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете.
- Учениците согласно утврден распоред влегуваат во училниците во периодот од 9:15 до 10:00 часот.
- Учениците задолжително да носат документ за лична идентификација и прибор за пишување.
- Да се означат влезовите за влез и излез од местото каде што ќе се одржува полагањето, како и патеки за еднонасочно движење, со поставени ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- Да има организирана редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Да биде организиран просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри со присуство на максимум 15 кандидати во една просторија. Задолжително да се врши дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Просториите во кои се реализира државната матура, пред почеток на испитите се проветруваат или доколку овозможуваат временските услови се остава отворен прозорец.
- По завршување на полагањето учениците да го напуштат просторот движејќи се по означените насоки на движење.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Освен овој протокол важи и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците, со напомена за строго почитување на пропишаните превентивни мерки.
- Организаторите на полагањето на државната матура сносат полна одговорност за контрола и правилно спроведување на протоколните мерки.
- Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултатите во средните училишта да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот
- Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
- Задолжително вршење на дезинфекција со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот, на клупите во просториите каде што ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите и разгледувањето на приговорите
- Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа: двајца (2) редари пред влезот на училиштето и двајца (2) редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето
- Одобрување на влез во училиштето само на ученикот, не и на неговиот родител.
- Задолжително носење документ за лична идентификација
- Задолжително носење пенкало, молив, гума
- Забрането е користење на телефон
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавувањето на конечни резултатите
- На крајот на секој ден задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциски средства.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден, т.е откако редарот ќе ви дозволи.
- Полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавување на конечните резултати во средните училишта да се одвива во период од 10:00 часот до 17:00 часот.
- Полагањето на учениците кои се во самоизолација се врши по електронски пат во средното училиште во кое ученикот се пријавил во утврдениот рок и ја доставил потребната документација согласно конкурсот.
- Организирањето на испитот по електронски пат е во истиот временски период како и за останатите ученици. Наставниците кои ќе го спроведат квалификацискиот испит по електронски пат се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Наставниците кои ќе бидат задолжени од страна на директорот на училиштето за спроведување на квалификацискиот испит по електронски пат, потребно е да ги подготват учениците кои ќе полагаат електронски.
Подготовката се состои во следното:
- инсталирање на соодветен софтвер на мобилниот телефон и компјутерот од ученикот, по предлог на одговорните наставници;
- обезбедување на услови мобилниот телефон да го постават учениците така што да може да се снима и ученикот и екранот од неговиот компјутер (по можност од страна).
- мобилниот телефон на ученикот во кој има инсталирано соодветен софтвер (пр. zoom) треба за цело време на испитот ученикот да е приклучен и со камера и со аудио. Не смее да ја исклучат сесијата бидејќи тоа ќе се смета како обид за препис.
- Мобилниот телефон треба со вклучена камера да го опфаќа ученикот кој полага и неговиот екран во исто време. Треба да е добро прицврстен и да обезбедат да има доволно батерија или приклучок кон напојување (ако им се исклучи мобилниот телефон испитот им завршува). Најдобро е мобилниот да е во landscape (хоризонтална) позиција. За виртуелната училница ќе има одговорни наставници од вработените во училиштето кои се задолжени за овој вид на полагање на испит и тие цело време ќе ги набљудуваат учениците во соодветната виртуелна училница.
- За време на испитот не е дозволено користење на било какви дополнителни материјали ниту интернет. Доколку постои било каков сомнеж дека има препис, детално ќе бидат прегледани снимките и логовите кои ги нуди средината во која полагаат и ако се потврди преписот, одговорите во тестот нема да се земаат во предвид.
- Доколку учениците имаат било какво прашање, проблем во однос на овој начин на полагање на испитот или некој технички проблеми (несоодветен телефон, компјутер и интернет),треба да им пратат e-mail на одговорните наставици за спроведување на квалификацискиот испит по електронски пат, со конкретно објаснување.
- Во средното училиште да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
- Задолжително вршење на дезинфекција со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот, на клупите во просториите каде што ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите и разгледувањето на приговорите.
- Организирање на просторот во училниците со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри, за присуство на максимум 10 ученици во една училница.
- Организирање на редарска служба во средното училиште, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето и тоа: двајца (2) редари пред влезот на училиштето и двајца (2) редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- Одобрување на влез во училиштето само на ученикот, не и на неговиот родител.
- Задолжително носење документ за лична идентификација.
- Задолжително носење пенкало, молив, гума.
- Забрането е користење на телефон.
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во училиштето, како и пред и во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, прегледувањето на тестовите, истакнувањето на прелиминарните резултати, поднесувањето на приговори, разгледувањето на приговорите и објавувањето на конечни резултатите.
- На крајот на секој ден задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, а алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреа на горенаведените дезинфекциски средства.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите ученици на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред училиштето и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во училиштето.
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во училиштето еден по еден т.е откако редарот ќе ви дозволи.
- Наставниот процес во учебната 2021/2022 година се одвива со физичко присуство во училиштето.
- Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда.
- На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.
- Задолжителна дезинфекција на рацете и почитување на потребното растојание меѓу учениците, наставниците и сите вработени во училиштето.
- На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник кој му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
- За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците. За време на големиот одмор, редарска служба се организира и во училишниот двор. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на основното училиште.
- На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и се врши дезинфекција на рацете. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки. Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
- Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните или личните асистенти на учениците со посебни образовни потреби.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравување меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
- Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).
- Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувални, училишните трпезариии другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
- Во основните училишта каде има продолжен престој, потребно е истиот да биде организиран во рамките на расположливите просторни капацитети и да се реализира со ученици од иста паралелка и од исто оддление.
- Храната која се подготвува во училишните кујни за децата со продолжен престој, треба да биде со стриктно почитување на правилата за добра производствена и хигиенска пракса утврдена со Закон за безбедност на храна, како и НАССР стандардите и Протоколите за заштита од Ковид 19.
- Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште со исклучок на претставниците на Министерство за образование и наука, Биро за развој на образование, Државен просветен инспекторат или други државни органи кои спроведуваат надзор над спроведувањето на прописите и законите од областа на образованието и здравствената заштита.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерките за заштита од вирусот.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
Напомена: Овој протокол важи и за државните основни училишта (училишта со ресурсен центар, државното музичко и балетско училиште), со дополнителните мерки за заштита од КОВИД-19 согласно спецификте на воспитно-образовната дејност и услуги кои ги испорачуваат.
- Наставниот процес и воспитно - образовната работа во учебната 2021/2022 година се реализира со физичко присуство во училиштето.
- Првиот ден од наставата задолжително започнува со упатства за сите учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда.
- На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците задолжително се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.
- На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
- Влегување во училиштето е дозволено со задолжителна дезинфекција на рацете за сите вработени и ученици во училиштето. За време на големиот одмор се почитува потребното растојание меѓу учениците.
- За контролиран влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба, со цел спроведување на редот, задолжително спроведување на дезинфекција и носење на заштитни маски и одржување на потребното растојание меѓу учениците. За време на големиот одмор, редарска служба се организира и во училишниот двор. Редарите се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на зголемена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
- Родителите/старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/старателите/образовните или личните асистенти на учениците со посебни образовни потреби.
- Се дозволува учениците со посебни потреби или со пречки во развојот, кај кои носењето на лична заштита на лицето при реализацијата на воспитно образовниот процес би било проблематично или контраиндицирано, да бидат ослободени од носење на лична заштита (заштитна маска), со претходно доставена медицинска потврда од лекар.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците
- Учениците и вработените кои до училиштето користат јавен превоз го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај.
- Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца и носење на заштитна маска/прекривка на лице.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците, или доколку дозволуваат временските услови на отворено.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
- За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
- Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компаниите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).
- Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред.
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор за време на училишните одмори и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат пред започнување на наставата, за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште, со исклучок на претставниците на Министерство за образование и наука, Биро за развој на образование, Државен просветен инспекторат или други државни органи кои спроведуваат надзор над спроведувањето на прописите и законите од областа на образованието и здравствената заштита.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
Напомена: Овој протокол важи и за Државните средни училишта за средно образование за ученици со посебни образовни потреби со интернатско сместување, средно уметничко образование, спортската гимназија и спортската академија со дополнителните мерки за заштита од КОВИД-19 согласно спецификте на воспитно-образовната дејност и услуги кои ги испорачуваат.
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Одлуката на Министерството за образование и наука (МОН) за повторно отворање на училиштата во учебната 2021/2022 година го зема предвид фактот дека училиштето е од суштинско значење за образованието и благосостојбата на децата и учениците.
За донесување на одлука за повторно отворање на училиштата се направи општа проценка на ризиците, при што се земаа во предвид епидемиолошките фактори, степенот на вакцинација на наставниот кадар, образовниот систем, здравствениот систем и капацитетот на јавното здравство, ангажманот на заедницата и државниот капацитет за одржување на социјална и економска поддршка на најранливите.
Планот на Министерството за образование и наука (МОН) за започнување на учебната 2021/2022 година се базира на потребата да се добијат максимални придобивки за учениците, наставниците и вработените во училиштата и пошироката заедница, а воедно да не дојде до повторно ширење на КОВИД-19 во нашата држава, имајќи предвид дека едно од основните човекови права покрај образованието е и правото на здравје.
Овој план ги објаснува чекорите кои треба да ги преземат основните и средните училишта за да ги обезбедат потребните мерки за заштита и со тоа да го намалат ризикот од ширење на корона вирусот (КОВИД-19).
Планот за одржување на наставата во учебната 2021/2022 година и Протоколот обезбедуваат рамка за училиштата за начинот на започнување и продолжување на образовниот процес во основното и средното образование. Во овој период училиштата ќе треба да ги прилагодат условите за реализирање на наставата согласно Планот и Протоколот со цел обезбедување непречен воспитно-образовен процес.
Не е возможно да се предвиди дали и кога ќе се промени епидемиолошката состојба во државата, или некој регион или општина, па затоа сите треба да бидеме подготвени на можноста за промена на начинот на спроведување на наставата и преминување на модел кој во одредена ситуација ќе биде најприменлив.
За брзи промени треба да бидат подготвени сите, од директорите, до наставниците и стручните служби, останатите вработени во училиштата, како и учениците и нивните родители/старатели, но и сите оние кои допринесуваат за помош и поддршка не само во реализацијата на планираните наставни часови, туку и во овозможувањето на квалитетно воспитание и образование.
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
Во основните училишта во учебната 2021/2022 година воспитно-образовниот процес се реализира согласно Календарот за организација и работа на училиштата, согласно Наставниот план за учебната 2021/2022 година, во училница со стандардна големина.
Наставата во основното образование може да се реализира преку три модели:
- физичко присуство на учениците во училиште,
- учење на далечина или
- комбинирање на физичко присуство и учење од далечина во групи
1. НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ
Доколку епидемиолошката состојба во државата е стабилна, наставата во основните училишта се одржува со физичко присуство на учениците во училиште со почитување на Протоколот за настава со физичко присуство.
Наставниот час трае 40 минути во наставата со физичко присуство.
Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците.
Реализацијата на наставата, отсуствата на учениците се евидентира во е-дневник.
Наставниците во училиштето доаѓаат најмалку половина час пред отпочнување на наставата и учествуваат во организирањето и спроведувањето на влегувањето на учениците согласно распоредот на часови и Протоколот.
Секое училиште за пристигнувањето, за заминувањето на паралелките во и од училиштетo, за смените, користењето на големиот одмор изготвува распоред.
Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство.
За учениците наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство.
Исклучок од правилото:
- Исклучок од правилото ќе бидат одредени категории ученици со хронични болести, ученици кои имаат родители/старатели со хронична болест за кои ќе се овозможи да следат настава од далечина или комбинирано.
- Можност за следење настава од далечина или комбинирано може да биде овозможена и во други ситуации поради немедицински причини, по упатено барање на родителот, за кое ќе одлучува училиштето.
- За учениците кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина.
Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
Учениците од пониските одделенија на основното образование треба почесто да се потсетуваат на мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство, со оглед на фактот дека сега се запознаваат и воведуваат во почитување на редовните училишни правила. Треба да им се нагласи дека не треба да ги споделуваат своите работи (моливи, гумички и сл.) согласно околностите и дека другарството може да го изразат на други начини прифатливи за сегашната ситуација, пример преку меѓусебно потсетување да ги почитуваат правилата за заштита и правилата во училница и со други соодветни креативни активности преку кои ќе се работи на развивање на чувството на емпатија.
Одмор за време на наставата со физичко присуство
Малиот одмор се користи во траење од 5 минути меѓу часовите и голем одмор во траење од 15 до 20 минути. За време на одморите задолжително се почитуваат мерките за заштита согласно Протоколот за настава со физичко присуство, и потребно е да се намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт меѓу учениците.
За време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително се спроведува чистење на училниците со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот и задолжително се проветруваат просториите.
2. НАСТАВА СО УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
Доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот на Ковид 19, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, може да донесе одлука наставата, заради заштита на здравјето на учениците, за учениците од петто до деветто одделение да се спроведе со учење од далечина.
При настава со учење на далечина, наставниот час трае 30 минути час со 5 минути приклучување.
Наставата со учење на далечина, наставниците ја реализираат од училница во училиштето со користење на националната платформа.
Директорот на училиштето се грижи за целосна покриеност со интернет конекција во сите училници во училиштето. Во исклучителен случај кога во училиштето нема добра интернет конекција и истата не може да се обезбеди, наставникот часовите може да ги одржува и од дома, по претходно добиена писмена согласност од страна на директорот на училиштето.
При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.
Само училиштата кои ги исполнуваат условите во Протоколот за настава со физичко присуство и Планот и имаат добиена согласност од Владата да реализираат настава со физичко присуство и за учениците од четврто до деветто одделение за претходната учебна 2020/2021 година, продолжуваат со настава со физичко присуство.
Реализација на наставата со физичко присуство во училиште за учениците од петто до деветто одделение, чиј основач е Владата и имаат добиено согласност од Владата за настава со физичко присуство за претходната учебна 2020/2021 година, продолжуваат со настава со физичко присуство.
Основните училишта кои имаат комбинирани паралелки од прво до петто одделение, може да реализираат настава со физичко присуство на учениците доколку имаат просторни услови, согласност од родителите/старателите, ги исполнуваат условите во Протоколот и имаат добиена согласност од Владата за претходната учебна 2020/2021 година.
Учениците во наставата со физичко присуство се вклучуваат со согласност од родителот/старателот.
Во основните балетски и музички училишта во кои се реализира настава за уметничко образование и основните училишта со ресурсен центар, заради специфичната воспитно-образовна дејност која ја вршат, начинот на реализирање на наставата ја реализираат согласно со Одлуката од Владата на Република Северна Македонија која ја имаат добиено за минатата учебна 2020/2021 година.
Стручните соработници во училиштето или образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка на учениците со попреченост, продолжуваат со поддршката на образовниот процес на учениците во училиштето или во домот на ученикот и треба да бидат во постојана комуникација и координација со инклузивниот тим во училиштето и родителите.
Образовниот асистент или стручните соработници од училиштето начинот на поддршката на образовниот процес на ученикот ја договара во директна соработка со родителот/старателот.
Училиштата кои имаат асистивна технологија, ја ставаат на располагање на учениците кои имаат потреба од неа и во домашни услови
3. НАСТАВА СО КОМБИНИРАН МОДЕЛ - Со комбинирање на наставата со физичко присуство и учење од далечина во групи
Доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот на Ковид-19, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, може да донесе одлука наставата, заради заштита на здравјето на учениците, за учениците од петто до деветто одделение да се спроведе со комбинирање на настава со физичко присуство и со учење од далечина.
Овој модел на настава подразбира дека дел од учениците ја следат наставата со физичко присуство, а дел со учење од далечина (учениците од прво до четврто одделение, наставата ја следат во училиште, додека учениците од петто до деветто одделение наставата ја следат дел во училиште, дел со учење од далечина).
За учениците од прво до четврто одделение наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство.
За учениците од петто до деветто одделение наставата се реализира со делење на одделенијата на две групи:
- едната група наставата ја следи со физичко присуство, а втората група преку учење од далечина. Групите на ученици по циклуси треба да бидат постојани (непроменливи)
Исклучок од правилото:
- Исклучок од правилото ќе бидат одредени категории ученици со хронични болести, ученици кои имаат родители/старатели со хронична болест за кои ќе се овозможи да следат настава од далечина или комбинирано.
- Можност за следење настава од далечина или комбинирано може да биде овозможена и во други ситуации поради немедицински причини, по упатено барање на родителот, за кое ќе одлучува училиштето.
За учениците кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина. - Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
Ученици кои немаат ИКТ /смартфон или интернет при настава со учење од далечина или комбиниран модел
За учениците кои немаат пристап до ИКТ или интернет, при настава со учење од далечина училиштето може да организира настава со физичко присуство во училиште, со согласност од родителите/старателите и исклучива согласност од Владата.
Доколку родителите не се согласуваат наставата да биде со физичко присуство, училиштето може да обезбеди ИТ уред кој се дава на користење или изготвува печатени материјали кои ги преземаат родителите во соработка со наставникот/класниот раководител/образовниот асистент или следење на едукативни емисии на МТВ. Покрај ова во интерес на децата, училиштето во договор со родителите договараат најбезбеден начин за давање и преземање на ИТ уредите, учебните материјали, домашните задачи и други училишни обврски за учениците.
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
Во средните училишта во учебната 2021/2022 година воспитно-образовниот процес се реализира согласно Календарот за организација и работа на училиштата, согласно наставните планови и програми за учебната 2021/2022 година, во училница со стандардна големина.
Наставата во средното образование може да се реализира преку три модели:
- физичко присуство на учениците во училиште,
- учење на далечина или
- комбинирање на физичко присуство и учење од далечина во групи
Средните училишта покрај редовната настава за општо образовните предмети, ја организираат и наставата за стручните предмети (за стручно образование, уметничко образование, спортска акдемија и спортска гимназија), индивидуалната настава, практичната настава во училиште и во компанија, учењето преку работа кај работодавач, феријалната практика, ја организираат со физичко присуство согласно усвоените Протоколи.
НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО НА УЧЕНИЦИТЕ
Доколку епидемиолошката состојба во државата е стабилна, наставата во средните училишта се одржува со физичко присуство на учениците во училиште со почитување на Протоколот за настава со физичко присуство.
Средните училишта согласно просторните можности ја организираат наставата во една или две смени.
Наставниците во средното училиште доаѓаат во 7.00 часот за прва смена, односно 13.00 часот за втора смена,за да го организираат влегувањето на учениците согласно распоредот на училиштето.
Наставата започнува за прва смена во 7.30 часот, односно во 13.30 часот за втора смена.
Времетраењето на наставниот час е 45 минути. После секој наставен час се користи мал одмор во траење од 5 минути и голем одмор во траење до 20 минути. За време на големиот одмор кога учениците се во училишниот двор, задолжително се спроведува чистење на училниците со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот и задолжително се проветруваат просториите.
За учениците наставата се реализира со физичко присуство во просториите на училиштето, со максимално искористување на просторните и кадровските капацитети во училиштето и со задолжителна примена на сите заштитни епидемиолошки мерки утврдени во Протоколот за настава со физичко присуство.
Секое училиште води евиденција на дневна основа за присуство на наставниците и на учениците.
Училиштата го прилагодуваат и усогласуваат Куќниот ред на училиштето со Планот и Протоколот за настава со физичко присуство.
Исклучок од правилото:
- Исклучок од правилото ќе бидат одредени категории ученици со хронични болести, ученици кои имаат родители/старатели со хронична болест за кои ќе се овозможи да следат настава од далечина или комбинирано.
- Можност за следење настава од далечина или комбинирано може да биде овозможена и во други ситуации поради немедицински причини, по упатено барање на родителот, за кое ќе одлучува училиштето.
- За учениците кои се позитивни на КОВИД-19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина.
Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
НАСТАВА СО УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
Доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот на КОВИД-19, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, може да донесе одлука наставата, заради заштита на здравјето на учениците, за учениците од средно образование да се спроведе со учење од далечина.
При настава со учење на далечина, наставниот час трае 35 минути час со 5 минути приклучување, а работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.
Распоредот на часовите задолжително се објавува на веб-страната на училиштето, на Националната платформа и се доставува по електронски пат до Државниот просветен инспекторат.
Наставата со учење на далечина, наставниците ја реализираат од училница во училиштето со користење на националната платформа.
Директорот на училиштето се грижи за целосна покриеност со интернет конекција во сите училници во училиштето. Во исклучителен случај кога во училиштето нема добра интернет конекција и истата не може да се обезбеди, наставникот часовите може да ги одржува и од дома, по претходно добиена писмена согласност од страна на директорот на училиштето.
Предметниот наставник на барање на директорот му доставува линк за приклучување на електронската интерактивна платформа за учење на далечина за да ја следи работата на наставникот во текот на наставниот час.
При реализацијата на наставата по стручните предмети, како и практичната настава во средното стручно образование потребно е да се почитуваат практичните совети кои се дел од Насоките за реализација на наставата на далечина во стручното образование и обука. (http://csoo.edu.mk/izvestuvanje/upatstvo-za-dalechsko-uchenje/).
Начинот на реализацијата на практичната обука/практичното образование (УПР, феријалната практика и практичната настава) е опишан во Насоките за реализација на практична обука и учење преку работа за време на пандемија предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 (http://www.csoo.edu.mk/).
Во средните училишта во кои се реализира настава за уметничко образование, спортска гимназија или спортска академија, наставата по општо образовните предмети се реализира со учење од далечина.
Во Спортската академија наставата по стручните предмети ќе се реализира согласно протоколите одобрени од Владата на Република Северна Македонија изготвени од академијата во соработка со националните федерации по соодветниот спорт.
Во училиштата кои имаат паралелки во кои се одвива дуално образование, практичниот дел од наставата, во компаниите, се одвива со физичко присуство на работно место, со почитување на општите протоколи за заштита и на протоколите на компаниите каде се изведува практичната настава.
Феријалната практика и учењето преку работа кај работодавач се реализира со физичко присуство во компанија/ работодавач согласно Упатството за феријална практика донесено од страна на Центарот за стручно образование и обука.
Средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука, практичната настава ја реализираат со физичко присуство на учениците во училиштето во кабинети, училишни работилници, лаборатории и други посебни простории за оваа намена.
Средните стручни училишта за успешна реализација на феријалната практика и практичната настава, ги почитуват сите безбедносни протоколи, како и Протоколот за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Mакедонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, Општиот Протокол за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач, како и Протоколите за превентивни мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги.
Стручните соработници во училиштето или образовните асистенти кои обезбедуваат поддршка на учениците со попреченост, продолжуваат со поддршката на образовниот процес на учениците во училиштето или во домот на ученикот и треба да бидат во постојана комуникација и координација со инклузивниот тим во училиштето и родителите.
Образовниот асистент или стручните соработници од училиштето начинот на поддршката на образовниот процес на ученикот ја договара во директна соработка со родителот/старателот.
Училиштата кои имаат асистивна технологија, ја ставаат на располагање на учениците кои имаат потреба од неа и во домашни услови.
Организирањето на наставата преку учење од далечина може да се однесува на одреден период (пократок или подолг во зависност од епидемиолошката состојба), па дури и доколку состојбата го налага тоа и во текот на целата наставна година.
4. НАСТАВА СО КОМБИНИРАН МОДЕЛ - со комбинирање на наставата со физичко присуство и учење од далечина во групи
Доколку епидемиолошката состојба во државата или во одредени региони или општини се промени и се забележува повторно ширење на вирусот на КОВИД-19, Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, може да донесе одлука наставата, заради заштита на здравјето на учениците, да се спроведе со комбинирање на настава со физичко присуство и со учење од далечина во групи.
Овој модел на настава подразбира дека дел од учениците ја следат наставата со физичко присуство, а дел со учење од далечина, односно наставата се реализира со делење на одделението на две групи:
- едната група наставата ја следи со физичко присуство, а втората група преку учење од далечина. Групите на ученици по циклуси треба да бидат постојани (непроменливи).
Исклучок од правилото:
- Исклучок од правилото ќе бидат одредени категории ученици со хронични болести, ученици кои имаат родители/старатели со хронична болест за кои ќе се овозможи да следат настава од далечина или комбинирано.
- Можност за следење настава од далечина или комбинирано може да биде овозможена и во други ситуации поради немедицински причини, по упатено барање на родителот, за кое ќе одлучува училиштето.
- За учениците кои се позитивни на Ковид 19 или се во самоизолација, наставата може да се реализира преку учење од далечина.
- Учениците кои следат настава од далечина се вклучуваат на часот во истото време додека наставникот го одржува часот со учениците кои следат настава со физичко присуство.
ПОСТАПКА ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА НАСТАВА СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО ЗА ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО УСЛОВИ КОГА СЕ ВЛОШУВА ЕПИДЕМИЛОШКАТА СОСТОЈБА И НАСТАВАТА СЕ ПРЕФРЛА НА НАСТАВА СО УЧЕЊЕ ОД ДАЛЕЧИНА
Во услови кога наставата се префрла во настава со учење од далечина општинското основно, односно средното училиште може да продолжи со настава со физичко присуство (за учениците од петто до деветто одделение, за учениците во подрачните училишта во комбинирани паралелки од прво до петто одделение и за учениците од средно образование) доколку има добиено Одлука за истото од Владата на Република Северна Македонија за минатата учебна 2020/2021 година. Оваа одлука училиштето ја доставува до основачот и наставата продолжува со физичко присуство.
Државните училишта (основните училишта со ресурсен центар, основните училишта со ресурсен центар и интернатско сместување, основните музички и балетски училишта, средните уметнички училишта, спортската академија, спортска гимназија и средните училишта за ученици со посебни образовни потреби), чиј основач е Владата, заради специфичната воспитно-образовна дејност која ја вршат, начинот на реализирање на наставата го утврдуваат со посебен План и Протокол кој е во согласност со Протоколот за настава со физичко присуство и го доставуваат до Министерството, а наставата ја реализираат согласно со Одлуката од Владата на Република Северна Македонија која ја имаат добиено за минатата учебна 2020/2021 година.
РЕДОВНОСТ ВО НАСТАВАТА ЗА УЧЕНИЦИТЕ ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА КОИ СЛЕДАТ НАСТАВА ОД ДАЛЕЧИНА
Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.
За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.
Ученикот кој не можел да биде оценет поради отсуство од најмалку една третина од фондот на наставни часови од одредени предмети, има право да полага одделенски испит/ испит на година по предметите по кои не е оценет, согласно Законот за основното образование/ Законот за средното образование.
НАДЗОР ЗА ПРИМЕНАТА НА ПЛАНОТ И ПРОТОКОЛИТЕ
Следењето на реализацијата на наставниот процес согласно Планот и Протоколите согласно трите модела (со физичко присуство на учениците, комбиниран модел и учење од далечина), го врши Државниот просветен инспекторат согласно своите надлежности преку редовен и вонреден надзор, а надзор на примената на Протоколите за одржување на наставата со физичко присуство и комбиниран модел на настава во учебната 2021/2022 година вршат Државниот просветен инспекторат и Државниот санитарен инспекторат согласно нивните надлежности.
Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19.
Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоеучилиште да се определи назначено одговорно лицеза контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19
- Доколку ученик, за време на престој во училиште, развие покачена телесна температура над 37,5 С° и симптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето.
- Додека ученикот е во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето.
- Назначеното одговорно лице од училиштето веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето.
- Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот.
- Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.
- Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целото училиште.
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА УЧЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на ученикот ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот.
Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението/класот во кој престојува позитивниот ученик) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот.
Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот на Мој Термин.
Назначеното одговорното лице во училиштето ги обезбедува следните податоци:
- Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите
- Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци
- Дополнително, список на други наставници/вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик
Списокот со контакти на потврдениот ученик ги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените). За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и превземените мерки го известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.
Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.
Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.
Ученикот позитивен на SARS-CoV-2 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.
ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARS-COV-2
- Ученикот кој бил сомнителен на КОВИД-19, а за кој е докажано со PCR тестирање дека е негативен на SARS-CoV-2, продолжува да го посетува училиштето и наставата со приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште
НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата во услови на епидемија со КОВИД-19 ја врши Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Република Северна Македонија.
- Секое средно училиште за реализација на практичната настава задолжително го применува и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Mакедонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците.
- Практичната настава во училиштето се реализира во период од 7:00 часот до 20:00 часот.
- Практичната настава во училиштето се реализираа во кабинети, училишни работилници, лаборатории и други посебни простории за оваа намена.
- Раководителот на паралелката за оправдано отсутните ученици задолжително го известува наставникот по практична настава.
- На влезот во училиштето, пред и/или во кабинетите, работилниците, лабораториите, како и во самите простории, се поставуваат средства за дезинфекција.
- Наставниците и учениците при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- Наставниците и учениците задолжително ги почитуваат сите безбедности протоколи, општите препораки, известувања и документи за КОВИД – 19.
- Практичната настава во кабинетите, работилниците, лабораториите се изведува со најмногу до 17 ученици, во зависност од бројот на работни места и можноста да се обезбеди физичко растојание од 1,5 метри помеѓу сите присутни во просторијата.
- Училиштето изготвува посебен распоред за влез/излез на учениците во кабинетите, работилниците, лабораториите (времетраење на практичната настава, број на просторија, одговорен наставник и сл.) за секоја паралелка/група и го истакнува на видно место во училиштето и на веб страната на училиштето.
- Распоредот на часови по практична настава се организира така што помеѓу работата на една паралелка/група ученици во кабинетот/работилницата/лабораторијата да најмалку 15 мин. за да може да се спроведе чистење и дезинфекција на /просторијата и опремата.
- Зависно од бројот на часови по наставен план, се препорачува спојување на часовите по практична настава (блок часови), со цел да се оптимизира престојот на учениците во просторијата.
- Чистењето и дезинфекцијата на машините, инструментите, алатите и другата опрема, како и на кабинетите, работилниците, лабораториите се врши пред почетокот на практичната настава, по завршување на една група на ученици и пред отпочнување на друга група, помеѓу часовите, како и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Просториите задолжително се проветруваат после секои поминати 60 минути со иста група ученици најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на друга група на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на реализација на практичната настава.
- Се забранува размена и позајмување на личната опрема (работен мантил, работна униформа, ракавици и друго) меѓу учениците и наставниците.
- Училиштето треба да назначи посебен редар од редот на вработените, во делот на училиштето каде се наоѓаат кабинетите, работилниците и лабораториите (доколку тие се одвоени од главната зграда на училиштето) со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри кога тие се упатени за реализација на практична настава.
Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач.
- Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна и на своите вработени од друга страна.
- Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата/организацијата/работилницата поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
- Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете, што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад) и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- Респираторна хигиена, што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко растојание, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр.прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот-физичко дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичко растојание, согласно важечките прописи во заедничките простории, како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти.
- Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
- Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.
Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите.
- А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/организацијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.
Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, канцеларија, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.
- Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:
- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
- да остави податоци за контакт.
Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лабораторија, работна средина, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.
Стручното лице за безбедност при работа ќе го информира секторот за човечки ресурси и раководителот на лицето, за инструкциите добиени од службата за епидемиологија, по што ќе донесат одлука како понатаму да се постапи. За одлуката ќе го известат лицето кое претходно ги информирало.
- Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.
- Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичко растојание, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
- Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.
- На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина, лабораторијата да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанијата/организацијата.
- После завршување на одредена активност на секоја група просторијата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од КОВИД-19.
- Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице од компанијата/организацијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичко растојание и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.
Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот машинство.
- Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.
- Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/работилницата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
- Учениците и компаниите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и заштитни ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.
- Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко растојание, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) и контакти во насока на одржување на редот физичко растојание. Учениците се должни да одржуваат и физичко растојание согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, лифтови, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.
- Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работилницата) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
- Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите.
- А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/работилницата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавач, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици.
Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби /работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
Стручното лице за безбедност при работа/менторот/ одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршена дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.
- Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавач дека бил во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач треба да ги побара следниве информации од него:
- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
- да остави податоци за контакт
Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно одговорниот наставник. Менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство, погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.
Стручното лице за безбедност при работа/менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавач веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.
- Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука/работодавачот.
- Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука /работодавачот во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичко растојание, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
- Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално, а доколку треба групна активност потребна е обезбеденост од почитување на протоколите за заштита од КОВИД-19.
- На секој час при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните/работилниците да се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија.
- После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, погонот/работилницата се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19.
- Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице од компанијата/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичко растојание и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.
Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот земјоделство, рибарство и ветеринарство.
- Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.
- Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и организацијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата/организацијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
- Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, за време на работните активности и потребите, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.
- Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување) во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови и излези, каде што може да дојде до собирање на вработени и ученици.
- Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Мерење на температура на учениците пред влезот во компанијата или ветеринарната станица и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
- Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Луѓето кои биле во близок контакт на работното место со ученик со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.
- А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата/организацијата или ветеринарната станица, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во работна просторија, да го извести својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или работодавачот, да замине директно дома, да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, ученикот треба да носи заштитни ракавици. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби или работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во негова непосредна околина (работна просторија) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби за состојбата на ученикот и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација. Наставникот веднаш треба да ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
Лицата кои биле во непосредна околина со ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.
Процесот на работа, доколку е во ветеринарна станица, ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести.
- Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби работодавачот треба да ги побара следниве информации од него:
- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
- да остави податоци за контакт
Потоа менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
- Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
- Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- На секој час при реализација учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, доколку е во ветеринарна станица се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста.
- После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбита, ветеринарната станица се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од коронавирусот КОВИД-19.
- Работодавачот воспоставува ефективни канали за комуникација и размена на информации со наставникот, родителот/старателот водејќи сметка да се намали физичкиот контакт меѓу учесниците во обуката.
- Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/одговорното лице од компанијата/организацијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.
Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот хемија и технологија.
- Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.
- Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат Договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции и компанијата поврзани со актуелните состојби предизвикани од Коронавирусот КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или претставник од компанијата кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
- Учениците и компаниите во кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа, пред јадење, често пати за време на работните активности и по завршување на истите во текот на работната смена во зависност од работниот процес и потребите, а особено по контакт со колеги, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби;
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визири, хартиени марамчиња и заштитни ракавици, како и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот.
- Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/ работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење везири и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/ работодавачот, исто така, е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Доколку некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се преземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 метри и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), и контакти во насока на одржување на редот физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, остави/кантини, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени и ученици.
- Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Мерење на температура на учениците пред влезот на работното место (погонот, работната просторија) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
- Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција. Задолжително контактирање со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.
- А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата, треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, ученикот треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.
Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работаат во негова непосредна околина (иста линија за производство, лицата кои имале директен контакт во погонот и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата. Истовремено, за состојбата на ученикот, треба да го информира и училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби со кого контактира. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
Лицата кои работале во непосредна околина на ученикот исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.
- Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, треба да го информира својот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во компанијата дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:
- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
- да остави податоци за контакт.
Потоа менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
Доколку кај ученикот се појавиле симптоми на КОВИД-19, менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби ќе го упати да се јави кај својот матичен лекар и ќе го извести училиштетото, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба веднаш да го пополни образецот со податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата кои работеле во негова непосредна околина (иста линија за производство,погон, лицата кои имале директен контакт и сл.), да го достави до стручното лице за безбедност при работа и секторот за човечки ресурси и да ги информира за ситуацијата.
Стручното лице за безбедност при работа веднаш ќе ја информира службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Службата за епидемиологија ќе даде насоки како понатаму треба да се постапи.
- Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот кај кого се реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
- Се воспоставуват безбедни и по мерка на учениците механизми за поплаки и жалби, како и за повратни информации од реализацијата на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите во погоните, работната средина или при реализација на вежбите во лабораторија се прави проветрување, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и во конкретната компанија.
- После завршување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, просторијата или погонот се проветрува и дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.
- Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и менторот/ одговорното лице од компанијата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби од компанијата. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.
Со овој протокол се уредува начинот на постапување на работодавачите и учениците во услови на пандемија од КОВИД-19 при реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач во секторот лични услуги.
- Работодавачот кај кого се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен за секој ученик да обезбеди опрема за лична заштита и упатства за нивна правилна употреба и да ги преземе сите неопходни мерки со цел максимална заштита на учениците и нивните ментори, од една страна, и на своите вработени од друга страна.
- Училиштето, работодавачот и ученикот/родителот/старателот склучуваат договор за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавачот. Истиот треба да биде дополнет со одредби кои ќе го регулираат изведувањето на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Се воспоставува флексибилен работен ангажман од страна на сите учесници во процесот (работно време, можност за реализација од далечина, работа од дома, блоковска реализација и сл.) при учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Секој ученик кој реализира учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кај работодавач (во натамошниот текст: ученик) е должен да потпише изјава со која се обврзува за доследно и целосно почитување на сите мерки и препораки (досегашни и идни) од надлежните институции поврзани со актуелните состојби предизвикани од КОВИД-19, а сè со цел обезбедување лична и колективна заштита, но и како дополнителен поттик учениците максимално да се трудат за почитување на сите мерки и препораки. За потпишувањето и содржината на изјавата се информира родителот/старателот. Доколку ученикот не е полнолетен, изјавата ја потпишува родител или старател на ученикот. Секој ментор или одговорно лице за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби кој е во постојана директна комуникација со учениците, потребно е да се грижи за целосно и доследно почитување на пропишаните мерки и препораки и да алармира за секое прекршување.
- Учениците и работодавачите кај кои се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19 што важат за сите работни места и за сите лица на работните места, односно за работодавачите, раководителите, работниците, договарачите, клиентите и посетителите, а ги вклучуваат следниве мерки:
- Хигиена на рацете што подразбира редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода и дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол пред отпочнување со работа или некоја работна активност, често пати за време на секоја работна активност и по завршување на работната активност и во зависност од потребите, а особено по контакт со колеги или клиенти, пред јадење, по одење во тоалет, по контакт со секрети, екскрети и телесни течности, по контакт со потенцијално загадени предмети (ракавици, облека, маски, користени хартиени марамчиња, отпад), и веднаш по отстранување на ракавиците и друга заштитна опрема, а пред допирање на очите, носот или устата. Поставување станици за хигиена на рацете, како што се станици за миење на раце и диспензери за дезинфекција на раце на истакнати места во работната средина и до нив треба да имаат пристап сите ученици кои реализираат учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби.
- Респираторна хигиена што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице, визери и хартиени марамчиња, како и заштитини ракавици и канти за отпадоци со капаци за хигиенско одлагање на отпадот. Пред почетокот на работните активности менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот е должен да ги потсети учениците на обврската за носење и визир на лицето и заштитни ракавици на рацете и да им го покаже начинот за нивно правилно ставање и употреба. Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби е должен да ги извести учениците дека доколку некој е болен, не треба да доаѓа на пракса, но треба да се јави и да го извести менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот. Ако некој ученик не се чувствува добро додека е на пракса, треба да му се обезбеди медицинска маска и да се превземат соодветни активности за да може безбедно да се врати дома.
- Физичко дистанцирање, што подразбира одржување на потребното пропишано растојание од 2 (два) метра и избегнување на директен физички контакт со други лица (на пр. прегрнување, допирање, ракување), строга контрола врз надворешниот пристап на странки/клиенти кои може да имаат контакти со учениците, а во насока на одржување на редот-физичка дистанца. Учениците се должни да одржуваат и физичка дистанца согласно важечките прописи во заедничките простории како влезови/излези, остави, скали, каде што може да дојде до собирање или редици на вработени, ученици или посетители/клиенти.
- Учениците кои не се чувствуваат добро или кај кои се појавуваат симптоми што одговараат на КОВИД-19, треба да останат дома, да се самоизолираат и да контактираат со медицинско лице или со локалната линија за информации за КОВИД-19 за совети.
- Мерење на температура на учениците пред влезот на работната просторија (салонот, студиото, работилницата, лабораторијата и сл.) и отсранување од работното место доколку има покачена температура на 37 степени.
- Почитување на стандардните оперативни процедури за управување со лице кое ќе се разболи додека е на пракса, а постојат сомневања дека има КОВИД-19, вклучително и сместување на лицето во просторија за изолација, ограничување на бројот на лица кои имаат контакт со него, употреба на лична заштитна опрема и последователно чистење и дезинфекција.
Задолжително е да се контактира со регионалниот епидемиолог за да се олесни следењето на контактите. Учениците кои биле во близок контакт на работното место со лице со лабораториски потврден КОВИД-19 по направената проценка од страна на локалниот епидемиолог треба да бидат ставени во домашна изолација, во период од 14 дена од последниот контакт со тоа лице.
- А) Начин на постапување доколку ученикот е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби
Секој ученик кој ќе почувствува појава на знаци и симптоми на КОВИД-19, како болки, покачена телесна температура, кашлање или тешко дишење, додека е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во салонот/студиото/работилницата треба веднаш да се тргне настрана од останатите лица во неговата работна средина, да го извести својот ментор/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот и да замине директно дома да се самоизолира и веднаш да го извести својот матичен лекар. Додека не замине дома, лицето треба да стои настрана, најмалку 2 (два) метри од останатите лица и носот и устата да ги покрие со маска или со марамче за еднократна употреба. По употребата марамчето треба да го чува во џебот. На рацете, лицето треба да носи заштитни ракавици.
Доколку има потреба и доколку е можно, ученикот треба да се изолира во посебна просторија, при што вратата треба да се затвори. Доколку е можно треба да се отвори прозорец за да се обезбеди вентилација. Ученикот до дома треба да се превезе со сопствен превоз од член од семејството. Доколку ученикот не се чувствува добро, до таа мера што треба да се повика итна медицинска помош, тогаш веднаш се повикува итната медицинска помош на тел. број 194.
Менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот треба веднаш да го пополни образецот со Податоци за лицето сомнително на КОВИД-19, како и за лицата биле во неговата непосредна околина (колегите и лицата кои имале директен контакт и сл.) и да ги информира: училиштето, односно наставникот надлежен за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби за состојбата на ученикот, и службата за епидемиологија при подрачниот центар за јавно здравје. Наставникот ќе ги информира родителите да го земат ученикот од местото каде реализира учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби.
Службата за епидемиологија ќе изврши епидемиолошки/ теренски увид/ анкети и проценка на ризик, по што ќе ги утврди лицата кои со решение од државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе бидат ставени по здравствен надзор за домашна изолација.
Лицата кои работаат во непосредна околина исто така треба веднаш да заминат дома, да се самоизолираат и веднаш да го известат својот матичен лекар.
Процесот на работа ќе продолжи после темелно механичко чистење на работната просторија и извршената дезинфекција од страна на овластена установа за вршење на дезинфекција, дезинсекција и дератизација заради спречување и сузбивање на заразните болести. Дезинфекцијата ќе ја организира стручното лице за безбедност при работа.
- Б) Начин на постапување доколку ученикот не е на местото каде се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби (односно се наоѓа дома или на друго место)
Кога ученикот не е на местото каде што се спроведува учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, тогаш ќе го информира својот ментор/одговорното лице од салонот/студиот/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична настава и вежби/работодавачот дека било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19, со лице во изолација или дека кај него се појавиле симптоми на КОВИД-19. Неговиот ментор/одговорното лице за учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби треба да ги побара следниве информации од него:
- дали лицето било во контакт со потврден или можен случај на КОВИД-19 или со лице во изолација;
- доколку не, да објасни зошто лицето е загрижено;
- дали кај лицето се појавиле симптоми на КОВИД-19;
- доколку да, дали лицето се јавило кај својот матичен лекар и што лекарот му препорачал и
- да остави податоци за контакт.
Потоа менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби/работодавачот ќе го извести ученикот да остане дома до следното известување од страна на училиштето и ќе го информира училиштето за состојбата на ученикот.
- Право и обврска на секој ученик е да се грижи за сопствената безбедност и здравје и за безбедноста и здравјето на другите лица кои работат со него и лицата кои се засегнати од неговите активности, во согласност со обуките и инструкциите кои му се дадени од страна на менторот/одговорното лице од салонот/студиото/работилницата надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби и работодавачот.
- Распоредот на ученици за секоја работна недела го прави менторот/одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби во соработка со наставникот по учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби, а бројот на ученици се ограничува на оптималниот број кој овозможува почитување на обврските за физичка дистанца, зависно од условите за работа кај работодавачот, расположливите капацитети за пракса и моменталните состојби и проценки.
- Се забранува групирање на учениците за време на реализацијата на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. Задачите кои се задаваат на учениците при што тие треба да извршуваат одредени активности, да бидат осмислувани така да можат да се извршуваат индивидуално.
- На секој час при реализација на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, како и по влегување на нов клиент и по излегување на клиент, работната просторија (салонот, студиото, работилницата) треба да се проветрува, согласно општите протоколи и протоколите за постапување во дејноста и да дезинфицира со средство кое делува на вируси според упатството од производителиот и општите препораки за дезинфекција на работни површини и простории заради заштита од Коронавирусот КОВИД-19.
- Работодавачот треба да обезбеди вклучување на учениците со посебни образовни потреби во изведување на учењето преку работа, феријалната практика, практичната обука и вежбите, со обезбедување на поддршка од страна на работодавачот, наставникот и менторот/ одговорното лице надлежно за реализација на учење преку работа, феријална практика, практична обука и вежби. За учениците со посебни образовни потреби, важат истите препораки за физичка дистанца и одржување на личната хигиена, како и останатите универзални мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19.
- Наставниот процес во Заводот ,,Кочо Рацин,, ќе се одвива во две смени. Првата смена во период од 08:00 часот до 13.00 часот, додека втората смена од 14:00 до 19:00 часот.
- Продолжениот престој за учениците од одделенска настава ќе се реализира од 10.30 – 13.00 часот, а ќе бидат опфатени 2 ученици со уредно потпишани изјави, во една училница со соодветно растојание меѓу нив.
- Во училиштето ќе продолжи да функционира интернатот кој што работи седум дена во неделата 24часа. Во него ќе бидат опфатени само нашите штитеници. Во него поради подобра заштита на учениците ќе бидат сместени вкупно 9 ученици во девет спални соби, односно во еднокреветна соба може да биде сместен еден ученик, а во собите со над два кревети можат да бидат сместени максимум два ученици. Секоја од спалните соби е со површина над 30 м2 и во секоја од спалните ќе бидат сместени по еден ученик. Интернатот (машки оддел и женски оддел) располагаат со неколку тоалети, што овозможува да нема блиски контакти помеѓу децата за време на одржување на личната хигиена. Во текот на денот ќе се врши повеќе пати проветрување, а дезинфекција на просториите ќе се врши кога децата ги напуштаат собите односно за време на доручекот во 07:20 часот, за време на ручекот во 13:00 часот и за време на вечерата во 19:00 часот. Давање на редовна терапија и бањање се врши индивидуално за секое дете од страна на негувателот. При постојаната контрола на децата од страна на негувателот мери температура четири часа во текот на ноќта и се води евиденција.
- Родителот/старателот ќе има обврска кон училиштето да достави изјава:
- За избор на Модел на настава кој ќе ја следи неговото дете
- За придржување до планот и протоколите за одржување на настава во училиштето
- Доколку член од семејството има симптоми кои се карактеристични за КОВИД-19, во најбрз можен рок ќе го извести училиштето и ученикот ќе го продолжи воспитно – образовниот процес од домашни услови (електронско учење)
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција двата влезови на училишната зграда и изготви распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и ќе го истакне на видни места во училиштето.
- На влезот од училиштето, во ходниците и училниците ќе се постават едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце и сунгер за дезинфекција на обувки.
- Родителите/старателите заедно со учениците со организираниот такси превоз или сопствен превоз ги носат до влезовите на училиштето.
- На влезовите од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, одделенски наставник, негувател и воспитувач, кој се грижат за ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.
- Медицинската сестра и негователот во училиштето при влез на учениците во училишната зграда ја мeри телесната температура на учениците со безконтактен топломер, а во случај на покачена телесна температура (над 37.4°). Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Доколку родителот не се јави при повикот, го информираме центарот за јавно здравје.
- Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице и/или визир, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените во училишптето задолжително носат работна облека.
- Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37,4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 2–5 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од најмалку 2 метри помеѓу учениците наставникот во училници со над 30м2.
- Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето од страна на наставниците и медицинската сестра..
- При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.
- Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.
- За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
- За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.
- За учениците според ИОП и согласно наставните планови и програми се изработуваат едукативни материјали кои ќе се достават до родителите на индивидуални средби во училиштето каде и родителите ќе добијат насоки и упатства за изработка на материјалите, по верификацита на училиштето како основно училиште со ресурсен центар и интернатско сместување
- За учениците од подалечните места на живеење чии што родители нема да можат да доаѓаат во училиштето, наставниците едукатвните материјали ќе ги копираат и принтаат во училиштето, а уредно спакувани во плик ќе им бидат испратени по пошта или ќе бидат пренесени со превоз во нивниот дом.
- Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
- Активностите на училиштето се објавуваат и на веб страната на училиштето согласно изработениот распоред за развојно-едукативни содржини за учениците од ЗРДОСГГДПР ,,Кочо Рацин”. Освен за учениците и нивните родители ресурсите се достапни и за пошироката јавност.
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.
- За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето располага со листа за сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
- Секој ученик ќе има свој прибор за работа и наставно дидактички материјали, кои во текот на денот нема да ги разменува со друго дете.
- Секој ученик ќе има свои дидактички материјали и нема да биде дозволена размена се додека не се изврши дезинфекција на истите. Дидактичкиот материјал ќе се дезинфицира во кофи со дезинфекционо средство во секоја училница посебно.
- При следење на едукативна програма на ТВ децата во интернатот седат на растојание најмалку на 2 м2 а со далечинскиот управувач ќе управува негувател или воспитувач.
- Секој ученик задолжително ќе има обележано своја клупа и столче, поставени на растојание од најмалку 2 метри.
- Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици запазена дистанца и помош од негователот.
- Тоалетите ќе бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории ќе се чистат најмалку два пати во една смена, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, ќе се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
- Часовите, секогаш кога ќе дозволуваат временските услови, ќе се реализираат во училиштен двор запазувајќи ги сите препораки и мерки за заштита и превенција од КОВИД-19.
- Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
- Училиштето ќе воведе систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите.
- Просториите задолжително ќе се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата прозорецот во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен. Во училницата ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Директорот на основното училиште изготви распоред на лица одговорни за спроведување на протоколите.
- Учениците доаѓаат и одат на училиште, со организиран превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ќе ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација која што ќе ја договорат родителите и наставниците.
- За потребите на учениците од интернатот (9 ученици) и учениците од продолжен престој (2 ученици) во училишната кујна ќе биде приготвен еден топол оброк во текот на денот. Трпезаријата каде што ќе се служи оброкот за интернатките ученици е со површина од 100м2 и во неа ќе бидат послужени и појадок, ужина и вечера во облик на ланч пакет. Секој ученик ќе седи на посебна маса. Учениците од продолжен престој својот топол оброк ќе го добиваат уредно спакуван во кутиии за една употреба.
- За училишната кујна и трпезарија се грижи готвачот.
- Учениците кои доаѓаат само на редовна настава оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница како и за време на настава кога наставникот ќе зборува и кога децата меѓусебно треба да зборуваат за целите на часот, ќе ги тргнат маските имајќи предвид дека тоа се деца со оштетен слух и голем дел од нив читаат од уста, но притоа ќе се запази минималната дистанца од 1.5 м.
- Со оглед на тоа што во нашата инсистуција учат ученици со оштетен слух, говор и глас тимот на училиштето ја разгледува можноста за набавка на одобрени од комисијата за здравство прозирни маски за побезбедна и полесна комуникација на учениците и наставниците.
- Забрането е разменување храна и пијалоци како и носење на храна од дома. Забрането е разменување на прибор за јадење помеѓу учениците, се користат чаши и прибор за јадење за една употреба.
- Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
- Користењето на спортската сала и други простории ќе бидат користени од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки
- Преминувањето низ заедничките простории ќе се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
- Влегување на други лица ќе се избегнува (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Индивидуалните рехабилитациони третмани ќе продолжат преку реализирање индивидуален третман за учениците со кои посетуваат настава во Заводот ,,Кочо Рацин,, - Битола, по изготвен распоред во согласност со протоколите дадени од МОН и протоколите за заштита и превенција од КОВИД-19, во кабинетите за слушно-говорни вежби, логопедски, психолошки, ортооптичко-плеоптички, сензорна соба и биофидбек терапија. Пред влегување во кабинетот се врши задолжителна дезинфекција на рацете на ученикот. Третманите ќе траат 30 минути согласно дадените насоки и препораки. По завршување на третманот ќе се врши задолжителна дезинфекција на просторијата и материјалите за работа.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 ќе се почитуваат препораките во комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината и до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, ќе се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
- Наставниот процес во училиштето ќе се одвива во две смени период од 07:30 часот до 15:30 часот, во две смени (прва смена 7:30 – 11.00, и втора смена од 11.15 до 15.30)
- Продолжениот престој за учениците од одделенска настава ќе се реализира од 11:00 – 13:00 часот, а ќе бидат опфатени 8 ученици со уредно потпишани изјави, поделени во две училници.
- Во училиштето ќе продолжи да функционира ученичкиот дом кој работи пет дена во неделата (од понеделник до петок). Во него поради подобра заштина на учениците ќе бидат сместени вкупно 4 ученици во две спални соби со над два кревети. Во едната спална соба има 6 кревети а ќе бидат сместени 2 ученика а во другата спална соба има 8 кревети и таму ќе бидат сместени 2 ученика. Секоја од спалните соби е со површина од 28,4 м2 и во секоја од спалните ќе бидат сместени по два ученика на растојание од 5 метри.
- Родителот/старателот ќе има обврска кон училиштето да достави изјава:
- За избор на Модел на настава кој ќе ја следи неговото дете
- За придржување до планот и протоколите за одржување на настава во училиштето
- Доколку член од семејството има симптоми кои се карактеристични за КОВИД-19, во најбрз можен рок ќе го извести училиштето и ученикот ќе го продолжи воспитно-образовниот процес од домашни услови (електронско учење)
- Училиштето за влез и излез на учениците го става во функција единствениот влез на училишната зграда и изготви распоред за влез/излез со различно време на влегување и излегување на учениците за секое одделение и ќе го истакне на видни места во училиштето.
- На влезот од училиштето, во ходниците и училниците ќе се постават едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.
- Родителите/старателите ги испраќаат учениците до организираниот такси превоз кој ги носи до влезот на училиштето (при превозот ќе се почитуваат протоколите од 75% во возило).
- На влезот од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи ученикот да ги дезинфекцира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфекцира рацете со дезинфекционо средство.
- Негователот во училиштето при влез на учениците во училишната зграда ја мeри телесната температура на учениците со безконтактен топломер, а во случај на покачена телесна температура (над 37.4°). Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште и време на престојот во училиште задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице и/или визир, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца. Вработените во училишптето задолжително носат работна облека.
- Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфекцираат обувките и рацете.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура (над 37,4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 2–3 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од најмалку 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
- Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
- При настава со учење на далечина работниот ден на ученикот трае од 3 до 5 саати дневно, во зависност од возраста на учениците и одмор од 10 (десет) минути по секој наставен час или активност.
- Доколку ученикот кој следи настава со учење на далечина не се вклучи на настава повеќе од пет дена, наставникот со стручната служба во училиштето реализира посета на ученикот во неговиот дом и спроведува разговор со родителот за неопходноста од задолжително и редовно следење на наставата.
- За извршената посета и разговор со родителот/старателот се составува белешка.
- За нередовно присуство на наставата се применуваат педагошките мерки утврдени во Законот за основното образование и Законот за средното образование.
- За учениците според ИОП и согласно наставните планови и програми се изработуваат едукативни материјали кои ќе се достават до родителите на индивидуални средби во училиштето каде и родителите ќе добијат насоки и упатства за изработка на материјалите.
- За учениците од подалечните места на живеење чии што родители нема да можат да доаѓаат во училиштето, наставниците едукатвните материјали ќе ги копираат и принтаат во училиштето, а уредно спакувани во плик ќе им бидат испратени по пошта или ќе бидат пренесени со превоз во нивниот дом.
- Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
- Активностите на училиштето се објавуваат и на веб страната на училиштето согласно изработениот распоред за развојно-едукативни содржини за учениците од ПОУ „Маца Овчарова“. Освен за учениците и нивните родители ресурсите се достапни и за пошироката јавност.
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.
- За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето располага со листа за сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
- Секој ученик ќе има свој прибор за работа и наставно дидактички материјали, кои во текот на денот нема да ги разменува со друго дете.
- Секој ученик ќе има свои дидактички материјали и нема да биде дозволена размена се додека не се изврши дезинфекција на истите. Дидактичкиот материјал ќе се дезинфицира во кофи со дезинфекционо средство во секоја училница посебно.
- Секој ученик задолжително ќе има обележано своја клупа и столче, поставени на растојание од најмалку 1,5 метар
- Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици запазена дистанца и помош од негователот.
- Тоалетите ќе бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории ќе се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, ќе се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
- Часовите, секогаш кога ќе дозволуваат временските услови, ќе се реализираат во училиштен двор запазувајќи ги сите препораки и мерки за заштита и превенција од КОВИД-19.
- Чистењето на фискултурната сала и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето од страна на секоја група ученици.
- Училиштето ќе воведе систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите.
- Просториите задолжително ќе се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата прозорецот во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен. Во училницата ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Директорот на основното училиште изготви распоред на лица одговорни за спроведување на протоколите.
- Учениците доаѓаат и одат на училиште, со организиран превоз. Превозниците кои вршат превоз на ученици ќе ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- За потребите на учениците од интернатот (4 ученици) и учениците од продолжен престој (8 ученици) во училишната кујна ќе биде приготвен еден топол оброк во текот на денот. Трпезаријата каде што ќе се служи оброкот за интернатките ученици е со површина од 35 м2 и во неа ќе бидат послужени и појадок, ужина и вечера во облик на ланч паќет. Секој ученик ќе седи на посебна маса. Учениците од продолжен престој својот топол оброк ќе го добиваат уредно спакуван во кутиии за една употреба.
- За училишната кујна и трпезарија се грижи готвачот.
- Учениците кои доаѓаат само на редовна настава оброкот го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница.
- Забрането е разменување храна и пијалоци како и носење на храна од дома. Забрането е разменување на прибор за јадење помеѓу учениците, се користат чаши и прибор за јадење за една употреба.
- Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
- Користењето на спортската сала, сензорна соба и други простории ќе бидат користени од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки
- Преминувањето низ заедничките простории ќе се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
- Влегување на други лица ќе се избегнува (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Сервисните услуги во училиштето ќе продолжат преку реализирање индивидуален логопедски третман за учениците со говорна патологија кои посетуваат настава во редовните основни училишта во Велес и за учениците од ПОУ „Маца Овчарова“ кои имаат потреба од индивидуален третман ќе се изведуваат третмани по изготвуваат распоред во согласност со протоколите дадени од МОН и протоколите за заштита и превенција од КОВИД-19.
- Родителите кои доаѓаат како придружба на своето дете ќе го донесат и предадат детето на третман на влезот од училиштето, а потоа во зависност од временските услови ќе го чекаат детето во училишниот двор или во просторијата наменета за родители. Пред влегување во кабинетот се врши задолжителна дезинфекција на рацете на ученикот и мерење на телесната температура со безконтактен термометар. Логопедскиот третман ќе трае 30 минути согласно дадените насоки и препораки. По завршување на третманот ќе се врши задолжителна дезинфекција на просторијата и материјалите за работа.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 ќе се почитуваат препораките во комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, ќе се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
- Воспитно- образовниот процес во училиштето се одвива во две смени, едната смена наставниот процес во период од 07:45 часот до 11:20 часот, а воспитно-образовната работа со интернатски сместените ученици во период од 14:00 до 16:30 часот.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите 2 влеза на училишната зграда. Учениците пристигаат во две групи: Првата група (15 ученици) стигнува организирано во 7:30 и го користи влез еден, втората група (7ученици) пристигнуваат поединечно со радио такси и го користат влез број два.
- Протокот на ученици и вработени во и надвор од училиштето се одвива по строго контролиран ред, со поставени ознаки со кои се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 1,5 метар при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- За контролиран влез и излез во/ од училиштето, пред и внатре во училиштето, се организира редарска служба (лице од технички персонал и негувател), со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар.
- На влезот од училиштето, во ходниците и училниците се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето и средства за дезинфекција на раце.
- Родителите/ старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивно влегување во училиштето, освен за родителите/ старателите/ образовните асистенти на учениците со посебни образовни потреби со задолжително носење на маска/ прекривка на лицето.
- На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник и негувател, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
- На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување вомини бусот и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37,5°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
- Вработените во училиштето и учениците при влегување во училиште, за време на престојот во училиште и за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/ покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
- Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37,5°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- На учениците кои организирано патуваат пред влезот во комбето им се мери телесна температура со безконтактен топломер од страна на превозникот. На учениците пред влезот на училиштето, им се мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37,5°) не се дозволува влез на ученикот во училиште и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат на училиште.
- Наставата во училница се изведува со сите ученици од паралелката и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Нашите паралелки најмногу имаат 7 ученици, а најмалку имаат тројца. Според тоа може да се реализира наставата непречено.
- Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик- ученик и наставник- ученик од најмалку 1,5 метри.
- Наставниците ќе избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца од 1,5 метри.
- Учениците од една паралелка престојуваат во една просторија и се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците.
- Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено.
- Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.
- За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/ наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени, (тоа се просториите на училниците, логопедскиот кабинет, спортската сала, занималната, кујната, трпезаријата)
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите се организира на следниот начин:истовремено најмногу двајца ученици, за редот и дисциплината во тоалетите се грижат хигиеничар и негувателка (негувателката која се грижи за децата со памперс и физички потешкотии).
- Тоалетите треба да бидат функционални заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто бидејќи се користат 24\ 7, училниците се чистат пред почетокот на наставата по завршување на наставата и по завршување на попладневните воспитно-образовни активности. Спалните соби се чистат наутро и после секое користење.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта и соблекувални и другите помошни простории, се врши веднаш по користењето.
- Во училиштето се ограничува бројот на лица кои истовремено можат да ја користат соблекувалната- една негувателка- еден ученик.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Превозниците кои вршат превоз на ученици ги почитуваат и применуваат протоколите за превоз на патници.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/ старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Учениците кои патуваат носат оброк/ храна од дома, учениците кои се интернатски сместени добиваат оброк во училиштето, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.
- Учениците оброкот донесен од дома го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница. Интернатските сместени ученици оброкот го консумираат во училишната трпезарија со запазување на протоколите на заштита. Учениците кои се несамостојни во хранењето (двајца), оброкот донесен од дома го консумираат со помош на негувателката во просториите на трпезаријата.
- Учениците ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
- Користењето на спортската сала, логопедски кабинет и други простории треба да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на повеќе ученици од различни паралелки (пр. За време на еден наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
- Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), а главниот влез е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти- епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и носење заштитна маска/ прекривка и заштитници за обувките.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/ прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА ИНТЕРНАТОТ ВО ПОУ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“- НОВО СЕЛО
- На влезот на интернатот се поставуваат едукативно– информативни материјали за заштита на здравјето на учениците, се пставуваат средства за дезинфекција за раце и обувки;
- Просториите од интернатот/ спалните се дезинфицираат секое утро по напуштање од страна на децата и остануваат затворени до легнување. Постелнина секојдневно ќе се проветрува и истата ќе се менува двапати неделно;
- Во училиштето има 10 (десет) спални соби, секоја со 20 m2, во секоја спална има по 3 кревети и ќе бидат сместени по две деца. Во просториите на интернатот се забранува влез на неовластени лица, влегуваат само негувателка и чистачка;
- Техничкиот перонал/ негувателки при влезот во просториите на интернатот задолжително ги дезинфицираат рацете и обувките;
- При пресоблекување на дете негувателките задолжително носат заштитна облека која се користи само во просториите на интернатот, истата е за една употреба и се фрла после користење. После секое дете се врши дезинфекција на соблекувалната;
- Во училиштето постои соба за изолација која секој ден ќе се дезинфицира. Во оваа просторија ќе се изолира секое дете кое ќе покаже симптоми на настинка, грип, покачена температура, КОВИД-19 и ќе се постапи според постоечките протоколи.
- Личната хигиена ќе се одржува под надзор на негувателка, капење и туширање на секое дете во интернатот најмалку два пати неделно, а по потреба и повеќе пати.
ПРОТОКОЛ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ПРОСТОРИИТЕ НА КУЈНА/ТРПЕЗАРИЈА ВО ПОУ „Св. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ” НОВО СЕЛО
- На влезот на кујната/ трпезарија се поставуваат едукативно–информативни материјали за заштита на здравјето на учениците, се пoставуваат средства за дезинфекција за раце и обувки;
- Просториите од кујната/трпезарија се дезинфицираат пред и после секоја употреба;
- Во просториите на кујната се забранува влез на неовластени лица, влегуваат готвач и садомијачка. Во просториите на трпезаријата за време на појадок и ручек на интернатски сместените деца влегува еден дежурен наставник и негувателка, за време на вечера во просториите на трпезаријата се присутни воспитувач и негувател.
- При подготовка на храната готвачот носи заштитна облека за еднократна употреба. Готвачот не смее со работна униформа да ја напушти работната просторија во текот на работното време.
- На секоја маса ќе седат најмногу по двајца ученици.
- Работното време на училиштето е од 07:00 до 22:00 часот пропишано во куќниот ред на училиштето.
- Прифаќањето на учениците со училишниот автобус кој максимално ги задоволува стандардите за заштита и почитување на мерките започнува во 07:00 часот со првата група на ученици (на релација од училиште до с. Идризово и назад) до 07:40 и втора група од училиште 07:45 часот до с. Горно Оризари и назад до 08:15 часот).
- Враќањето на учениците е по обратен редослед почнувајќи од 12: 15 до 14:00 часот.
- Наставниот процес во ПОУ „Иднина“ Скопје ќе се одвива во една смена и тоа во период од 08:30 до 12:10 часот.
- Работното време на наставниот кадар е од 07:30 до 14:00 часот.
- Работно време на Стручната служба е од 07:30 до 15:30 часот.
- Работното време на административно – техничка служба е во различен интервал од 07:00 до 08:00 часот и заминување од 15:00 до 16:00 часот.
- Приемот на учениците ќе се реализира во три групи пропишан во Планот за организација со однапред определен распоред на доаѓање и одење.
- Посебното основно училиште „Иднина“ Скопје има просторни и ресурсни капацитети за реализација на наставата во една смена. Училниците, кабинетите и помошните простории, просторно ги задоволуваат пропишаните мерки и нивната квадратура е дадена во табелата за простор од Планот за организација на воспитно - образовен процес.
- Во една училница односно паралелка ќе има присутни од 1 до 6 ученика со можност за одржување на растојание од 1,5 м помеѓу секој ученик. За секоја паралелка исто така има изготвено табела со податоци за бројот на ученици за физичко присуство во Планот за организација.
- Чуварска служба (1 чувар) во училиштето е со работно време од 14:00 до 21:00 часот од понеделник до петок и сабота од 08:00 до13:00 часот.Недела училиштето не работи.
- Наставниот процес во подрачните паралелки ќе се одвива исто така во една смена и простор кој ги задоволува условите за реализација и почитување на мерките за заштита и растојание од 1,5м согласно протоколот во училиштето во кои се наоѓаат.(ООУ „25 Мај“ Скопје – Општина Гази Баба (2 ученика со физичко присуство), ООУ„ Ѓерѓ Кастриот Скендербег – Општина Арачиново (2 ученика со физичко присуство), ООУ„Гоце Делчев Општина Илинден ( 2 ученика со физичко присуство), ООУ „Кочо Рацин“ Општина Петровец (1 ученик со физичко присуство).
- Училиштето за влез и излез на учениците ќе го користи главниот влез на училиштето според приложениот распоред за пристигнување на групите во различно и во планот определено време. Планот ќе е истакнат на видно место во Училиштето.
- Протокот на ученици и вработени во и надвор од училиштето ќе се одвива по строго контролиран ред, ќе бидат поставени ознаки со кои ќе се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание од 1,5 метар при чекање ред на учениците пред и внатре во Училиштето.
- Контролираниот влез и излез во/од училиштето, пред и внатре во училиштето, ќе се организира според планот за дежурства на наставници, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1,5 метар според следниов план:
- 2 лица (негувател и дежурен наставник) пред влезот на училиштето,
- 2 дежурни наставници во главниот хол на училиштето и
- 2 дежурни наставници кои ќе ги спроведуваат учениците до нивните училници каде истите ги прифаќаат одделенските односно предметните наставници.
- На влезот од училиштето ќе е поставена бариера за дезинфекција на обувки, на повеќе места во ходниците и во секоја училница ќе се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и безбедност во Училиштето, соодветно визуелно прилагодени за нашите ученици и средства за дезинфекција на раце, со визуелно упатство за употреба.
- Родителите/старателите ќе ги испраќаат учениците до назначениот влез, освен за родителите/старателите/лични асистенти на учениците кои во наодот и мислењето имаат наведено потреба од придружник со задолжително носење на маска/прекривка на лицето.
- Придружникот ќе престојува во првиот хол на влезот, кој е адаптиран на новонастанатата состојба и на истиот ќе му биде овозможен влез со задолжително почитување на пропишаните мерки, само во исклучителни ситуации.
- На влезот од училиштето учениците ќе ги пречекува дежурен наставник и негувател, кој се грижи ученикот да ги дезинфицира обувките и рацете, односно ќе му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
- На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, ќе им се мери телесната температура пред влегување во автобусот и ќе се врши дезинфекција на рацете и обувките. Родителот ќе чека додека се измери температура и доколку температурата е зголемена (над 37.4°) се враќаат на родителот, со препораки истиот да преземе соооветни здравствени мерки.
- Вработените во Училиштето и учениците при влегување во истото, за време на престојот во Училиште и за време на наставата, задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носат заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
- Вработените при влезот во Училиштето задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- На сите вработени ќе им се мери телесна температура пред влезот на Училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот ќе се упатува кај матичен лекар.
- На учениците пред влезот на училиштето, негувателот ќе им мери телесна температура со безконтактен топломер. Во случај на покачена телесна температура (над 37.4°) не се дозволува влез на ученикот во Училиштето и родителот се упатува на консултација кај матичниот лекар на ученикот. Децата со знаци на други заразни болести исто така не смеат да доаѓаат во Училиште. Ученикот ќе се враќа на училиште по добиена лекарска потврда за добра општа здравствена состојба.
- За секој вработен и секој ученик секојдневно ќе се води температурна листа.
- Наставата во училница ќе се изведува со најмногу 6(шест) ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и помеѓу учениците.
- Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри.
- Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително да запазуваат физичка дистанца од 1.5 метри.
- Учениците од една паралелка ќе престојуваат во една просторија, се забранува кабинетска настава, заради грижа за здравјето на учениците.
- Сервисните услуги ќе се реализираат индивидуално во кабинетите по 2 наставни часа со еден ученик со еден час пауза за дезинфекција на просторот и предметите и проветрување и потоа уште 2 наставни часа со друг ученик индивидуално. Учениците опфатени во еден ден се од исто одделение, во посебно опремен кабинет за таа намена и истата ќе ја користи само еден наставник.
- Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата ќе се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено. За престој на отворено постои определен распоред по групи на ученици.
- Првиот ден од наставата ќе започне со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во Училиштето и истата активност се повторува секојдневно.
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во Училиштето и меѓу учениците.
- За време на наставата со учениците задолжително ќе е присутен класниот раководител/одделенски наставник и ќе се грижи за почитување на физичката дистанца меѓу учениците, а за време на одморите за тоа ќе е одговорен дежурниот наставник. Учениците за време на одморите ќе престојуваат во училишните дворови, по групи, во различно определено време, а доколку временските услови не дозволуваат престој на отворено, учениците ќе престојуваат во претходно определена просторија наменета за тоа.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето ќе се изведуваат со употреба на видео-конференциска врска.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, ќе се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја група деца, а најмалку два пати на ден. Училиштето има дефинирано листа на сите површини кои треба редовно да бидат дезинфицирани.
- Чистењето на училниците ќе се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси, според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите ќе се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот ќе треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре), а при посета на тоалет ученикот ќе е придружуван од негувателот.
- Тоалетите ќе треба да бидат функционални, заради овозможување услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто ќе се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите, помошните просториие и останатите заеднички простории ќе се чистат почесто и по потреба, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите училишни активности.
- Просториите задолжително ќе се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, ќе се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) ќе се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Директорот на основното училиште ќе определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
- Учениците кои ќе доаѓаат со придружба од родител/старател/образовен/личен асистент, со организиран или јавен превоз ќе се водат по детално објаснетиот во План за организација на наставата.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Оброкот што ќе го обезбедува Училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејќи сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца.
- Учениците оброкот ќе го консумираат во училницата во која реализираат настава и само тогаш им е дозволено да ја отстранат маската/прекривката од лице во училница.
- Учениците ќе ги мијат рацете пред и по јадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвор и кога рацете изгледаат валкани.
- Преминувањето низ заедничките простории треба да се организира така што додека учениците и наставниците од една паралелка поминуваат во исто време, учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, притоа укажувајќи им на учениците да не допираат површини или предмети во просторот каде се движат.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици во чУилиштето.
- Испораките за потребите на Училиштето ќе ја преземаат надлежните, вработени во Училиштето на влезот на истото, а влез внатре во Училиштето ќе е дозволен само на сервисерите и другите служби чии услуги се неопходни (пр. спроведување на превентивни и анти-епидемични мерки како што се проверка на вода за потрошувачка, безбедност на храна и др.) со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките, пред или по завршување на наставата.
- Доколку во Училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето ќе се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот ќе воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности Училиштето ќе достави извештај до Општината, а Општината до Министерството за образование и наука. Начинот на постапување во ваква ситуација е наведен во алгоритамот.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник ќе го изолира ученикот во посебна просторија прилагодена за таква намена со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот. Ученикот ќе се изнесува на помошен излез наменет за употреба само при ваква ситуација.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
1. Оперативен план
1.1. Основни безбедносни мерки
- Наставата за учениците од прво до четврто одделение ќе се одвива во 2 смени, првата смена започнува во 8.00ч а, завршува во 10.25ч, а втората смена започнува во 11.00ч и завршува во 13.30ч
- Наставата за учениците од петто до деветто одделение ќе се одвива во една смена 8.00ч до 12.00ч поради фактот што се работи за мал број на ученици за кои се обезбедени просторни услови и услови за почитување на сите превентивни и заштитни мерки од овој протокол
- Распоредот на ученици во училница ќе се одржува на минимум 1.5 метри секогаш кога е тоа можно
- Можно е редефинирање на употребата на одредени простории во училиштето, доколку постои потреба за тоа (сала за физичко обр., менза,), за да се добие поголем функционален простор за примена на мерките за заштита според протоколот. Паралелно ќе се користи максимално училишниот двор, детското адаптирано игралиште и спортското игралиште за одржување на часови секогаш кога дозволуваат временските услови.
- Наставниот кадар и сите вработени во училиштето ќе одржуваат физичка дистанца од најмалку 1.5 метри и задолжително ќе носат заштитна опрема.
- Сите знаци и препораки ќе бидат јасно изложени на училишните ѕидови (во ходниците и училниците), во однос на миење раце, физичка дистанца, носење заштитна маска, не споделување на сопствени предмети или храна.
- За учениците од аутистичниот спектар на нарушување и оние со потешкотии во вербалната комуникација училиштето ќе користи специјално изготвени протоколи со визуелна поддршка со цел поблиску да ги објасни правилата за безбеден престој во училиште
- За сите протоколи кои ќе се спроведуваат во училиштето, персоналот ќе биде навремено известен и подготвен пред почеток на учебната година.
- Секој ученик кој ќе посетува настава со физичко присуство, е вклучен со претходно доставена Согласност од родител/ старател
- Доколку родителот/ старателот не сака неговото дете да ја следи наставата со физичко присуство, поднесува изјава до училиштето дека ученикот ќе следи настава со учење од далечина и редовно ќе дава повратни информации за работата на детето во домот
- Училиштето определува едно одговорно лице за контакт со Центар за јавно здравје
1.2. Оперативни активности пред настава, за време на настава и по заминување од училиште
1.2.1. Пристигнување со сопствен превоз
- Родителите-старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето и се забранува нивниот влез во училиштето освен за родителите на оние ученици кои имаат потреба од придружба, со задолжително носење на заштитна опрема, без непотребно задржување во училишната зграда.
1.2.2. Пристигнување со организиран училишен превоз (сопствен автобус)
- Пред секое поаѓање на автобусот ќе се врши задолжителна дезинфекција и проветрување на истиот.
- Автобусот ќе ги превзема учениците од точно одредени локации.
- Во училишниот автобус седењето ќе биде организирано така да има најмалку 1 метар растојание меѓу децата. Доколку постои можност, прозорците на автобусот ќе се остават отворени.
- Пред влез во автобусот дежурнинот наставник ќе ја мери телесната температура на секој ученик со безконтактен топломер, која не смее да изнесува повеќе од 37 целзиусови степени и ќе врши дезинфекција на рацете.
- Дежурниот наставник мора да обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м при влез во автобусот и при напуштање на автобусот.
- Во автобусот секогаш има одреден број на заштитни маски, доколку некој од учениците од одредена причина не ја носи својата заштитна маска
- Секој ученик при влегување во училишниот автобус мора да носи заштитна маска, доколку ученикот нема заштитна маска, дежурниот наставник му укажува на лицето кое го придружува.
- Седењето во автобусот ќе биде со претходно обележани места.
- Се забранува јадење, пиење, грицкање во автобусот.
- По завршување на турата ќе се врши задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.
- Враќањето на учениците со училишниот автобус ќе се одвива по истиот протокол како и за прифаќање на истите.
1.3. Протокол за регулирање на влезот на учениците и вработените во училиштето
- Училиштето поседува еден влез адаптиран со пристапна рампа во училишната зграда кој ќе се користи за прифаќање на учениците од страна на дежурен наставник и влез на вработените.
- Пред влезот во училиштето ќе бидат обележани места за одржување физичка дистанца од 1.5 метри.
- На влезната врата во училиштето ќе има поставена бариера за дезинфекција (средство за дезинфекција на рацете и обувките) и ќе се спроведува безконтактно мерење на телесна температура.
- На сите вработени им се мери телесната температура пред влезот на училиштето и во случај на зголемена температура над 37 целзиусови степени истиот се испраќа кај матичен лекар и не му се дозволува влез во училиштето.
- На влезот во училиштето учениците ќе ги пречекуваат 2 (двајца) дежурни наставници кои ќе се грижат за безбедноста и трансферот на учениците до училница.
- Сооддветниот одделенски или предметен наставник ќе ги пречекува учениците пред училиниците со цел да го минимзираат ризикот за непочитување на потребната физичка дистанца.
- На влезот од училиштето, училниците и ходниците се поставуваат визуелни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедноста на сите во училиштето.
- За време на приемот на учениците, одморите на поставен видео бим ќе бидат прикажувани мултимедијални содржини- социјални приказни за носење на маска, одржување на хигиена и потребна дистанца
- Посетителите и родителите ги најавува или лице назначено од установата.
- Се забранува поздравување со физички контакт
1.4. Протокол за одржување наставен час во училница
- Наставниот час трае 30 минути
- Учениците од секоја паралелка треба ќе престојуваат во една просторија, и нема да се реализира кабинетска настава
- Учениците во училницата ќе бидат распоредени на растојание од 1,5-2м по еден ученик во клупа со задолжително носење на заштитна маска
- Во училницата наставникот ги почитува стандардните мерки за заштита ( држи дистанца од 1,5-2м и задолжително носи заштитна маска)
- За време на наставниот час училницата се проветрува
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на учениците и наставниците се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден.
- Контролата на дезинфекцијата ќе се врши со помош на претходно изработени чек листи.
- Во училницата е поставено средство за дезинфекција кое се користи при влегување во училницата и по потреба
- Учениците од една паралелка ќе престојуваат во една просторија односно ќе се избегнува кабинетска настава.
- Доколку ученикот има неодложна потреба да го напушти часот, ќе биде прифатен од дежурниот наставник/негователот и при повторно враќање ќе врши дезинфекција на рацете.
- Секој ученик ќе поседува сопствен прибор за работа при што наставникот ќе врши надзор да не дојде до споделување на материјалите помоѓу учениците.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час по пристигнување и заминување на учениците.
- За време на наставага во училницата доколку дозволуваат временските услови се оставаат отворени прозорците на училницата.
- Ќе се практикува наставниците и учениците да поминуваат што повеќе време на отворено.
- Во училишниот двор се адаптираат катчиња за учење на отворено кои ќе се користат по однапред изготвен распоред
1.5. Протокол за спроведување мал/голем одмор
- Големиот одмор е во траење од 15 минути, а малите одмори во времетраење од 5 минути.
- Со започнување на големиот одмор учениците излегуваат од училницата заедно со својот наставник држејќи растојание и се движат во насока на означениот излез и влез од училиштето
- Преминувањето низ заедничките простории го организира дежурниот наставник по скалест распоред со цел намали колку што е можно повеќе физичкиот контакт (близок контакт) на учениците од една паралелка со учениците од другите паралелки, со родителите/старателите на други ученици и другите вработени.
- Учениците со ограничена мобилност имаат можност одморот да го поминат во училишниот хол или во своите училници со заедно со своите наставници.
- За редот и однесувањето на учениците за време на големиот одмор се грижат дежурните наставници
- За времетраењето на одморите не е дозволено групирање на учениците
- По завршување на големиот одмор учениците задолжително вршат дезинфекција на обувките и рацете.
- За време на големиот одмор се врши проветрување и дезинфекција на училницата и во истата учениците не влегуваат додека трае големиот одморот
- Доколку ученикот има неодложна потреба да го напушти часот, дежурниот наставник / негувателот го спроведува и при повторно враќање во училница врши дезинфекција на рацете
За движењето на учениците за време на настава и малите одмори како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот.
1.6. Протокол за исхрана на учениците
- Училишните оброци ќе се обавуваат во училница во присуство на наставникот
- Учениците носат оброк/храна од дома или доколку е можно за организација, оброкот што го обезбедува училиштето треба да биде соодветно спакуван или готов производ, притоа водејки сметка за стандардите и нормативите за исхрана за оваа категорија на деца. Учениците задолжително пред секој оброк ги дезинфицираат рацете, земаат храна и седнуваат на своето место каде се вади маската се јаде и по завршениот оброк се става маската, се отстранува отпадот во корпа за отпадоци со капак и повторно се врши дезинфекција на рацете и работната површина.
- Во просторијата задолжително треба да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
- Задолжително да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
- Зачестено проветрување на просторијата (пожелно во текот на оброкот) и задолжително во текот на паузите помеѓу доаѓањето на одделенијата
- За време на оброкот строго се забранува групирање на ученици или наставници
1.7. Протокол за реализација на електронско учење од далечина
Овој протокол ќе биде реализиран со комбинација на неколку едукативни платформи и дигитални апликации. Националната веб платформа Едуино, Google classroom, креирање платформа на Google Drive и употреба на други алтернативни средства за електронска комуникација (viber, messenger, zoom). Националаната платформа за учење на далечина, овозможува двонасочна интеракција и комуникација на наставникот и ученикот.
Едукативни материјали (презентации, наставни листови, корисни линкови поврзани со наставните содржини, апликации, линкови од националната веб-платформата) согласно наставните планови и програми и во разумен временски период од денот т.е. од 08.30-16.00 часот од понеделник до петок ќе се споделуваат со учениците.
Поради специфичноста на учениците ќе се изработуваат и ресурси со развојно – едукативни содржини.
При реализација на наставата со овој модел, наставникот треба да испрати линк од видео содржина од базата на ЕДУИНО на учениците навремено пред да се реализира часот за да се подготват учениците. Исто така, наставникот може да ја користи и платформата на своето училиште за поставување на наставни материјали, или да препорача користење на наставни материјали од други платформи.
Активностите ќе ги опфаќаат сите развојни аспекти на личноста на учениците и се користат како дополнителна поддршка за организација на слободното време во домот при реализација на електронско учење.
Работниот ден на ученикот за настава од далечина ќе трае од 3 до 5 часа дневно, во зависност од возраста и видот на попреченост на учениците и одмор од десетина минути по секој наставен час или активност. Наставниот час ќе трае од 30 до 40 минути.
Учениците кои не се во можност поради технички причини (компјутер, таблет или интернет) да ја следат наставата онлајн, ќе превземаат претходно изготвени печатени материјали од наставникот/ класниот раководител.
1.8.Проверка на знаењата на учениците
Проверката на знаења на учениците кои ја следеле наставата со физичко присуство и учење од далечина се реализира со физичко присуство во училиштето, на секое тромесечие, по однапред утврден распоред на паралелки, број на ученици во паралелка и времетраење на проверката, според насоките дадени од БРО.
Училиштето изготвува распоред за проверка на знаењата на учениците, најдоцна две недели пред предвидените термини и истиот го објавува на веб-страната на училиштето и на Националната платформа за учење на далечина.
По завршување на процесот на проверка на знаењата на учениците, наставникот/ класниот раководител, по електронски пат го известува родителот/ старателот за постигнатиот успех на неговото дете, утврден на Одделенски и Наставнички совет.
2. Протокол за наставниците и стручна служба
- Училиштето води евиденција на дневна основа за присуството на наставниците
- Работното време за наставниците започнува во 7,30ч, а завршува во 15.30ч и истите се придржуваат до пртоколот 5.3. од овој документ.
- Сите вработени задолжително носат заштитна маска
- Дежурните наставници ги прифаќаат пристигнатите ученици и ги спроведуваат до предметните и одделенските наставници.
- Врши често проветрување на училницата
- На одморите дежурните наставници и техничкиот персонал мораат да внимаваат дали учениците носат маски, држат дистанца и одржуваат лична хигиена кај пунктовите за лична хигиена
- Наставниците ( во предметна настава наставникот кој држи последен час) ги испраќаат учениците до просториите за продолжен престој.
- Наставниците од предметна настава ги згрижуваат учениците до заминување на последниот ученик.
- Наставниците од одделенска настава (прва смена) ги прифаќаат учениците во почнувајќи од 7:30 часот согласно протоколите за работа.
- Наставниците од одделенска настава (втора смена) започнуваат со работа во 11:00 часот согласно протоколите за работа.
- Вработените со хронични заболувања (респираторани, кардиоваскуларни, малигни, дијабетес, имунодефициенција и др) кои можат да бидат изложени на поголем ризик за развој на потешки форми на заболување од КОВИД-19 ќе бидат распоредени на активности кои не бараат чест контакт со други лица.
- Доколку во улилиштето има наставници со хронични болести ќе се избере комбиниран модел на настава и ќе се прилагоди распоредот на часови соодветно на неговите потреби. Тие наставници ќе ја реализираат наставната програма од далечина.
- Секој наставник е должен да подготвува соодветни наставни единици и како наставни материјали да ги доставува до соодветната креирана база на самото училиште.
- Реализацијата на наставата, отсуствата на учениците се евидентира во е-дневник и во дневникот на паралелката.
3. Задолженија на технички персонал
- Работното време на техничкиот персонал започнува во 6.00ч доаѓа и ги подготвува сите простории во училиштето до 7,30ч
- Задолжително е носење на заштитна маска
- Да внимаваат да не влезе ниту еден ученик без маска
- Додека влегуваат учениците техничкиот персонал мора да биде на својот спрат
- За време на часовите се врши чистење и дезинфекција на ходниците и тоалетите
- За време на одмори се проветрува училницата а за голем одмор се чистат/дезинфицираат училниците
- Техничкиот персонал ќе врши чистење/дезинфекција на училниците во време кога учениците не ја користат училницата.
- Се грижат за пунктовите за хигиена во ходниците
- По завршување на наставата просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот
4. Протокол за вршење дезинфекција на училишниот објект
Со цел заштита на здравјето на учениците, вработените, родителите и посетителите на училиштето се предвидува редовна дезинфекција на училниците, ходниците, тоалетите, фискултурната сала, канцеларии и останати простории:
- Дезинфекцијата на сите простории се врши секојдневно со помош на пумпа со дезинфекционо средство кое делува на вируси;
- На сите влезови на училиштето е поставен сунѓер натопен со дезинфекциски раствор за дезинфекција на чевли;
- Во сите ходници, училници, канцеларии, помошни простории и тоалети е поставено средство/гел за дезинфекција на раце и корпа со капак за отпадоци (маски, ракавици);
- За време на големиот одмор сите ученици задолжително ги напуштаат училниците се празнат корпите и се врши дезинфекција на просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини) ;
- По големиот одмор се чистат и дезинфицираат тоалетите и ходниците со ,средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на кваки површини) ;
- Техничкиот персонал се грижи за пунктовите за дезинфекција.
- Дезинфекција на ходниците се врши по завршувањето на големиот одмор;
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто додека учениците се на настава и по завршувањето на секоја училишна активност.
- Дезинфекција на тоалетите се врши по завршувањето на големиот одмор;
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број на ученици.
- Тоалетите треба да бидат функционални за овозможување услови за почесто миење раце и почесто се чистат со задолжително водење на евиденција за спроведено чистење и дезинфекција.
- Дезинфекција на фискултурната сала се врши после секој час;
- Дезинфекција на наставничката канцеларија се врши по завршувањето на големиот одмор;
- По завршување на наставата задолжително се врши дезинфекција на подовите, клупите и столчињата во сите училници со средство кое делува на вируси просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини);
- По завршување на работниот ден задолжително се врши дезинфекција на на целокупниот внатрешен дел на објектот (училници, ходници, канцеларии и останати простории) со средство кое делува на вируси;
- Дезинфекцијата ја спроведува техничкиот персонал за кое води евиденција за чистење и за дезинфекција;
- Дежурниот наставник за време на одморите во секој ходник врши надзор на начинот на употреба на дезинфекционите средства и дава упатства на учениците;
5. Потокол за оддржување на состаноци на наставничкиот кадар и родителски средби
- Меѓусебното споделување на инфомации и работните состаноци во училиштето ќе се одржуваат со употреба на видеконференциска врска.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите ќе се одвиваат преку телефон или преку некоја онлајн апликација што ја користат родителите и наставниците. Доколку е нопходно да се организира родителска средба организирана од одделенскиот/те наставник/ци или класниот раководител треба да се одржи со мали групи родители/старатели, за да се почитува потребната физичка дистанца, а наставниците и родителите/старателите треба да носат заштитни маски.
6. Протокол за регулирање на завршувањето на наставата и заминување од училиште
- По завршување на наставата учениците и наставниците треба да ја напуштат училницата спрема правецот на движење согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м.
- Во ходниците треба да има обележан правец на движење кон излезот
- По завршување на наставата одделенскиот наставник ги спроведува учениците согласно протоколите до просториите за дневен престој или на дежурниот наставник за заминување дома со сопствен или училишен превоз
- Напуштање на училниците се организира по скалест распоред прво излегуваат учениците од училницата која е најблиску до излезот а потоа од другата училница и така натаму.
- Учениците задолжително треба да носат заштитни маски
- Да се направи проветрување на просторијата
- По завршување на наставата просторијата задолжително треба се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот (алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит -5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100 или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини)
- Отпадоците ( заштитни маски и др. ) се фрлаат во корпа за отпадоци со капак која е задолжителна во просторијата
7. Протокол при појава на симптоми на КОВИД-19 кај ученици и вработени
- Сите вработени секој ден ќе ја мерат телесната температура пред доаѓање на работа.
- Во случај на зголемена телесна температура нема да доаѓаат на работа и телефонски ќе го известат матичниот лекар и директорот.
- Во училиштето има определена просторија за изолација за ученици/ вработени со симптоми на КОВИД-19.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено со КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска, а директорот треба да воспостави комуникација со центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За превземените активности училиштето доставува извештај до МОН.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/ стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија за изолација во присуство на здолжено одговорно лице, со задолжително носење на заштитна маска, ракавици и наметка и веднаш ги известува родителите/ старателите кои во најкраток временски период ќе го земат детето и да извршат консултација со матичен лекар.
- Доколку се утврди дека ученик е заболен со КОВИД-19, се следат протоколите од Министерство за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со центарот за јавно здравје за понатамошно постапување со паралелката во која припаѓа ученикот.
7.1. Постапка при појава на ученик позитивен на КОВИД-19
- Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/ матичен лекар на ученикот ги известува родителите/ старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот
- Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението во кои престојува позитивниот ученик), со цел превземање понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата
- Институтот за јавно здравје го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на ученикот, а врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот
- Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот- Мој термин
- Назначеното одговорно лице во училиштето ги обезбедува следните податоци: име и презиме, возраст на ученик, адредса и место на живеење (одделение во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/ старателите; список на ученици со име и презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родители/ старатели од одделението во кој ученикот престојувал во училиштето и податоци за наставникот (име и презиме, возраст, адреса и телефонски број) кој го води одделението; дополнително, список на други наставници или вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик
- Списокот со контакти на потврдениот ученик ги доставува до Епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ
- Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението во кое престојува позитивното дете, како блиски контакти задолжително одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ
- За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето и превземените мерки, го известува Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ
- Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето
- Назначеното одговорно контакт лице го известува Министерството за образование и наука за појава на нов потврден случај на КОВИД-19 во училиштето
- Ученикот позитивен на КОВИД-19 продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствена состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира
- Родителите/ старателите на детето позитивно на КОВИД-19 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ
7.2. Постапка во случај на ученик за кој е докажано дека е негативен на КОВИД-19
- Ученикот кој бил сомнителен на КОВИД-19, а за кој е докажано со ПЦР тестирање дека е негативен на КОВИД-19, продолжува да го посетува училиштето и наставата со приложена потврда од матичниот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште
8. Социјална дистанца
- Дежурниот наставник мора да обезбеди физичко растојание на учениците од 1,5-2м при влез во автобусот и при напуштање на автобусот.
- Седењето во автобусот ќе биде со предходно обележани места.
- Пред влезот во училитето ќе бидат обележани места за оддржување физичка дистанца од 1.5 метри.
- Пред започнување на наставата наставниците да стојат пред училниците во ходниците а дежурните наставници пред влезовите треба да проверуваат учениците од предметна и одделенските наставници настава дали држат физичка дистанца од 1,5-2м.
- Учениците во училницата ќе присуствуваат на растојание од 1,5-2м и секој ќе седи сам во клупа
- Во училницата наставникот ги почитува стандардните мерки за заштита и ќе држи дистанца од 1,5-2м
- За движењето на учениците за време на настава како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците
- За време на одморите учениците излегуваат од училницата заедно со својот наставник држејќи растојание и се движат во насока на означениот излез и влез од училиштето
- За редот и однесувањето на учениците за време на одморите се грижат дежурните наставници
- За време на траењето на одморите се забранува групирање на учениците и вработените
- За движењето на учениците за време на одморите како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот.
- Преминувањето низ заедничките простории треба да го организира дежурниот наставник така што додека учениците и наставниците од една паралелка преминуваат во исто време учениците и наставниците од другите паралелки го чекаат својот ред, при тоа укажувајќи им ан учениците да не ги допираат површините и предметите кај што се движат.
- Учениците влегуваат во училницата во која се одржува настава придржувајки се на поставените насоки за движење
- За движењето на учениците како и за почитувањето на мерките се грижат наставниците, дежурниот наставник и негувателот.
8.1. Носење на заштитна маска
- Родителите-старателите ги испраќаат учениците до назначениот влез на училиштето со задолжително носење на заштитна опрема.
- Секој ученик при влегување во училишниот автобус мора да носи заштитна маска.
- Во училиштето учениците, родителите/старателите и сите вработени согласно препораките дадени од Министерството за здравство ќе ги почитуваат стандардните мерки за заштита и задолжително ќе носат заштитна маска во сите простории на училиштето.
9. Деца со хронични или ретки болести
- Родителите/ старателите на деца со респираторни, хронични и/ или ретки болести имаат право да одлучат дали нивните деца ќе присуствуваат на наставата во училиште или да следат настава со учење од далечина од дома.
- Доколку родителот/ старателот се одлучи за настава во училиште т.е со физичко присуство, наставата ќе се одвива согласно според протоколите за заштита од КОВИД-19. Барањето родителот го поткрепува со медицинска документација и потврда од матичен лекар.
- Родителите/ старателите на деца со респираторни, хронични и/или ретки болести коишто ќе изберат да следат настава со учење од далечина од дома, за нив наставниците ќе подготвуваат наставни содржини, материјали за учење, презентации, објавување на веб страната на училиштето, користење на едукативни алатки предложени од МОН и БРО.
- За учениците кои во своите семејства немаат технички услови и пристап до интернет, училиштето ќе обезбеди печатење на потребните наставни содржини и ќе ги достави до родителот.
10. Поддршка за вработените – стручен кадар и персонал
Во согласност, со дадените препораки, извршени се сите потребни подготовки за враќање на работа на сите вработени и начинот на нивно делување, штом училиштето ќе започне со реализација на својата воспитно-образовна дејност.
Почитувајќи ги сите законски регулативи, кои се однесуваат на нивниот работен ангажман, и во самиот протокол, вклучивме и информации кои се однесуваат на правата и обврските на секој вработен во училиштето.
Училиштето има спроведено анализа со колкав број на вработени располагаме, дали некој од нив има хронична болест, сѐ со цел да процениме како секој вработен да биде вклучен во целост, и да се изготви список на расположлив персонал, како и план за дежурства и за замени, доколку се појави потреба.
Протоколот ги содржи следниве податоци:
10.1.Подготовки за враќање на работното место во училиштето
Персоналот е подготвен за работа во новонастанатите услови, целосно е информиран за сите мерки за заштита, и истите е должен да ги почитува, да ги применува и да контролира како и дали истите се спроведуваат од страна на сите учесници во воспитно-образовниот процес.
10.2. Дадени насоки за делување
Персоналот целосно е запознаен со своето работно време, со своите работни задолженија, со сите промени, особено засилените дежурства и потребата од поголема проверка дали целосно се изведуваат сите препораки и мерки за зголемена заштита.Истотака пред почетокот на учебната 2020/2021 година целосно е подготвен за изведување на воспитно-образовниот просец по комбинираниот модел т.е со физичко присуство и со електронско учење на далечина.
10.3. Потреби за професионален равој
Со цел покреативна изведба на наставниот процес, а воедно прилагодено и на новонастанатите услови, во текот на летниот распуст, нашиот кадар посети голем број на вебинари и он лајн обуки кои нудеа нови и креативни решенија за изведување на електронското учење на далечина, како и курсеви за користење на нови и разновидни платформи за двонасочна комуникација наставник – ученик.
Тимот за професионален развој на наставниот кадар, во текот на учебната 2020/2021 година има спроведено анализа, кои компетенции додатно треба да се развиваат, и истие ќе бидат спроведени согласно потребите на целокупниот стручен кадар, а сѐ со цел унапредување на самиот воспитно-образовен процес.
10.4. Социјално-емоционална благосостојба
Имајќи ја предвид целокупната ситуација со пандемијата и како истата влијае врз социјалниот и емоционалниот живот, нашиот стручен тим со својата поддршка им стои на располагање на сите вработени, со цел одржување, јакненење и развивање на социјално-емоционалната благосостојба на вработените.
Овие податоци ќе бидат користени за усогласување на нашите тековни потреби со ресурсите со кои располагаме и со приоритетите во дадената област.
Со ова ќе се согледа севкупниот потенцијал, врз основ на кој ќе ги развиваме и нашите понатамшни акциони планови, со цел максимално да се искористат компетенциите на нашите вработени.
Последователлно, извршивме и финансикса анализа, што се ќе ни биде потребно за побезбедно, како и покреативно реализирање на целокупниот воспитно- образовен процес.
11. Поддршка на семејствата и учениците (едукативна и психо-социјална)
Во периодот на изведување на наставата во вонредни услови (КОВИД-19), вработените во училиштето ќе бидат во постојана комуникација со родителите/старателите на учениците и на истите ќе им биде пружена соодветна едукативна и психо-социјална поддршка.
Акцентот ќе биде ставен на јасна и постојана комуникација за тоа што да очекуваат семејствата за време и пред повторното враќање во училиштето.
Комуникацијата ќе се изведува на неколку начини кои ќе соодветствуваат со условите и можностите на семејствата на учениците:
- Електронски ( веб страна, социјални медиуми, едукативни платформи и сл)
- Телефонски
- Лично
- Семејствата и учениците потребната поддршка и информации за КОВИД-19, како и протоколите за реализирање на наставата, ќе ги добиваат преку
- Едукативна обука за мерки и превенција на КОВИД-19
- Едукативни печатени материјали (летоци, визуелни средства)
- Едукативни предавања за успешно користење на алатки и начини за учење од далечина
- Стручниот тим (Социјален работник, психолог, логопед и специјален едукатор и рехабилитатор) ќе бидат достапни во секое време за советување и поддршка, преку индивидуални или групни советодавни / терапевтски средби при кои целосно ќе се почитуваат потребните превентивни и заштитни мерки.
- Наставниот процес во училиштето се одвива во период од 08:30 часот до 20:00 часот.
- Наставата се одвива во една смена, бидејќи има 5 ученици, по еден во во II, V, VII, VIII, IX одделение. Секој ученик е во посебна училница за време на наставата.
- Во занималните, ходниците и училниците се поставени едукативно-информативни материјали, насоки за заштита на здравјето и носење на маска/прекривка на лицето и држење дистанца.
- Преку денот има одредено дежурен наставник, кој се грижи за почитување на сите мерки за претпазливост од страна на учениците.
- Наутро, на учениците им се мери телесната температура. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се пријавува на медицинскиот персонал и останува во соба ,а се преземаат потребните соодветни здравствени мерки.
- Вработените во училиштето и ученицитез а време на престојот во училниците за време на наставата задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар и носа заштитна маска/покривка на лице, освен кога се на отворено во училишниот двор со одржување на препорачаната дистанца.
- Вработените при влезот во училиште задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- На сите вработени им се мери телесна температура пред влезот на училиштето со безконтактен топломер и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот се упатува кај матичен лекар.
- Доколку наставата се реализира на отворено во училишниот двор, се препорачува да не се носат маски/прекривки на лицето, но да се почитува задолжително препорачаната физичка дистанца помеѓу ученик-ученик и наставник-ученик од најмалку 1,5 метри.
- Наставниците треба да избегнуваат подолго да се задржуваат во наставничката канцеларија и задолжително запазуваат физичка дистанца од 1.5 метри.
- Повторно во кабинет се влегува во попладневната смена со претходно чистење и дезинфекција по истиот протокол.
- Секогаш кога е можно и дозволуваат временските услови, наставата се реализира надвор од училница во училишниот двор, на отворено.
- Вработените правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во училиштето.
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт за вработените во училиштето и меѓу учениците.
- За време на наставата и одморите, со учениците задолжително е присутен класниот раководител/наставник и се грижи за почитување на физичка дистанца меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето се изведуваат со употреба заштитни маски и одржување потребна дистанца.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во училиштето и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на секоја смена, а најмалку два пати на ден. Училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, за време на одморот кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Употребата на тоалетите е организирана и спроведена од страна на неговател со почитување на сите пропоси и мерки за заштита.
- Тоалетите се функционални и овозможуваат услови за почесто миење на рацете со проточна вода и сапун и почесто се чистати се вод и евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со сретсво кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат почесто, додека учениците се на настава и по завршувањето на сите чилишни активности..
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците.
- За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец. Во училницата (доколку ги има) се избегнува употребата на уреди за климатизација и вентилација.
- Сите вработениводат сметка и ја контролираат и следат состојбата на учениците и во секој момент им помагаат во со објаснување и подршка за работи кои не се јасни ,имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
- Учениците оброците ѓи консумираат во трпезариа во која се почитуваат мерките за заштита со потребна дистанца.
- Учениците ги мијат рацете пред и појадење, пред и по употреба на тоалет, пред и по доаѓање од надвори кога рацете изгледаат валкани и секогаш со помош од персонал.
- Секој ученик е сам во соба, бидејќи институцијата има доволен број спални соби. Користењето на собите во интернатот е задолжено е индивидуално,без големо групирање. Во занималните просторот е поголем и може да се присутни до 10 лица, но со задолжително држење дистанца и носење маски.
- Се избегнува влегување на други а лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште,ако има потреба тоа се прави со помош на вработените и под колнтрола за спроведување на заштитните мерки.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата со задолжително почитување на мерката за дезинфекцијана рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19,лицето ќе се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот ќе воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик (корисник) развие симптомина КОВИД-19 наставникот ѓи информира здравствените вработени и се изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која итно треба да направи анкета со наставниците и учениците за проценка на степенот на ризик врз основа на контактите кои ги имале.
ПРОТОКОЛ НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВЕН ПРОЦЕС СО ФИЗИЧКО ПРИСУСТВО
- Подготовка на ученикот за присуство на настава.
- Хигиената на ученикот е на високо ниво. Ученикот секој ден е облечен во чиста облека, по потреба преку днот се менува облеката и повеке пати.
- Дезинфекција на раце и обувки при влегување во нституцијата( училиштето), на главниот влез на училиштето задоително за сите вработени
- Мерење на температурата на секој вработен при влез во институцијата.
- Задолжително носење на заштитна маска на лицето за сите вработени
- Будење на ученикот и извршување на основноте хигиенски процедури (миење, облекување и сл.)
- Мерење на температура на секој ученик-корисник - наутро.
- Доколку корисникот (ученикот има температура или било каков друг проблем се повикува медицинската сестра и се преземат сите потребни интервенции
- По потреба корисникот (ученикот) останува во собата или се изолира ,а по потреба се преземаат активности за останатите корисници и персонал по укажувања на матичниот лекар и СЈЗ ако има потреба
- Обавување на оснвна хигиена и дезинфекција на рацете пред јадење.
- Носење на на корисникот (ученикот) на појадок и
- Прифаќање на ученикот од наставникот во училницата со користење маска и одредно растојание во текот на часот
- Дежурен наставник се грижи за време на одморот учениците да одржуваат потребно растојание.
- За време на големиот одмор се дезинфицираат учиниците и отвораат прозорите за да се проветри, а на учениците се врши потребна хигиена или дезинфекција на рацете
- По завршување на наставата се врши основна хигиена на корисникот за дезинфекција на рацете и се носи на ручек.
- По ручекот со обавување на хигиена на рацете и евентуални тоалетни потреби корисникот (ученикот) оди на пладневен одмор.
- По пладневниот одмор ученикот извршува основна хигиена и лична потреба и добива ужина.
- Слободното време попладне го минува со другите ученици во занимална под надзор на дежурен наставник и со спроведување на сите мерки за превенција и заштита од КОВИД-19 кои се и погоре наведени и соодветни активности согласно програма за настани и воннаставни активности како и слободни активности почитувајќи ја и желбата на ученикот за органозирање на слободното време.
- Почитување на протоколот за седење во просториите
- Избегнување на физички контакт
- Пред вечерата извршување на хигиена и одење на вечера.
- До раните вечерни часови корисникот слободно по желба го користи останатото време под надзор на персоналот кој е на работа.
- Припрема и одење на спиење.
- Ако има потреба преку денот некој корисник-ученик да биде носен во Струмица се спазуваат сите мерки за транспорт,дистанца и носење заштитна маска.
- При влез на лице од надвор се пополнива листа со потребни податоци и фактичка состојба.
- Наставнo-воспитниот процес во училиштето се реализира во период од 07:00 часот до 20:00 часот, наставниците коишто започнуваат од првиот час се должни во училиштето да пристигнат во периодот од 7 до 7 и 30 часот. Комисијата препорачува наставата да се реализира со мал број на деца во различни смени, со целосно почитување на Протоколите дадени од МОН, спецификата на нашето училиште овозможува одење во една смена, од причина што училиштето располага со 3 училишни згради, во кои може да се покрие просторно капацитетот на паралелките што го имаме. Во однос на бројот на учениците во паралелка, истиот според законот не изнесува повеќе од 6 ученици, а училниците се доволно пространи со цел да се запази наложената дистанца.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
- На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето,истите материјали се изготвени и на Брајово писмо со помош на Брајовиот печатар со кој располагаме како ресурс во училиштето.
- На секој влез од училиштето учениците ги пречекува негувателка или останатиот технички персонал, кој поради КОВИД ситуацијата не е во можност да ја извршува својата примарна дејност, негувателките или останатиот технички персонал се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
- Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето, дел од ознаките ќе бидат одбележани со соодветна боја (жолта) автентична за слабовидните лица, а останатиот дел е веќе обележан со тактилни патеки.
- На сите вработени и на сите ученици при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот, односно ученикот се упатува кај матичен лекар.
- Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски/покривка на лицето за сите вработени и ученици во училиштето.
- Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар.
- На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
- Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видео конференциска врска.
- Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител/старател/образовен или личен асистент (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран и со јавен превоз.
- На родителите им е дозволен влезот во училиштето, само доколку има нужна потреба за тоа, во спротивно, за родителите кои за време на часовите ги чекаат своите деца во рамките на училиштето ќе беиде адаптирана дел од интернатската зграда, каде нема да се одвива наставата. Доколку се јави потреба родителот/старателот да влезе во училишните згради каде ќе се одвива наставата, мора да ги почитува сите мерки за заштита.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Наставата и воспитната работа во училница се изведува со најмногу до 4 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот/воспитувачот и учениците.
- Практичната работа за здравствената струка која во изминатите години се одвивасе во соодветни медициски установи, оваа учебна година, поради корна ситуацијата, ќе се одвива во рамките на училиштето, кабинетот по здравствена струка, каде со помош на соодветни наставни помагала ќе се реализира практичната настава.
- При користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде група од најмногу 8 ученици.
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре).
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето, со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности училиштето доставува извештај до општината, а општината до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, негувателката по сугестија и барање на наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
- Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Ученичкиот дом, според насоките дадени од Комисијата, ќе функционира исклучиво за учениците со оштетен вид. Ученичкиот дом располага со 25 соби, кои имаат по три легла. Бројот на учениците со оштетен вид, кои ги користат услугите на ученичкиот дом изнесува 16. Ученичкиот дом има капацитет да ги смести учениците посебно во соба, или по двајца, запазувајќи ја дистанцата, зависно од возраста.
- По објавување на Известување за стручен испит за одредена испитна сесија кандидатите за стручен испит се пријавуваат со поднесување на соодветна документација, исклучиво по пошта.
- Документите од кандидатите се разгледуваат во просториите на Државен испитен центар, од страна на соодветни комисии за спроведување на стручниот испит, почитувајќи ги мерките за заштита (носење на заштитна маска/ марама/покривка на лицето, држење на дистанца од 1,5 метар и обезбедување на сите санитарно хигиенски услови).
- Стручниот испит се реализира во училиште каде што треба да се обезбедат сите санитарно-хигиенски услови.
- Испитот се реализира во училница, со физичко присуство на кандитатот и испитната комисија и пред учениците.
- Во училницата физички е присутен и предметниот наставник на одделението од училиштето каде се одржува испитот. Предметниот наставник пред започнување на испитот ги логира учениците кои on-line ја следат наставата, а во тек на часот по потреба при технички проблеми дава поддршка за надминување на истите.
- Членовите на комисијата се сместени во училница, почитувајќи ги мерките за заштита (носење на заштитна маска/марама/покривка на лицето, држење на дистанца од 1,5 метар).
- Секој кандидат за стручен испит влегува еден по еден во училница по точно утврден распоред за полагање.
- Кандидатот што полага стручен испит пред влегување во училница задолжително се дезинфицира со средство за дезинфекција и носи заштитна маска/марама/покривка на лицето.
- Работното место на кандидатот за стручен испит е одалечено најмалку 1,5 метар од членовите на Комисијата.
- По завршување на часот за наставниците, односно презентацијата за стручните соработници, Комисијата продолжува со останатите два дела од испитот и на кандидатот му го соопшува резултатот од испитот.
- Просторите за испит задолжително се проветруваат после секој кандидат, а доколку дозволуваат временските услови прозорците од просторијата се држат отворени.
*Предизвици:
- Дозвола за влез во средните и основните училишта: на кандидатот за полагање на стручен испит и членовите на комисиите за полагање на стручен испит;
- Кандидати што предаваат практична работа во средните стручни училишта треба да полагаат со физичко присуство на учениците;
- Кандидати што предаваат на деца со посебни потреби во посебни училишта треба да полагаат со физичко присуство на учениците.
Полагањето на испитите во просториите на високообразовните установи (јавни и приватни), (во натамошниот текст: високообразовни установи) се врши по овие мерки:
- Секоја високообразовна установа треба да одреди лице или лица, кои вршат дезинфекција на студентите и објектите кои можат да имаат контакт;
- Средство за дезинфекција на обувките и рацете задолжително се поставува на влезот од високообразовната установа;
- Високобразовната установа на влезот на објектот поставува едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена;
- Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин, односно распоред за усно полагање на испит потребно е да има пауза во траење од 20 минути;
- Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определена за таа намена, кои треба да овозможат најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете;
- Во просторијата каде се изведува испитот високообразовната установа претходно ги означува местата на кои е дозволено седењето со почитување на меѓусебното растојание.
- „Присутните задолжително носат заштитна маска на лицето и ракавици“
- Во просторијата каде што се спроведува испитот задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со цел да се обезбеди почитување на општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол);
- При испит, доколку се користат определени ресурси, средства и материјали, потребно е задолжително истите да бидат дезинфицирани и при секоја наредна употреба истите повторно да се дезинфицираат;
- Просторијата во која се спроведува испитот/испитите е потребно почесто да се проветрува, по можност за време испитот и задолжително во текот на паузите
- За време на паузите се забранува групирање на присутните, односно студентите во високообразовната установа;
- По завршување на испитите, потребно е просториите да се исчистат (особено работната површина на која се работело) и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини;
- Во просториите на високообразовните установи (внатрешниот дел) за испит и на излезот од објектот потребно е да се обезбеди корпа за отпадоци со капак;
- Во високообразовните установи е потребно редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Запишувањето на ученици во јавните ученички домови да се одвива во период од 8:00 часот до 14:30 часот.
- Користење на опрема за лична заштита, маски н ракавици од страна па сите вработени во ученичкиот дом.
- Организирање на редарска служба во ученичкиот дом, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците / родителите / старателите од минимум 2 метри, пред и внатре во Домот, и таа еден редар пред влезот и еден редар во Домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во ученичкиот дом, за што одучува директорот.
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазуваме на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во ученичкиот дом.
- Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните ученици во просторијата и надвор од неа.
- Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места, согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага ученичкиот дом.
- Овозможување на влез на ученици во Домот во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на ученици да биде еднаков на бројот на приемните места.
- Овозможување на влез само за ученикот, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку ученикот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на еден родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата u носот, кога влегуваат во ученичкиот дом.
- Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно пополнета пријава за запишување, која се презема од веб страницата на Министерството за образование и наука.
- Да се постават средства за дезинфекција на влезот во ученичкиот дом, како и пред просториите каде се врши запишување на учениците, со цел учениците да се дезинфицираат при влез и излез.
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во Домот со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатството од производителот.
- На крајот на секој ден, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи на натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно хигиенско одржување на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на претходно наведените дезинфекциони средства.
- Јавните ученички домови кон имаат два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.
Заради заштита на здравјето, сите вработени, ученици / родители / старатели доследно да ги почитуваат превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом.
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во ученичкиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред вас ќе излезе од Домот.
- Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот.
- Задолжително носете лична заштитна опрема (маска, марама, шал).
- Запишувањето на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување од 08:00 часот до 14:30 часот.
- Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени во ученичкиот дом.
- Организирање на редарска служба во студентскиот дом, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците / родителите / старателите од минимум 2 метри пред и внатре во Домот, и тоа 1 редар пред влезот и 1 редар во Домот. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во студентскиот дом, за што одлучува директорот.
- Поставување на ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во студентскиот дом.
- Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните студенти во просторијата и надвор од неа.
- Организирање на прием на потребните документи за упис согласно конкурсот со обезбедување на приемни места согласно предвиденото растојание и просторот со кој располага студентскиот дом.
- Овозможување на влез на студенти во Домот во зависност од просторот со кој располага за прием на документи, во принцип бројот на студенти да биде еднаков на бројот на приемните места.
- Овозможување на влез само на студенти, не и на неговиот родител, во посебен случај доколку студентот е спречен од оправдани причини се овозможува влез само на 1 родител / старател, кој носи заштитна маска, марама или шал со кои ќе бидат покриени устата и носот, кои влегуваат во студентскиот дом.
- Доставување само на комплетни документи согласно условите на конкурсот, придружени со претходно потполнета пријава за запишување, која се презема од веб страната на Министерството за образование и наука.
- Да се постават средства за дезинфекција на влезот во студентскиот дом, како и пред просториите каде се врши запишување на студентите, со цел студентите да се дезинфицираат при влез и излез.
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во Домот со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи на триумхипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Студентските домови кои имаат два влеза/излези може да организираат влез од едната страна и излез од другата страна.
- Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите вработени, студенти / родители / старатели на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом.
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во студентскиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од Домот.
- Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот.
- Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал)
Протокол во секторот за сместување
- Пулт за дезинфекција на чевлите (дезо-бариера), и дезинфекционо средство за дезинфекција на рацете задолжително да се постави на влезот од секој ученички дом. Доколку ученикот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани од портирската служба пред внесувањето во домот.
- На влезот во домот да се постават едукативно - информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Секој ученик при движење во домот и заедничките простории на домот (ходници, лифт, менза) задолжително да носи заштитна опрема, маска и ракавици.
- Вработените задолжително да носат заштитна опрема, маски и ракавици.
- Од заедничките простории, да се отстранат сите маси, столици, фотељи на кои е можно групирање на ученици, и да се води засилена контрола од страна на портирската служба и вработените, со цел да се оневозможи групирање на учениците во заедничките простории и собите.
- Во заедничките простории на ученичките домови да се постави корпа за отпадоци со капак, која ќе се отвора со ножна педала.
- Ученикот при вселување во домот и добивање на клуч од собата, добива и флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој во Домот.
- Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
- Секојдневно проветрување на заедничките простории во домот.
- Два пати во текот на денот задолжително, треба да се спроведе чистење и дезинфекција на заедничките простории во домот (ходници, библиотека, читална, менза итн. ) со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
Читална и библиотека
- Учениците кои ќе бидат присутни во читалната задолжително да носат заштитни маски.
- При учење да се претпочита вкрстено седење со внимавање за физичка оддалеченост.
- Во читалните и занималните истовремено ке можат да присуствуваат 4 ученика на 10 м2.
- Во библиотека за земање книги да присуствува само по еден ученик.
- Воспитувачите изготвуваат распоред за користење на занималните во Домот и просториите каде што се одржуваат слободните ученички активности со почитување на сите мерки за заштита.
- Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со родителите за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон, е-маил или заеднички ZOOM состанок со родителите на учениците во воспитната група.
- Воспитувачот може да одржува и индивидуални средби со родителите во Домот со претходна најава од страна на родителот и почитување на препораките за заштита.
Санитарни јазли
- Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и по употреба.
- Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
- Да се обезбеди проток без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребната физичка дистанца со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време,
- Задолжително е носење маска при користење на заедничките санитарни јазли,
- Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција.
- Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, 2 пати во текот на денот, со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Да се постават корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични ќеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.
Протокол за работа на мензата и кујната
- Вработените во мензата и кујната, задолжително да носат заштитни маски, ракавици и заштитна облека, и да одржуваат зачестена хигиена на раце.
- Забрането групирање за време на паузите, и одржување на меѓусебно растојание при процесот на работа.
- Задолжително безбедно растојание меѓу масите, и одржување на безбедно растојание додека се јаде оброкот. Соодветно растојание помеѓу масите и столчињата да изнесува минимум 2 метри. При што на маса за 4 особи, можат да седат максимум 2 лица.
- Дезинфицирање на масата и столовите по завршување на оброкот. (доручек, ручек, вечера)
- Масите да се покриени со хартиен или најлонски чаршаф за една употреба, при што ќе се врши промена по заминувањето на секој еден студент.
- Да се постави средство за дезинфекција на секоја маса.
- Приборот за јадење да биде складиран и послужен во најлонска или хартиена обвивка или во салфетка. Искористениот прибор покрај миењето во топла вода, да биде и задолжително дезинфициран со средство за дезинфекција.
- Се забранува користење на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, разни зачини и слично.
- На крај на секој оброк (доручек, ручек, вечера) задолжително чистење и дезинфекција на сите простории, целиот прибор за јадење, приборот за подготвување и послужување на храната, како и мензата со сите маси и столчиња.
- Засилена внатрешна контрола од лицето задолжено за спроведување на препораките за спречување на ширењето на вирусот.
Препораки за постапување при појава на лице со симптоми на КОВИД-19
- Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
- Го известува непосредно претпоставениот за својата влошена здравствена состојба. Доколку е позитивен на КОВИД-19, го известува претпоставениот, којшто го известува веднаш регионалниот центар за јавно здравје.
- Доколку вработениот бил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена, и доколку развие симптоми да се јави на матичен лекар и да го извести претпоставениот.
- Доколку ученик заболи со треска или со акутна респираторна инфекција, треба да остане во изолација во својата соба, да носи маска, да употребува само одредени тоалети и мијалници и тушеви. Управникот на ученичкиот дом, каде што престојува ученикот да се јави во најблискиот здравствен дом, за спроведување на епидемиолошка анализа и идентификување на блиски контакти.
- Просториите каде што се движел ученик заболен со КОВИД-19 темелно да се исчистат и дезинфицираат и проветрат.
Протокол во секторот за сместување
- Пулт за дезинфекција на чевлите (дезо-бариера), и дезинфекционо средство за дезинфекција на рацете задолжително да се постави на влезот од секој ученички дом. Доколку ученикот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани од портирската служба пред внесувањето во домот.
- На влезот во домот да се постават едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Секој студент при движење во домот и заедничките простории на домот (ходници, лифт, менза) задолжително да носи заштитна опрема, маска и ракавици.
- Вработените задолжително да носат заштитна опрема, маски и ракавици.
- На портирниците во студентските домови, во делот каде што ќе оперира портирот, да биде поставена монтажна преграда изработена од пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор за манипулирање со клуч .
- Од заедничките простории, да се отстранат сите маси, столици, фотељи на кои е можно групирање на студенти, и да се води засилена контрола од страна на портирската служба и вработените, со цел да се оневозможи групирање на студенти во заедничките простории и собите.
- Во заедничките простории на студентските домови да се постави корпа за отпадоци со капак, која ќе се отвора со ножна педала.
- Користење на лифтовите во студентските домови да биде дозволено за само едно лице и неговите лични работи. Пред секој лифт да има поставен пулт со средство за дезинфекција на раце. Да се врши дезинфекција на рацете, пред и по секое користење на лифтот. Да се изврши и дезинфекција на лифтот два пати во текот на денот.
- Студентот при вселување во домот и добивање на клуч од собата, добива и флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој во Домот.
- Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
- Секојдневно проветрување на заедничките простории во домот.
- Два пати во текот на денот задолжително, треба да се спроведе чистење и дезинфекција на заедничките простории во домот (ходници, лифтови, менза итн.) со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
Санитарни јазли
- Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и по употреба.
- Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
- Да се обезбеди проток без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребната физичка дистанца со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време,
- Задолжително е носење маска при користење на заедничките санитарни јазли,
- Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција.
- Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, 2 пати во текот на денот, со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Да се постават корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични ќеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.
Протокол за работа на студентската менза и кујната
- Вработените во мензата и кујната, задолжително да носат заштитни маски, ракавици и заштитна облека, и да одржуваат зачестена хигиена на раце.
- Забрането групирање за време на паузите, и одржување на меѓусебно растојание при процесот на работа.
- Задолжително безбедно растојание меѓу масите, и одржување на безбедно растојание додека се јаде оброкот. Соодветно растојание помеѓу масите и столчињата да изнесува минимум 2 метри. При што на маса за 4 особи, можат да седат максимум 2 лица.
- Дезинфицирање на масата и столовите по завршување на оброкот. (доручек, ручек, вечера)
- Масите да се покриени со хартиен или најлонски чаршаф за една употреба, при што ќе се врши промена по заминувањето на секој еден студент.
- Да се постави средство за дезинфекција на секоја маса.
- Приборот за јадење да биде складиран и послужен во најлонска или хартиена обвивка или во салфетка. Искористениот прибор покрај миењето во топла вода, да биде и задолжително дезинфициран со средство за дезинфекција.
- Се забранува користење на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, разни зачини и слично.
- На крај на секој оброк (доручек, ручек, вечера) задолжително чистење и дезинфекција на сите простории, целиот прибор за јадење, приборот за подготвување и послужување на храната, како и мензата со сите маси и столчиња.
- Засилена внатрешна контрола од лицето задолжено за спроведување на препораките за спречување на ширењето на вирусот.
Препораки за постапување при појава на лице со симптоми на КОВИД-19
- Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
- Го известува непосредно претпоставениот за својата влошена здравствена состојба. Доколку е позитивен на КОВИД-19, го известува претпоставениот, којшто го известува веднаш регионалниот центар за јавно здравје.
- Доколку вработениот бил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена, и доколку развие симптоми да се јави на матичен лекар и да го извести претпоставениот.
- Доколку ученик заболи со треска или со акутна респираторна инфекција, треба да остане во изолација во својата соба, да носи маска, да употребува само одредени тоалети и мијалници и тушеви. Управникот на ученичкиот дом, каде што престојува студентот да се јави во најблискиот здравствен дом, за спроведување на епидемиолошка анализа и идентификување на блиски контакти.
- Просториите каде што се движел ученик заболен со КОВИД-19 темелно да се исчистат и дезинфицираат и проветрат.
Протокол за постапување во училиштето при реализација на наставата
- Наставниот процес во училиштето се реализира во период од 08:00 часот до 13:00 часот.
- Училиштето за влез и излез на учениците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја паралелка и го истакнува на видни места во училиштето.
- На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно-информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.
- На секој влез од училиштето учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи секој ученик да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на ученикот да ги дезинфицира рацете со дезинфекциско средство.
- Училиштата задолжително поставуваат ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- На сите вработени и на сите ученици при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура (над 37.4°) вработениот, односно ученикот се упатува кај матичен лекар.
- На учениците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учениците кои имаат зголемена температура (над 37.4°) се враќаат дома со препораки родителот да превземе соооветни здравствени мерки.
- Влегување во училиштето е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски/покривка на лицето за сите вработени и ученици во училиштето.
- Сите вработени и ученици задолжително ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар.
- На влезот во училиштето се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории.
- Вработените при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу вработените во училиштето и меѓу учениците.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во училиштето треба да се изведуваат со употреба на видеоконференциска врска.
- Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиште сами, во придружба на родител/старател/образовен или личен асистент (за учениците со посебни образовни потреби), со организиран и со јавен превоз.
- Учениците и вработените во училиштето го почитуваат протоколот за превоз на патници во јавниот сообраќај (линк до протоколот).
- Забранет е влез за родители/старатели освен на ученици со посебни образовни потреби со задолжително почитување на мерката за физичка дистанца и носење на маска/прекривка за лице.
- Пренесувањето на информациите и состаноците со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја онлајн апликација, којашто ќе ја договорат родителите и наставниците.
- Наставата во училница се изведува со најмногу до 8 ученици во училница и обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците. Во текот на наставата наставникот користи методи и техники на визуелизација и употреба на знаковен јазик соодветни на способностите и потребите на секој ученик.
- За реализација на практичната обука и учењето преку работа, училиштето изготвува распоред за користење на училишните капацитети кој го истакнува на видно место во училиштето. Користењето на училишните капацитети е со задолжително почитување на сите протоколи за безбедност на учениците.
- Учениците и одговорните наставници задолжително ги почитуваат протоколите на компанииите (во погоните, хигиенско-санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата).
- Договорите за практична обука и учење преку работа кај работодавачите се дополнуваат со одредени одредби, кои ја регулираат реализацијата на обуката во услови на пандемија од КОВИД-19.
- Користењето на спортската сала, библиотеката и други простории препорачливо е да биде од група ученици од иста паралелка, така што да нема можност за мешање на ученици од различни паралелки за што училиштето однапред подготвува распоред (пр. За време на 1 наставен час, една паралелка е во фискултурната сала, а две паралелки се надвор во училишниот двор или на спортските терени).
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре) и тоа за време на наставните часови за што учениците се благовремено информирани.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, во време кога учениците се во училишниот двор и по завршување на сите училишни активности, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Холовите, скалите и останатите заеднички простории се чистат за време на наставата и по завршувањето на сите училишни активности.
- Чистењето на фискултурната сала, спортските игралишта, соблекувалните и другите помошни простории, се врши по користењето од страна на секоја група ученици.
- Училиштата воведуваат систем за еднонасочно движење на учениците низ просториите и ограничување на бројот на лица кои истовремено се присутни во соблекувалните и контролирано излегување и влегување во соблекувалните.
- Просториите задолжително се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнувањето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на наставниот час.
- Треба да се избегнува влегување на други лица (на пример, за чистење, поправка или внесување храна) во училниците сè додека учениците се наоѓаат во нив, како и влегување во училишната зграда на лица кои не се вработени во училиштето или деца кои не се ученици на тоа училиште.
- Испораките за потребите на училиштата ја преземаат надлежните, вработени во училиштата од споредниот влез на училиштето (доколку има таков влез училиштето), со задолжително почитување на мерката за дезинфекција на рацете и доколку е потребно носење заштитна маска/прекривка и заштитници за обувките.
- Доколку во училиштето се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности се доставува извештај до Министерството за образование и наука.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во училиште, наставникот/стручниот соработник го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето со цел консултација и натамошни активности со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, се следат протоколите од Министерството за здравство за тој ученик, а училиштето врши консултации со Центарот за јавно здравје, за натамошно постапување со паралелката на која припаѓа ученикот.
- Организирање на редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 1.5 метри пред и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
ПРОТОКОЛ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИ ВО УЧЕНИЧКИОТ ДОМ
1. ЗАЕДНИЧКИ ПРОСТОРИИ
- На соодветни места на влезот и излезот на ученичкиот дом да бидат закачени информативни постери во врска со мерките на претпазливост што треба да се преземат за заштита од КОВИД-19.
- Пред влезната врата на домот да биде поставена дезинфекциона бариера за обувки, како и пулт за дезинфекција на раце во холот и лице задолжено за мерење на температура на лица кои влегуваат во домот.
- Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
- Корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластична кеса за собирање на отпадоци од користени маски и друга заштитна опрема, да бидат видно означени и поставени на повеќе места во домот.
- Во занималните да бидат присутни по најмногу 4 ученика на 10 м2, кои задолжитено ќе носат маски/визир.
- Во текот на попладневните активности при подготовка на учениците за настава ќе се користат методи и техники на визуелизација и употреба на знаковен јазик соодветни на способностите и потребите на секој ученик.
- При посета на библиотека и при земањето на книга да биде присутен само еден ученик.
- Персоналот мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр.ограда на скали, прекинувачи, рачки, чешми во мијалните и др.).
- Низ ходниците на ученичкиот дом забрането е групирање на учениците, а во надворешниот дел – дворот на домот, можат да се групираат максимум до 5 ученици кои задолжително ќе носат заштитни маски и ќе одржат меѓусебно растојание.
- По 21:00 часот се забранува секакво групирање во целокупниот простор на ученичкиот дом.
2. СОБИ
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција во собите со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Во собите на учениците постојано ќе има средство за дезинфекција на рацете.
- Се додека е можно, на учениците да не им се дозволи никакво менување на собите.
- Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице, а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
- Мебелот по можност во собите треба да се уреди на начин што ќе се обезбеди физичко растојание помеѓу учениците кои ќе бидат сместени во собите или да се постават паравани.
- Во собата можат да бидат присутни единствено учениците кои се сместени – престојуваат во истата, освен тоа, во собите строго се забранува секаков вид на групирање на ученици.
- Собите треба да бидат соодветно и редовно проветрувани.
- Во собите се забранува внесување на било какви прехранбени производи, освен вода
- Приборот (чаша, шише) да се употребува исклучиво за лична употреба за секој ученик. Строго се забранува употреба на еден ист прибор од страна на повеќе ученици
- Постелнината да се менува на 7 дена
- Во тоалетите ќе се користи исклучително течен сапун кој постојано ќе се дополнува од страна на ученичкиот дом.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
3.ЧИТАЛНА
- Начинот на седење на учениците во читалната не треба да биде лице в лице, туку треба да се претпочита вкрстено седење. Треба да се внимава да има физичка оддалеченост помеѓу поединците.
- Учениците кои ќе бидат присутни во читалната задолжително да носат заштитни маски-визири.
- На учениците не треба да им се дозволува да консумираат пијалоци и храна, освен вода во просториите на читалните каде истовремено ќе можат да присуствуваат 4 ученици во простор од 10 м2.
- Учениците треба да бидат предупредени за одржување на физичко растојание во текот на евентуално заедничко учење.
- Во читалните постојано ќе има средство за дезинфекција на рацете.
- Читалната треба да бидат соодветно и редовно проветрувана.
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на клупите и просторот во читалната со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на читалната со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
- За време на пандемијата, во ученичките домови не смеат да се примаат гости и посетители од надвор.
4. АДМИНИСТРАТИВЕН ДЕЛ
- Вработените во администрацијата на ученичкиот дом постојано ќе носат заштитна опрема .
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на бироата и просторот во административните канцеларии со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на административниот дел со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите во административниот дел со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Канцеларите треба да бидат соодветно и редовно проветрувани.
- Административните работници да одржуваат меѓусебно физичко растојание.
5. МЕНЗА И КУЈНА
- Вработените во кујна постојано да носат заштитна опрема како заштитни маски и заштитни ракавици и зачестено да одржуваат хигиена на раце.
- Вработените во кујна треба да носат и дополнителна заштитна опрема,како што се штитови за лице.
- Поради севкупната безбедност во Домот, вработените во кујна кои работат во смени при доаѓањето на работа не треба да бидат во контакт со другата смена.
- Масите во трпезаријата треба да бидат за максимум за 4 ученици на површина од 10 квадратни метри. Растојанието од задниот дел од столицата до задниот дел од столицата на соседната маса треба да изнесува најмалку 1 метар,а учениците да бидат на растојание од најмалку 1,5 метар.
- На местото каде што се дели храната, на подот да се постават ознаки со кои се означува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците за време на делење на храната.
- На секоја маса на мензата да има средство за дезинфекција на рацете.
- Дезинфицирање на трпезариските маси и столици пред секој оброк и по завршување на истиот.
- Целиот прибор што се користи за време на јадењето, треба да се мие на најмалку 60 степени после секоја употреба.
- Приборот за јадење да биде во најлонска обвивка или во салфетка.
- Приборите за заедничка употреба како соларници, шишиња за масло и оцет и т.н. потребно е да се отстранат и истите производи на учениците да им се делат спакувани за една употреба.
- Лебот да се дели на спакуван начин.
- Задолжително редовно вршење на дезинфекција на масите, столиците и просторот во кујната и мензата со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција на кујната и мензата со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Мензата треба да биде соодветно и редовно проветрувана.
6. ВОСПИТУВАЧИ
- Во текот на денот воспитувачот прави 2-3 пати проверка на општата здравствена состојба на учениците и одржувањето на општата хигиена во собите.
- Разговорите со учениците да се обавуваат на места каде што може да се одржува социјална дистанца.
- Разговорите да се водат со не повеке од 3-4 ученика помеѓу кои ќе има социјална дистанца 1,5 – 2 метри со носење на заштитни маски.
- Воспитувачот изработува распоред за користење на занималните во Домот и просториите каде што се одржуваат слободните ученички активности (секции).
- Во текот на воспитно-образовните занимања воспитувачот да одржува растојание од учениците не помало од 2 метра.
- Во просторијата каде се одржуваат занимања може да има најмногу 4 ученици на 10 м2.
- Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со родителите за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон, видео комуникација преку вибер, е-маил, заеднички ZOOM состанок со родителите на учениците во воспитната група (според можностите на родителите).
- Воспитувачот може да одржува и индивидуални средби со родителите во Домот со претходна најава од страна на родителот со почитување на препораките за заштита од КОВИД-19.
- Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со класните раководители за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон ,видео комуникација преку вибер, присуство на Наставнички совет преку ZOOM, е-маилови и други слични апликации (според можностите на воспитувачите и училиштата).
- Воспитувачот е должен да го извести раководното лице (директорот) на Домот за сите промени кои ќе ги воочи кај ученикот.
- Доколку се јават било какви здравствени промени на учениците, се известуваат надлежните здравствени институции, а се известуваат и родителите на сите ученици од собата. Се постапува според насоките на лекарите од Институтот за јавно здравје.
Заради заштитата на здравјето, се повикуваат сите вработени, ученици / родители / старатели на доследно почитување на превентивните мерки од Владата на Република Северна Македонија:
- Бидете трпеливи, чекајте во ред пред Домот и одржувајте најмалку 2 метри растојание од лицата околу вас, пред и во ученичкиот дом.
- Почитувајте ги препораките на редарите и влегувајте во ученичкиот дом еден по еден, т.е. откако редарот ќе ви дозволи, односно откако ученикот пред Вас ќе излезе од Домот.
- Не се задржувајте повеќе од потребното време во Домот.
- Задолжително носете заштитна опрема (маска, марама, шал)
- Доколку во ученичкиот дом се појави заболен од КОВИД-19 или лице кое имало контакт со лице заболено од КОВИД-19, лицето треба да се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, а директорот треба да воспостави комуникација со Центарот за јавно здравје за добивање на понатамошни насоки за постапување. За преземените активности се доставува извештај до Министерството за образование и наука.
-
Задолжително носењето на лична заштитна опрема
-
Задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20).
-
посетителите до 14 ноември 2021 година да поседуваат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза на вакцина против заразната болест COVID-19, а од 15 ноември 2021 година сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест COVID-19.
-
-
Одржување на физичко растојание
-
Престојот на публиката на настанот задолжително се регулира со обележани места за седење, поставени на растојание од 1,5-2 м, не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката, освен на концертите, каде е дозволено стоење на публиката;
-
Задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите членови на тимовите задолжени за организација;
-
Ограничување на капацитетот на посетители:
-
Настаните на отворено да се организираат со 50% од капацитетот на просторот каде што ќе се одржува настанот.
-
Настаните на затворено да се организираат со 50% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот .
-
-
-
Обезбедување честа дезинфекција на рацете:
- Задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
- Задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот.
- Редовно чистење и дезинфекција на средината:
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Поставување на јасно видливи места едукативно-информативен материјал за почитување на општите превентивни мерки, носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно/често дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки:
- На влезот;
- Во просторот каде се одржува настанот.
- Се препорачува електронска продажба на билети, но доколку е потребно да има билетара:
- Пред билетарата да се обележи растојание односно место за чекање од 1,5 до 2 метри;
- Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5 до 2 метри или заштитна бариера;
- Персонализирање на продадените билети, односно регистрација при купување на билетите (име и презиме, контакт телефонски број).
Врз основа на горенаведените општи препораки секој организатор на настан потребно е да изготви протокол за реализација на планираниот настан кој ќе го објави јавно со цел навремено информирање на посетителите и учесниците во настанот за правилно следење на протоколот.
НАПОМЕНА:
СО ДАДЕНИТЕ ПРЕПОРАКИ СЕ ОПФАТЕНИ КИНАТА, ТЕАТРИТЕ, БАЛЕТСКИТЕ ПРЕТСТАВИ, ОПЕРСКИТЕ ПРЕТСТАВИ, ФИЛМСКИТЕ ПРОЕКЦИИ, КОНЦЕРТИТЕ, МУЛТИМЕДИСКИТЕ ПРОЕКТИ, ФЕСТИВАЛИТЕ И МАНИФЕСТАЦИИТЕ ОД ДЕЈНОСТА НА КУЛТУРАТА, А НЕ СЕ ОПФАТЕНИ ПРИВАТНИТЕ ВЕСЕЛБИ!
ОПШТ ДЕЛ
- Настаните да се организираат и одржуваат на отворено;
- задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 107/20);
- задолжително одржување на физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, при влез и излез од настаните, а се препорачува физичко растојание од 1,5 метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација во текот на реализација на настанот;
- задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
- препорачана зачестена дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот;
- засилени санитарно - хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини;
- задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки;
- Организаторот има право да го отстрани секој посетител на настанот кој не ги почитува мерките дефинирани во Протоколот.
ЗА ПУБЛИКАТА
- Настаните да се организираат со максимум 50% публика од бруто капацитетот на местото предвидено за публика, на локацијата каде што ќе се одржува настанот;
- За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите;
- На настани каде има предвидено седење на публиката, да се овозможи седење на седишта, поставени на соодветно растојание од 1,5 метар помеѓу нив;
- Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите;
- Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката;
- Се препорачува електронска набавка на билети. Доколку е потребно да има билетара и физичко продавање на влезници, се препорачува растојание од 1 м меѓу благајникот и купецот, како и физичко оградување на билетарата со соодветен стаклен (плексиглас) параван. Препораката е плаќањето да се изврши со користење на безконтактни платежни картички. Се препорачува бесконтактно набавување на влезници;
- Задолжително носење на маска за секој посетител - влезот нема да биде дозволен без маски;
- Задолжителна дезинфекција на раце, на влез, за секој посетител;
- Задолжително мерење на температура на влез, за секој посетител.
ЗА ОРГАНИЗАТОРИТЕ
- Сите членови од тимот да бидат опремени со заштитна опрема;
- Обезбедување на средства за дезинфекција и нивно постојано користење за време на настанот;
- Задолжително мерење на температура на членовите на тимот и учесниците;
- Намалување на бројот на тимот кој ќе има контакт со изведувачите или учесниците на настанот;
- Намалување на бројот на тимот кој ќе циркулира помеѓу посетителите;
- Обезбедување на соодветен простор за физичко растојание и престој на учесниците пред, за време и по настанот;
- Зголемување на просторот помеѓу бината и првите редови на посетителите;
- Зголемување на димензиите на бината за овозможување на доволно физичко растојание на учесниците;
- Дезинфекција на микрофони и бинска опрема, ако нема услови секој изведувач да добие свој микрофон;
- Обезбедување на поголем простор за миксетата и останата техничка опрема кога треба да биде поставена во делот кај публиката и обезбедување на физичко растојание помеѓу тимот и публиката;
- Продажбата на пијалаци и храна е дозволена, но под строго утврдени мерки. Се препорачува продажба на пакувани пијалоци и храна. Засилени санитарно - хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената во продажниот простор, растојание од 1 м меѓу продавачот и купецот, како и физичко оградување на продажниот простор со соодветен стаклен (плексиглас) параван.
- Доколку просторот за организација на настанот овозможува, претставниците на акредитираните медиуми ќе имаат посебен влез и посебно место за лоцирање; Доколку не, за нив важат истите насоки како и за публиката;
- Доколку настанот побарува присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, за нив важат правилата за употреба на заштитна опрема;
- Обезбедување на заштитна опрема доколку постои физичка продажба на билети на влезот на настанот;
- Потсетување на посетителите на мерките на претпазливост и држење растојание пред почеток на настанот на видео бим (доколку има) или со снимен говор преку системот за озвучување;
- Сите членови на физичкото обезбедување да бидат опремени со заштитна опрема (маски, ракавици, визири);
- Задолжително објавување на мерките на сите ПР и маркетинг материјали за настанот, како и објави на социјалните мрежи;
- За филмските продукции доколку настанот се снима или има потреба за пренос во живо:
- Поставување на камери и сниматели кои управуваат со истите на точно позиционирани места претходно одредени со најмало растојание од 3 до 5 метри;
- Режискиот пулт да биде поставен надвор и независно од сцената за изведба;
- Се препорачува при снимање да се користи опрема од типот на кран, како најбезбедна опција за пренос на слика од публика или оркестар.
- Да се отворат установите потебно е да се исчистат и дезинфицираат сите простории во објектите, да се направи чистење и дезинфекција на целата опремата и инвентарот.
- Да им се укаже на вработените за обврската да го следат сопственото здравје и состојбата на посетителите при прием и во текот на престојот на посетителите во игротеката. Вработените да се однесуваат одговорно и да придржуваат кон општите препораки за превенцијата на КОВИД-19 (физичка дистанца и употреба на лична заштитна опрема), на работното место и вон.
- Веднаш да се отстранат вработените лица од своите работни мести доколку имаат било какви симптоми на болест.
- Сите вработени во игротеката се известуваат да не доаѓаат на работа доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
- Родителите/старателите на децата се известуваат да не доаѓаат во игротеката доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
- На сите вработени, родителите и деца им се мери телесна температура пред влезот на игротеката и во случај на зголемена температура (≥ 37,5°C) не им се дозволува влез. Истите се упатуваат за понатамошна консултација кај матичен лекар.
- Пред влезот на игротеката се поставува дезо-бариера за дезинфекција на обувките која редовно се одржува натопена со дезинфекционо средство.
- На влез од игротеката, децата и родителите ги пречекува вработен во игротеката кој е задолжен да се грижи да ги дезинфекцираат обувките и рацете.
- На влезот од игротеката, во ходниците и просториите за седење и играње се поставуваат едукативно-информативни материјали со насоки за заштита на здравјето и безбедност во центарот.
- Сите вработени во игротеката, родителите и децата при влегување во игротеката и за време на престојот таму задолжително носат заштитна маска/покривка на лице (заштитна маска не носат деца од предшколска возраст) и ја почитуваат мерката за физичка дистанца од најмалку 1,5 метар.
- Се ограничува бројот на деца во делот за играње согласно капацитетот на просторот со цел да се обезбедат по 4 метри квадратни по дете. Максималниот дозволен број на деца во делот за играње во игротеката е 10.
- Максимално дозволено време на престој во игротеката на една група посетители е 2 часа.
- Сите простории во игротеката задолжително се обезбедени со дезинфекционо средство и се проветруваат често, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на посетителите. За време на престојот во игротеката, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец.
- Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите умијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот.
- Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат.
- Играчките кои се направени од плишан материјал да се отстранат и да не се стават во користење.
- Играчките, после секоја група на деца, да се дезинфицираат со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Доколку настанот е роденденска забава, се забранува славеникот да дува свеќи.
- Дозволени се само игри на дистанца од 1,5 до 2 м, со аниматор.
- Се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт на вработените во игротеката и меѓу посетителите.
- Чистењето на просториите во игротеката се врши пред пристигнувањето на секоја група посетители, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените и посетителите во игротеката, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на посетата за секоја група на посетители. Игротеката изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени и дезинфицирани.
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број лица и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, лицето треба да чека надвор од тоалетот додека излезе лицето кое е внатре).
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Во игротеката (доколку има) клима уредите редовно се сервисираат, се менуваат и дезинфицираат филтрите.
- Менаџерот на игротеката треба да определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и вооедно ќе можат да помогнат на оние посетители кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
- Во тоалетите и во сите други простории од игротеката да се обезбедат корпи за отпадоци со капак.
- Ако некој од посетителите или вработените развие симптоми на КОВИД-19 додека е во игротеката, лицето со симптоми се изолира во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка, доколку е лицето возрасно веднаш му се укажува да се консултира со својот матичен лекар, а доколку лицето со симптоми е дете веднаш се известуваат родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето и да го консултираат матичниот лекар на детето.
- Доколку се потврди дека лицето кое присуствувало во игротеката е заболено од КОВИД-19, менаџерот на игротеката врши консултација со епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје за натамошно постапување со групата на посетители на која припаѓа лицето и доследно се спроведуваат добиените насоки.
НАПОМЕНА: Во кафетеријата која е во функција на игротеката односно во која чекаат родителите да се почитува Протоколот за работа на кафетерии усвоен од Владата https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр.57)
-
Спортистите и членовите во спортските сали и центрите за танцување да доаѓаат во однапред определени термини и во групи. Секоја група да вежба/танцува само во термините определени за нив. При влез/излез задолжително да биде употреба на маски, визири и нараквици (опрема за лична заштита).
-
Танчерите и лицата кои тренираат, задолжително да дојдат подготвени за тренинг во спортската опрема која ќе ја користат и да не се користат гардероби за пресоблекување.
-
Обувките кои ќе се користат за тренинг задолжително да се облечат на влез во танцовиот клуб, да се користат наменски во просторот за тренинг и да не се користат гардеробите за пресоблекување.
Да се обезбеди соодветен простор за обувките и на танчерите и на лицата кои тренираат, кои ги користат надвор и истите задолжително да ги складираат во соодветна торба (кесичка). Задолжително е вршење дезинфекција на просторот за складирање (плакар), по завршување на секој тренинг. -
Бројот на лица кои тренираат во една група не смее да надмине од 10 до 12 во просторија од минимум 60-70 м2, со задолжително носење на лична заштита на лицето и дезинфекција на рацете.
-
Пред теоретската и практичната настава, да се преземат засилени санитарно-хигиенски мерки, просториите и тоалетите да се исчистат зачестено, 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
Во танцовите клубови особено да се внимава на хигиената на површините што често се користат (рачки од врати и прозори, маси, огради на скали и сл.) Кога користат средства за дезинфекција, строго да се следат упатствата на производителот, особено оној за контакт време (времето што е потребно за средството за дезинфекција да ги уништи микробите на предметите). -
На видливи места да се постават постери со информативен карактер за заштита од КОВИД-19 (миење раце, отпадок, правилна употреба на заштитни маски, правила на однесување за време на одржување на курсевите и сл.).
-
Да се обезбедат корпи за отпадоци за маските и ракавиците и истите да бидат поставени надвор од објектот. На влезот од просториите и во тоалетите да се постават средства за дезинфекција на рацете. Истите да се користат на секој половина час и за начинот на употреба на истите да бидат информирани вработените и лицата кои тренираат.
-
На тренинзите да бидат обезбедени и достапни топломери, течен сапун и средства за дезинфекција.
-
Во тоалетите задолжително да се обезбеди течен сапун и хартиени бришачи, периодично да се изврши чистењето и истото да се евидентира со потпис.
-
Во просториите да не се користат клима уреди. Да се обезбеди соодветна вентилација на просториите.
-
Поставување на сите потребни заштитни средства (дезинфекција на патики на влез, раце и сл.).
-
Простор за секое дете присутно на час од 1,5м квадратни. (и во нормални услови, танчарите имаат свој простор од минимум 1 м2).
-
Комплетна дезинфекција на просториите, пред и по часовите.
-
Временски период помеѓу секој час (од 20 до 30 минути) за комплетна вентилација и чистење на просториите.
-
Забранет е контакт помеѓу две различни групи помеѓу тренинзите.
-
Забранет влез за родители/старатели/придружници.
-
Дезинфекција и миење на раце пред и по секој час, како и едно задолжително дезинфицирање на рацете за време на тренингот.
-
Тренерите/инструкторите да носат заштитна маска.
-
Доколку се присутни повеќе од еден тренер во просториите за танц, да нема никаков контакт помеѓу нив, да одржуваат растојание од минимум 2 метри.
-
Се забранува размена на предмети помеѓу присутните на час (телефони, гардероби, накит и слично).
-
При влез во танцовите клубови, членовите да извршат дезинфицирање на обувките со поставените дезинфицирани бришачи пред вратите. На сите членови при доаѓање ќе им се измери температура со далечински термометри и истото ќе се евидентира. Нема да се примаат членовите кои имаат температура над 37 степени и при истото ќе се информираат соодветни здравствени центри.
-
Членарините да се подмируваат електронски, со трансакциски сметки и сл. Да не се практикува плаќање во готовина.
-
Гардеробите треба да бидат заклучени и да не ги користат учесниците.
-
Сите реквизити, опрема и уреди што ќе се користат за време на трeнингот, мора да бидат правилно дезинфицирани пред и после тренинзите.
-
Не е дозволен директен физички контакт помеѓу учесниците (со исклучок доколку се членови на исто семејство).
-
Се препорачува отпочнување со работа и тренинзи на отворен простор, со почитување на сите претходно наведени мерки за заштита.
- Сите вработени во центарот се известуваат да не доаѓаат на работа доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
- Учениците се известуваат да не доаѓаат на часови во едукативниот центар доколку имаат респираторни симптоми (зголемена телесна температура ≥37,5°С, кашлица, отежнато дишење).
- На сите вработени и ученици им се мери телесна температура пред влезот на центарот/училиштето и во случај на зголемена температура (≥ 37,5°C) не им се дозволува влез. Истите се упатуваат за понатамошна консултација кај матичен лекар.
- Центарот/училиштето, за влез и излез на учениците, ги става во функција сите влезови на објектот и изготвува распоред за влез/излез (список со назнака на влез и време на влегување) за секоја група и го истакнува на видни места во центарот.
- На родителите/старателите кои ги испраќаат децата до назначениот влез на центарот им се забранува нивно влегување во центарот.
- Пред влезот на центарот/училиштето се поставува дезо-бариера за дезинфекција на обувките која редовно се одржува натопена со дезинфекционо средство.
- На влез од центарот/училиштето, учениците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи учениците да ги дезинфицираат обувките и рацете.
- Првиот ден од наставата започнува со упатства за учениците за тоа како правилно и безбедно да се однесуваат, да одржуваат физичко растојание, хигиена на рацете и заштита на сопственото здравје, но и здравјето на останатите ученици и вработените во центарот.
- На влезот од центар/училиштето, во ходниците и просториите за настава се поставуваат едукативно-информативни материјали со насоки за заштита на здравјето и безбедност во центарот.
- Сите вработени во центарот/училиштето и учениците при влегување во центарот/училиштето и за време на престојот во центарот задолжително носат заштитна маска/покривка на лице (заштитна маска не носат деца од претшколска возраст) и ја почитуваат мерката за физичко растојание од најмалку 1,5 метри.
- Се ограничува бројот на ученици во една училницата согласно капацитетот на просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учениците и наставникот од 1,5-2 метри. Дозволен максимален број на ученици во една училница е 6.
- Времето на престој на учениците во центарот/училиштето се ограничува на 2 часа.
- Наставата се одвива со обезбедено физичко растојание од 1,5 метри помеѓу учениците и наставникот и учениците.
- Училниците задолжително се обезбедени со дезинфекционо средство и се проветруваат после секој наставен час, најмалку половина час пред пристигнување и по заминувањето на учениците. За време на наставата во училницата, доколку дозволуваат временските услови, се остава отворен прозорец.
- Се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол).
- Се забрануваат поздравувања со физички контакт на вработените во центарот и меѓу учениците.
- За време на наставата и паузите, со учениците задолжително е присутен наставникот кој се грижи за почитување на физичко растојание меѓу учениците со цел да се спречи нивно групирање како и носењето на заштитна маска.
- Меѓусебното споделување информации и работните состаноци во центарот треба да се изведуваат со употреба на видео-конференциска врска.
- Пренесување на информации и состаноци со родителите/старателите се одвива преку телефон или преку некоја он-лајн апликација, којашто ќе ја договори центарот/училиштето.
- Чистењето на училниците се врши пред почетокот на наставата, завршување на активностите на секоја одделна група на ученици, со вода и сапун/детергент и со дезинфекциско средство кое делува на вируси според упатство на производителот.
- Површините и предметите кои почесто се изложени на допир од страна на вработените во центарот и учениците, се дезинфицираат на почетокот и на крајот на часот за секоја група на ученици. Центарот/училиштето изготвува листа на сите површини кои треба редовно да бидат чистени и дезинфицирани.
- Употребата на тоалетите се организира на начин што ќе овозможи присуство на помал број ученици и запазено физичко растојание (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот кој е внатре).
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Во центарот/училиштето како и во училниците (доколку има) клима уредите редовно се сервисираат, се менуваат и дезинфицираат филтрите.
- Менаџерот на центарот/училиштето треба да определи лица од вработените кои на одредени места ќе бидат во улога на контролори и воедно ќе можат да помогнат на оние ученици кои имаат прашања и им е потребна поддршка да ги разберат мерките за нивна заштита.
- Во тоалетите и во училниците да се обезбедат корпи за отпадоци со капак.
- Ако ученик развие симптоми на КОВИД-19 додека е во центарот/училиштето, наставникот го изолира ученикот во посебна просторија со задолжително носење на заштитна маска/прекривка и веднаш ги известува родителите/старателите, кои во најкраток временски период треба да го земат детето и се упатуваат за натамошна консултација со матичниот лекар на ученикот.
- Доколку се потврди дека ученик е заболен од КОВИД-19, центарот/училиштето врши консултација со епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје за натамошно постапување со групата на која припаѓа ученикот и доследно се спроведуваат добиените насоки.
ЗАРАДИ СПРЕЧУВАЊЕ НА ПРЕНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОВИД-19 ИНФЕКЦИЈА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ, ВО БИБЛИОТЕКИ, МУЗЕИ, ГАЛЕРИИ И ДРУГИ ИЗЛОЖБЕНИ ПРОСТОРИ, ПОТРЕБНО Е ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА:
- Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето;
- Одржување на потребното физичко растојание;
- Обезбедување честа дезинфекција на рацете и
- Редовно чистење и дезинфекција на средината/просторијата/објектот.
-
Сите вработени лица и посетители, задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето, што подразбира каква било форма на заштита која ги покрива пределот на носот и устата.
-
Одржување на потребното физичко растојание меѓу вработените, како и меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри. На влезот да се постави известување за посетителите за задолжително одржување на потребното физичко растојание меѓу посетителите и меѓу посетителите и вработените.
-
Ограничување на бројот на посетители согласно квадратурата на просторот, на 15 посетители на 100м² нето површина (површина предвидена за движење на посетителите, односно од бруто површината одземена површината на експонатите, мебел и друга опрема).
-
Регулирање на бројот посетители во објектот, така што, откако ќе влезе максимално дозволениот број на посетители, повторно ќе може да влезат нови посетители, откако претходно ќе излезе и последниот посетител или на еден излезен посетител може само еден посетител да влезе.
-
Задолжително да се одредат лица за контрола на спроведување на мерките пред влезот и во самиот објект.
-
Пред билетарниците, да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорача on-line купување на влезници.
-
Пред влезот на објектот, да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете, со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
-
На видни места да се постават известувања за забрана за допирање на изложените експонати и површините со кои се заштитени експонатите. Сите површини кои се изложени на често допирање од старана на посетителите, треба континуирано често да се пребришуваат со дезинфициенси на база на алкохол.
-
Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
-
Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
1. Претходни подготовки:
1.1. Се поставуваат информативни материјали за општите мерки за спречување ширење на КОВИД-19 на видни места;
1.2. Во целиот објект се отстрануваат сите места за седење кои се надвор од читалните;
1.3. На јасно видливи места се истакнуваат информации според кои:
1.2.1. Се забранува присуство во другите простории на објектот каде што се наоѓа читалната (хол, аула, простории за одмор);
1.2.2. Предмети (ташни, ранци) не смеат да се оставаат на подот;
1.2.3. Вратите и прозорците не смеат да се затворат;
1.2.4. Храна и пијалаци не смеат да се оставаат на масите;
1.2.5. Означени насоки за движење 80 објектот каде што се наоѓа читалната;
1.2.6. Задолжително носење на маска за лице во просториите на читалната;
1.4. Масите и столчињата се наоѓаат на растојание од најмалку 1,5 до 2 метри;
1.5. Вратите и прозорците се оставаат отворени, истите се фиксираат;
1.6. Пред влезот се остава сунѓер со средство за дезинфекција на обувките;
1.7. Пред влезот на читалната се поставува средство за дезинфекција на раце;
1.8. Секое место за седење се нумерира;
1.9. Автоматите за самопослужување на пијалаци и храна не се во функција.
2. Влез и излез од објектот
2.1. Пред секое влегување се дезинфицираат рацете;
2.2. Лицето задолжено за прием на студентите и распределување на местата во читалната задол-жително носи ракавици, маска и наочари/везир за заштита;
2.3. Пред влегувањето во читалната, се мери телесната температура на корисникот;
2.4. На пријавница се покажува членска карта и:
2.4.1. Се добива соодветно место за седење
2.4.2. Се евидентираат: време, име, презиме и податоци за контакт
2.4.3. Странката одговара на прашања дали бил/а во контакт со лице заразено со Ѕагѕ-CoV-2 и да-ли има забележливи симптоми;
2.5. Напуштање на местото за седење се; најавува на пријавница;
3. Одржување на хигиена во објектот
3.1. Санитарните простории се дезинфицираат секои X часа;
3.2. По напуштање на местото за седење истото:
3.2.1. Се дезинфицира;
3.2.2. Се распределува по изминати X минути
4. Друго
4.1. Централните вентилациски системи, вентилатори, клима уреди и слично не се ставаат во употреба;
4.2. Редовно чистење и одржување на индивидуалните клима уреди.
4.3. Се внимава на редот, мирот и одржувањето на дистанца надвор од објектот;
4.4. Се работи според претходно утврдено работно време;
4.5. Списокот со претходно запишани лица коишто ја посетиле читалната и нивни информации за контакт се чува две недели.
- Тестирање на актерите – На главните актери кои учествуваат во снимање на сцени во кои е невозможно користење на опрема за лична заштита и одржување на препорачаната дистанца, ќе им биде проверена здравствена состојба со тест за САРС-КоВ-2.
- Опрема за лична заштита – Членовите на екипата, во текот на извршувањето на работните задачи и во слободното време, задолжително користат опрема за лична заштита, согласно препораките од надлежните институции – маска за лице (за еднократна или повеќекратна употреба) и ги почитуваат препораките за хигиена на раце (често миење), одржување на респираторна хигиена и дезинфекција на рацете со препорачано средтсво за дезинфекција на база на алкохол.
Се препорачува маските за лице да се менуваат во текот на денот, а по употребата да се одложат во означена корпа за отпад. Кога се користат маски за лице од ткаенина или друг вид на маска за повеќекратна употреба, членовите на екипата мора после секое носење соодветно да ги перат/дезинфицираат/стерилизираат.
Заштитни ракавици треба да носат само оние членови на екипата кои често допираат потенцијално опасни предмети и површини и оние кои ја напуштаат локацијата за снимање (на пр.продукција, возачи, помошници, итн.) за да се спречи загадување на просторот на снимање. - Мерење на температурата – На секој член на екипата ќе му биде мерена телесната температура со бесконтактен термометар пред почетокот на денот на снимањето и пред да влезе во локацијата/сетот за снимање. Секој член на екипата чиј ангажман започнува подоцна во текот на денот, подлежат на мерење на температурата по пристигнувањето. Горната граница на дозволена температура на човечкото тело мора да биде 37.2, согласно со специфичните здравствени регулативи во земјата.
- Лична дезинфекција – За целото времетраење на подготовките и во текот на снимањето, членовите на екипата мора да се придржуваат до препораките и мерките за заштита од ширење на коронавирусот, пропишани од надлежните институции, и тоа не само во текот на работниот ден, туку и после тоа.
При доаѓањето на работното место, локацијата/сетот, секој член на екипата треба темелно да ги измие рацете со сапун и вода, да ги избрише со хартиен бришач, па да ги дезинфицира со дезинфициенс за раце на база на алкохол. Во текот на работниот ден, за секое лице е задолжително често миење и дезинфицирање на рацете и избегнување допирање на лицето, устата, носот и очите со раце, а при кашлање или кивање, устата и носот да се покријат со свиткан лакт или хартиено марамче и истото да се одложи во специјално наменета корпа за отпадоци, по што e задолжително да се измијат рацете.
Пултови за лична дезинфекција - држачи со гел за дезинфекција на раце ќе бидат поставени во близина на просториите, делот за кетеринг и на филмскиот сет.
Доколку сцената што се снима е долготрајна, членовите на екипата задолжително да носат марамчиња за дезинфекција или шише со средство за дезинфекција, за да не мора да го прекинуваат снимањето за да се дезинфицираат.
Информативни табли за потсетување на превентивните мерки ќе бидат поставени на видливи места околу филмската локација. Ќе биде назначен член од екипата кој ќе биде КОВИД координатор и ќе внимава на почитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19. - Дезинфекција на простор и предмети - при снимање во јавен простор во градот и на места со голема концентрација на луѓе, се препорачува дезинфекција на просторот со прскање (особено за големи продукции).
Продукцијата ќе обезбеди дезинфекција на сите возила, вклучувајќи ги и оние кои служат за превоз на екипата и актерите.
При организиран превоз на патници до местото за снимање се почитуваат протоколите за превоз на патници кои согласно моменталната еепидемиолошка состојба се во примена.
Покрај редовното одржување на хигиена во работниот простор, секој од секторите е задолжен да ги дезинфицира своите работни површини.
Костимите кои ќе се користат за снимањето треба да бидат подложени на редовна дезинфекција, зависно од индивидуалната проценка на ризикот од секторот Костимографија.
Дезинфекција на опрема за шминка – Опремата која се користи за шминкање мора да да се дезинфицира после завршување со шминкањето. За секој актер да се користи посебен прибор за нанесување на шминката (туфери,четки и сл.) кои се за еднократна употреба или на крајот на снимачкиот ден приборот ќе се дезинфицира. Членовите на секторот Шминка задолжително секојдневно да ги дезинфицираат своите работни пултови и столчиња за актерите.
Потенцијално опасните површини и предмети што актерите ќе ги допрат во текот на снимањето, мора да бидат дезинфицирани од страна на член на секторот Сценографија. - Организација на простор – Просториите кои ќе се користат во фазата на пред-продукција (за секторите: продукција, режија, костим, шминка, сценографија и сл.), како и просторот на локациите/сетовите каде ќе се одвива снимањето, ќе бидат соодветно огранизирани за да може да бидат раздвоени членовите на екипата. Притоа, ќе биде обезбеден простор доволен за одржување на физичка дистанца од 1.5 – 2 метра.
Препорачано е за клучните членови на екипата - автори, актери и други професии што е тешко да се заменат и чие исклучување од снимање поради сомнеж од инфекција може да го загрози целиот проект, да ја сведат директната комуникација со останатите членови на екипата на минимум неоходната, во оние ситуации кога истата не може да се оствари преку телефон, електронска пошта и сл.
За снимањата кои вклучуваат статисти, за нив ќе има посебно означен простор и нивното движење ќе го контролира водач на статисти. - Кетеринг - Храната ќе биде послужена во посебно означен простор за кетеринг, и ќе биде пакувана во индивидуални пакети со што ќе се овозможи членовите од екипата брзо да се оддалечат од пултот по земањето на својот оброк. Просторот наменет за дневните оброци, вклучувајќи ги и паузите за освежување во текот на денот, ќе биде означен и ќе им овозможи на членовите на екипата да ја одржуваат препорачаната дистанца од 1.5 до 2м.
- Обезбедување на локацијата - За време на пред-продукцијата, кога екипата разгледува потенцијални локации, истите мора да се третираат како да се заразени, а екипата задолжително мора да користи опрема за лична заштита.
За време на снимањето – локациите/сетовите ќе бидат заклучени за да се спречи влегување на неовластен персонал или лица кои не се членови на екипата. - Управување со отпад – Користената опрема за лична заштита ќе се одложува во соодветно означени канти за отпадоци со капак и ножен пеадл во кои има поставена пластечна кеса.Чистењето (празнењето) на овие корпи за отпадоци се спроведува од хигиеничар кој носи заштитни ракавици, а кесата да се одложи во најблискиот контејнер.
- Хотелското сместување на целокупната екипа се одвива во еднокреветни соби со почитување на протоколите за угостителските објекти за сместување.
- Се води секојдневна евиденција на лица присутни на снимањето.
- Користење на заштитна опрема, маски од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места.
- Одржување на физичко растојание од 2 метри помеѓу присутните играчи во просторијата.
- Влез со маски за сите играчи.
- На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2 метри со играчот кој следен чека за уплата.
- На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња.
- За играње на ВЛТ апарати се применува една од следниве мерки:
- Поставени ВЛТ апаратите на растојание од 2 метри,
- Играње на ВЛТ апарати преку еден апарат,
- Поставување на стаклени, пластични или платнени бариери (паравани) помеѓу ВЛТ апаратите доколку не може да се обезбеди растојание од 2 метри.
- Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците.
- Задолжителна дезинфекција на апаратите после секој играч.
- Шанковите во рамките на уплатните места имаат можност за послужување на пијалаци само на местата каде е дозволено седење. При консумирање на пијалакот не е задолжително носење на заштитна опрема.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05°/о натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Ограничен број на лица, односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмногу 1 лице на 5 м2.
- На влез е задолжително да има редарска служба.
- Редарската служба ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот и контрола на заштитна опрема (заштитни маски).
- Заштитната опрема е задолжителна при влегување и движење низ објектот.
- Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски), не смеат да се пуштаат внатре и да се движат низ објектот.
- Вработените задолжително да вршат редовна дезинфекција, миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска).
- Задолжително одржување на физичко растојание од најмалку 1,5 м.
- Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.
- На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.
- Дозволено е служење пијалаци во внатрешноста на автомат клубот.
- Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1: 100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Се дозволува бројот на лица да биде согласно бројот на автомати во објектот.
- На влез е задолжително да има редарска служба.
- Редарската служба ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот и контрола на заштитна опрема (заштитни маски).
- Редарската служба ќе врши контролирано пропуштање на лица во објектот со запазување на физичко растојание од најмалку 2 м до казино рецепцијата.
- Позициите за регистрација на посетители мора да бидат одвоени најмалку 2 м една помеѓу друга.
- Доколку лицата не носат заштитна опрема (заштитни маски) не смеат да се пуштаат и да се движат низ објектот.
- Вработените задолжително да вршат редовна дезинфекција и миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска).
- Задолжително одржување на физичко растојание од најмалку 1,5 м.
- Во случај на помало растојание задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично.
- Заштитната опрема е задолжителна при движење низ објектот.
- Присуството на лица на касите низ објектот е со одржување на физичко растојание од 2 м.
- На видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.
- Дозволено е послужување пијалаци во внатрешноста на казиното.
- Задолжително да се врши редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
За играње на апарати на игри на среќа (АИС) се применува една од следниве мерки:
- Доколку гостите седат на играчкото место на АИС и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.
- Доколку гостите седат на играчкото место на АИС со повеќе играчки места (електронски рулет) и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.
За играње на масите за жива игра се применуваат следниве мерки:
- Игра на маса за жива игра Американски Рулет се одвива со задолжително носење на заштитна опрема.
- Игра на маса за жива игра Блек Џек, Карабиан Покер, Ултимејт Тексас Покер и други казино игри кои се играат на маси со седум играчки места, се одвива со задолжително носење на заштитна опрема.
- Игра на маса за жива игра Тексас Холдем Покер се одвива преку едно играчко место со задолжително носење на заштитна опрема.
- Овој протокол се однесува на вршење на меѓуопштински линиски превоз на патници, слободен превоз на патници и посебен линиски превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај (во меѓуопштинскиот, општинскиот и превозот на територија на градот Скопје), превоз на патници за сопствени потреби во внатрешниот патен сообраќај (за возила со капацитет од најмалку девет седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот), меѓународен линиски превоз на патници, меѓународен слободен превоз на патници, меѓународен превоз на патници за сопствени потреби (за возила со капацитет од најмалку девет седишта по возило несметајќи го и седиштето на возачот) и општинскиот линиски превоз на патници, односно за линиски превоз на патници во градот Скопје.
- Задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот.
- Возачот е одделен од делот за патници со физичка преграда (врата или преграда од плексиглас во висина над главата.
- На автобуските станици, стојалишта и свртувалишта да се означат/обележат точки на патниците со цел воспоставување на ред за чекање со одржување на физичко растојание од 1.5 до 2 метри и одржување на редот од страна на одговорни лица на станицата.
- Регулирано движење на патниците (влез-излез на посебна врата).
- Обезбедување на редовна контрола за почитување на овие мерки.
- Поставено средство за дезинфекција на раце на влезните врати.
- Поставен на јасно видливи места, едукативно информативни материјали за
почитување на заштитните превентивни мерки: носење маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена. - Се забранува јадење, пиење и грицкање во возилата.
- Означување на правецот на движење на патниците во автобусот.
- Обезбедување на корпи за отпадоци со пластична кеса и капак која ќе се празни после секоја тура.
- Се препорачува сите превозници кои вршат превоз на патници во согласност со точка 1 од овој протокол, да вклучат дополнителни возила за вршење на превозот со цел да ги опслужат потребите за патување на патниците.
- По завршување на турата, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 % натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. За извршената дезинфекција да се води редовна дневна евиденција.
- Работното време од 10:00 до 22:00.
- Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените.
- Задолжително носење на заштитни маски на купувачите.
- Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5 – 2м.
- Поставени на јасно видливи места, едукативно - информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки.
- Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8м² - 10м² продажен простор, по еден купувач.
- Задолжително одржување на редот за влез во продавницата.
- Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете.
- Во продавниците за облека, гардеробите за пробување на облека доколку се повеќе на број, да се стават во функција со запазување на физичкото растојание од минимум 1,5м.
- Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5 2м меѓу касите.
- Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од од 1,5м меѓу купувачите.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
- Се ограничува бројот на гости и се дозволува работа во затворениот дел на кафетериите, со искористеност на капацитетот на затворениот простор до најмногу 50%, како и работа на отворените делови – терасите кои се најмалку од една страна отворени, со кровна конструкција, до најмногу 50% од капацитетот на објектите.
- Дозволено е послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
- Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице/редар пред влезот на угостителскиот објект.
- Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.
- Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на пијалаци.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, по заминување на секоја тура на гости.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
- Се дозволува организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворениот дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи), кои треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење помеѓу гостите.
- Се ограничува максималното ниво на бучава на 55 децибели.
*ОВОЈ ПРОТОКОЛ СЕ ОДНЕСУВА И ЗА РАБОТАТА НА НОЌНИТЕ БАРОВИ И КЛУБОВИ (ДИСКОТЕКИ), КАДЕ СЕ ДОЗВОЛУВА РАБОТА ВО ЗАТВОРЕНИОТ ДЕЛ ОД ОБЈЕКТОТ И НА ОТВОРЕНИТЕ ДЕЛОВИ-ТЕРАСИ, СО 50% ОД КАПАЦИТЕТОТ НА ПРОСТОРОТ.
- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце.
- Се ограничува бројот на гости и се дозволува работа во затворениот дел на угостителските објекти за исхрана, со искористеност на капацитетот на затворениот простор до 50%, како и работа на отворените делови – терасите од угостителските објекти кои се најмалку од една страна отворени со кровна конструкција, со најмногу 50% искористеност на капацитетот на објектите.
- Дозволено е послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
- Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице/редар пред влезот на угостителскиот објект.
- Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци.
- Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
- На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) во отворен и затворен дел од објектот.
- Се дозволува организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворениот дел од објектот (пејачи/музички групи/диџеи), кои треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење помеѓу гостите.
- Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителските објекти за исхрана на 55 децибели.
* * *
Угостителските објекти кои се регистрирани за прослави (веселби, свадби, родендени, крштевки и слично) можат да ја организираат работата како ресторани во отворениот дел од угостителскиот објект, односно на терасите, до најмногу 50% од капацитетот на објектот и да работат во затворениот дел на угостителските објекти со искористеност на капацитетот на просторот до 50%, како и да организираат свадби со присуство на музичари, согласно соодветниот наменски Протокол.
1. Процедури за угостителски објекти за сместување
Прием и сместување
- Поставена дезинфекциона бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот.
- Во холот при влезот треба да биде истакната Табла за добредојде со поздрав и разбирлив текст за чекорите и препораките кои треба да се почитуваат за време на престојот во објектот (носење лична заштита на лицето-маска и дезинфекција на раце).
- Задолжително носењето на лична заштита на лицето-маска за гостите и вработените лица во објектот.
- На рецепцијата во угостителските објекти за сместување, каде што пултот не е доволно широк да обезбеди потребно растојание (1,5 до 2 метри), во делот каде работи рецепционерот, да биде поставена монтажна преграда (шалтер) изработен од проѕирна пластика или стакло која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи.
- Монтажната преграда од проѕирна пластика може да биде заменета со дополнително носење на визир од страна на рецепционерот.
- Гостите треба да пристапуваат до рецепцијата поединечно или во број којшто, во зависност од големината и распоредот на просторијата, оневозможува средби и којшто овозможува достапно меѓусебно растојание, а за тие што чекаат, треба да се воведат подни патокази или столпчиња за ограничување на приодот.
- Да се советуваат гостите за потреба од пријавување на терминот за одјавување од објектот (check out) со цел навремена подготовка на потребната документација во насока на намалување на времето за задржување пред рецепцијата.
- Давателите на услуги треба да ги отстранат предметите што ги допираат повеќе гости, на пр. играчки, списанија.
- Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот.
- Давателот на услуги нуди единечни или двојни соби со прилагодувања, а во сместувачките капацитети со повеќе кревети може да се сместуваат гости од исто семејство.
- Текстилните украсни елементи на тапацираниот мебел и креветот се отстрануваат (перници, ленти, украсни прекривки...)
- Во собите за сместување и на рецепцијата се поставува средство за дезинфекција на рацете.
- Секојдневно одржувањето на хигиената на јавните простории и собите со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Персоналот во угостителските објекти за сместување мора да стави посебен нагласок на чистење и дезинфекција на предмети што ги допираат голем број раце (на пр. ограда на скали, прекинувачи, рачки, куки, копчиња во лифт, кваки, врати).
- Просториите треба редовно да се проветруваат.
- Фреквенцијата на чистење на сместувачките капацитети ќе се усогласат со постоечките стандарди, со дополнително информирање на гостите дека чистење на собите и промена на постелнините и крпите може да се прилагодат на потребите на гостите (на пр. да се чисти собата или да се менува постелнината само при доаѓање/ одење на гостите итн.)
- Чистење на санитарните јазли и горните површини во собите се чистат со употреба на соодветно средство и со особено внимание кога се менуваат гостите во собата. Користената постелнина и крпите мора да се собираат во затворени кеси одвоено од чистата постелнина (чистата постелнина не смее да дојде во контакт со нечистата).
- При чистење на повеќе сместувачки капацитети, мора да се води грижа да не се пренесе вирусот од еден сместувачки капацитет на друг преку заразена облека или заштитната опрема на персоналот. Се препорачува да се приспособат постапките на чистење така што би се спречило такво пренесување (на пр. употреба на заштитна облека/скутници за една употреба, промена на заштитната облека секој пат, итн.)
- Плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата.
2. Процедури во угостителскиот дел за исхрана - ресторант
- Служењето храна на шведска маса е дозволено.
- Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат лична заштита на лицето - маска и зачестено одржуваат хигиена на раце.
- Дозволено е послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
- Дезинфицирање на масата и столовите пред секој оброк и по завршување на истиот.
- Масите да се прекриени со хартиени или најлонски чаршафи за еднократна употреба или ако се користат стандардни чаршафи истите да се менуваат и перат после секој послужен гостин.
- Масите да не се претходно сервирани (доколку објектот има услови да постави средство за дезинфекција на секоја маса - доколку не, гостите ќе можат да го користат средството за дезинфекција кое ќе биде поставено на влезот од ресторанот според препораките на Светската здравствена организација).
- Каранфинглата и приборот кој претходно се дезинфицирани на масите се поставуваат по седнувањето на гостите, приборот да биде послужен во најлонска обвивка или во салфетка.
- Келнерот е должен да води максимална грижа за својата лична хигиена со заштита на лицето-маска, ги послужува гостите со внимавање на растојанието, но поради тоа што келнерот не може да служи храна и пијалак од 2 метри растојание, тој треба да одлучи колкаво е пристојното растојание што може да го одржи при послужување. После послужувањето, келнерот стои на соодветно растојание и чека да биде повикан од гостите.
- Сите апарати за точење на пијалаци (вода, чај, кафе, сок и сл.) да се отстранат од употреба и пијалаците да се послужуваат по желба на гостите.
- Се забранува користењето на заеднички отворени садови при сервирање на зачини, сосови, масла, сол, шеќер, чаеви и слично, кои се споделуваат на повеќе од една маса.
- По завршување на оброците, искористениот прибор се отстранува од масите и се носи на миење и дезинфицирање во нечистиот дел од кујната, согласно вообичаена процедура која ја налагаат ХАСАП/ХАЛАЛ стандардите каде што е наведено дека во шанкот и кујната треба да постои чист дел каде што се оперира и послужува храна и пијалак и дел каде што се одлага веќе искористениот прибор кој потоа се мие и дезинфицира.
- Растојанието меѓу столчињата од соседните маси да биде од 1,5 до 2 метри.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при заминување на гостите од секоја маса.
- На крајот на смената, задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на тоалетите, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба.
- Се ограничува максималното ниво на бучава во угостителскиот дел за исхрана - ресторант на угостителски објекти за сместување, на 55 децибели.
3. Употребата на санитарни јазли
- Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и после употреба.
- Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
- Да се обезбеди непречен проток, без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребното физичко растојание, со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време.
- Задолжително е носење лична заштита на лицето-маска при користење на заедничките санитарни јазли,
- Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба, како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција. Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини;
- чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, неколку пати во текот на денот (најмалку на секој час) со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични кеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста и на терасите, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.
4. Општи препораки за гости
- Доследно почитување на упатствата од персоналот во врска со обезбедување соодветно меѓусебно растојание, складирање на багаж и гардероба, начинот на давање услуги, употреба на опрема, користење на тоалети, плаќање за услуги.
- Треба да се ограничат големи собири, со доследно почитување на соодветно меѓусебно растојание.
- Внатре во угостителскиот објект за сместување, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на лична заштита на лицето - маска за лице или други облици на заштита што ги покриваат устата и носот (шал, крпа или слични облици на заштита) е исто така задолжително.
- Доследна грижа за хигиената на рацете, со миење со сапун и вода или дезинфекција по допир на какви било нечисти површини.
5. Препораки за постапување при појава на случај со симптоми на COVID-19
- Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
- Го известува својот претпоставен за својата здравствена состојба. Доколку е позитивен на COVID-19, го известува претпоставениот кој пак веднаш го известува регионалниот центар за јавно здравје за појавата на COVID-19 меѓу вработените.
- Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај отпочнува со епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти на работното место и предлага мерки за нив.
- Доколку вработениот бил во контакт со лице коешто покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена и доколку развие симптоми се јавува на матичниот лекар и го известува претпоставениот.
- Доколку гостин заболи со треска или знаци на акутна респираторна инфекција, давателот на услуги треба да се јави во дежурната служба на најблискиот здравствен дом. Гостинот треба да чека во изолација и треба да носи лична заштита на лицето - маска. Да употребува само одредени тоалети и мијалници. Епидемиолошката служба што ќе го добие извештајот за потврден случај спроведува епидемиолошка истрага, идентификува блиски контакти и предлага мерки за нив.
- Просториите каде што се движел заболениот гостин од COVID-19 темелно се чистат и дезинфицираат. Исто така, просториите темелно се проветруваат.
- Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
- После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
- Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1.5м-2.0м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
- Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
- Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото.
Обуката во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи ќе се реализира со сите кандидати - во групи и тоа со 25% од кандидатите или 144 кандидати кои ќе бидат во Центарот за обука, додека останатиот број од 75 % од кандидатите или 432 кандидати ќе следат он- лајн настава од дома по однапред утврден план и распоред за обука и за ротација. Ротацијата на групите од основната обука за полицаец ќе се врши на неделно ниво. Во Центарот за обука ќе се работи на развивање на полициски вештини, додека на вештините на знаење (од аспект на ниво на познавање на законските акти) ќе се работи он-лајн.
Во согласност со утврдениот Куќен ред, во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи се спроведуваат следните активности:
- сместување
- будење
- утринска фискултура
- постројување за појадок (појадок)
- постројување за смотра
- настава
- постројување за ручек (ручек)
- самонасочено учење со слободни активности
- постројување за вечера (вечера)
- слободни активности.
1. Влез во Центарот за обука
На влезот во Центарот за обука на пријавница секој кандидат ќе мора да поминува на ткаенина со дезинфекциско средство за оувки и ќе врши дезинфекција на рацете.
Дежурниот полицаец на влезот со топломер ќе мери температура на секој кандидат за полицаец што ќе влегува во Центарот за обука.
2. Сместувачки капацитети
Во рамките на сместувачкиот капацитет на Центарот за обука, а врз основа на горе наведеното редуцирање со 25% на кандидати, во сите павиљони ќе бидат сместени по еден кандидат во соба.
На влезот во секој павиљон ќе има поставено ткаенина со средство за дезинфекција каде кандидатите при влез во павиљонот ќе ги дезинфицираат обувките. Покрај наведеното ќе има поставено и дополнително средство за дезинфекција на рацете и заштитни маски.
3. Утринска фискултура
Утринската фискултура ќе се спроведува на отвореното спортско игралиште на растојание помеѓу кандидатите од 2 метри.
4. Постројувања за доручек, ручек и вечера
Постројување за појадок ќе биде организирано на повеќе локации каде што ќе се почитуваат препораките за држење на растојание.
Доручек, ручек и вечера во трпезаријата во Центарот за обука ќе се организира на следниот начин:
Трпезариската сала е со капацитет од 180 места со што почитувајќи ги препораките на Комисијата за заразни болести кандидатите ќе бидат делени во групи од по 40 луѓе и ќе се менуваат на половина час за јадење со што ќе се исполнат препораките за меѓусебно држење растојание од 2 метри.
На влезот на трпезаријата ќе има исто така, ткаенина со дезинфекциско средство за дезинфекција на обувки, како и средство за дезинфекција на рацете. На кандидатите од кога ќе ја направат соодветната дезинфекција ќе им се дозволи пристап на лента за земање на храна.
За време на спроведување на доручек, ручек и вечера ќе бидат ангажирани тројца дисциплински старешини и одговорниот советник на тимот заради внимавање на држење на растојание и одржување на ред во кујната, односно ќе бидат ангажирани на следниот начин: еден старешина на влезот во трпезариската сала каде ќе се врши дезинфекција на обувките, еден старешина на местото каде ќе се врши дезинфекција на рацете и еден старешина кој ќе биде на делот за враќање на приборот за храната, додека одговорниот советник е должен да воспостави ред и растојание помеѓу кандидатите.
5. Постројување за смотра
Постројувањето за смотра ќе се врши на отвореното спортско игралиште, каде што исто така, ќе се почитуваат препораките за држење на растојание од 2 метри.
6. Спроведување на настава
Пред влезот на комплексот училници ќе биде поставена ткаенина со дезинфекциско средство за дезинфекција на обувки и дезинфекциско средство за рацете и заштитни маски.
Наставата ќе се изведува во комплексот училници каде во секоја училница ќе има максимум до 23 кандидати со што ќе биде постапено по препораките за растојание од 2 метри.
Покрај наставата во училница, во зависност од временските прилики истата ќе може и да се реализира и на отворен простор во т.н. летни училници каде советниците ќе ги задолжуваат кандидатите од своите училници да си земаат столови и други потребни надгледни средства за работа и на претходно утврдени повеќе локации во Центарот, ќе ја спроведуваат обуката, а по завршување на наставата сите столови и опремата ќе биде одложувана во Салата за симулации.
Активностите во наставата за одбранбени техники нема да се реализираат, бидејќи при реализација на наставните содржини кандидатите ќе бидат во непосреден контакт (што е во спротивност за постапување со Протоколот за превентивни мерки за сите работни места од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари, како и други протоколи од областа донесени од Владата на Република Северна Македонија). Истите би продолжиле доколку се воспостават услови.
Заради новонастаната состојба за време на обуката кандидатите нема да го напуштаат Центарот за обука на дневна основа, освен во петок кога си заминуваат дома, со цел да се спречи некој од кандидатите да се зарази и да шири коронавирус КОВИД-19 во Центарот за обука.
НАПОМЕНА: Сите вклучени во обуката без исклучок (вработени во Центарот за обука и кандидати) во сите затворени простории ЗАДОЛЖИТЕЛНО да носат заштитна маска.
Непочитувањето на горенаведеното повлекува одговорност за кршење на работната дисциплина.
1. Да се почитува мерката на одржување дистанца од 1,5 до 2 метри меѓу посетителите на камповите, на целиот простор во кампот (на рецепција, помеѓу масите и столиците во угостителските објекти, на плажа - помеѓу лежалките, во редовите за чекање пред баровите, продавниците, киосците, фрижидерите за сладолед и слично)
2. Во сите простории каде постојат места за седење или лежалки и чадори, истите треба да се распоредат на растојание од 1,5 метар. Да се почитуваат мерките за максималниот дозволен број на лица во затворени простори (како објекти, камп-приколки, детски клубови, спортско-рекреативни објекти)
3. На влезот од затворените простории (рецепција, спортско-рекреативни објекти, продавници, киосци, пултови за плаќање) да се постават дезинфекциони средства на алкохолна база, во концентрација не помала од 70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство и погодно за користење на кожа
4. На видно место на влезот, како и во самиот простор каде одмараат посетителите, потребно е да се постави информативен материјал за мерките на заштита до кои посетителите треба да се придржуваат во самиот простор
5. Да се објават на видно место телефонските броеви на здравствените установи каде посетителите треба да се обратат во случај на појава на симптоми слични на КОВИД-19
6. Да се почитуваат мерките за максималниот дозволен број на лица во затворени простори согласно дефинираните критериуми за одржување на дистанца од 1,5 до 2 метри
7. Во затворените простори задолжително е носење на маски за лице или марами кои ги прекриваат носот и устата
8. Да се обезбеди доволна количина на хартиени брисачи за раце и останати материјали за еднократна употреба, средства и опрема за чистење и дезинфекција во санитарните јазли и тоалети
9. Во затворените простори да се поставуваaт канти за отпадоци со капак
10. Во камповите при напуштањето на наведените простори од страна на гостите при замена на употребените крпи и постелнини да се почитуваат мерките за одржување на физичка дистанца, односно замената на употребените крпи и постелнини со чисти, да се врши на влезот од објектот, кампот, собата
11. Упатство за чистење и дезинфекција на просториите:
- пред да почне процесот на чистење, задолжително лицето кое чисти да стави маска на лице и ракавици и да избегнува допирање на лицето и очите во тек на чистењето
- прозорите во просторијата да бидат отворени или да се уклучи вентилација
- да се исчисти со неутрален детергент, па потоа да се спроведе дезинфекција со препорачано средство
- тоалетот, вклучувајќи ја и тоалетната шолја, да се исчистат со неутрален детергент, па потоа да се спроведе дезинфекција
- не се препорачува користење на дезинфекциони средства со пумпица на распрскување, бидејќи тоа може да доведе до дополнително ширење на вирусот
- постелнината, перниците, ќебињата и другите ткаенини да се перат на температура од минимум 60 степени и да се користи детергент за перење алишта
- после процесот на чистење, крпите кои биле употребени во истиот да се исперат на температура од минимум 60 степени
- по завршување на процесот на чистење да се извадат ракавиците и маската и да се диспозираат во пластична ќеса
- целиот отпад кој е собран во текот на чистењето веднаш да се отстрани и да се фрли во канта за отпадоци со капак
- препорачливо е лицето кое чистело да се пресоблече и истушира
- по завршувањето на процесот, прозорите да останат отворени или вентилацијата вклучена одреден период
- при користење на средствата за чистење важно е: да се следат упатствата за користење кои се наведени од страна на производителот, да се избегнува контакт на средството со очите и кожата, да не се мешаат различни средства за чистење, да се проветруваат просториите каде се чисти, за дезинфекција на контаминирани површини или материјали да се избегнува користење на средства со пумпица на распрскување, средството да се остави да дејствува согласно упатството на произведувачот, дезинфекцијата да се врши со регистрирани дезинфекциони средства кои дејствуваат против вируси, согласно упатството на произведувачот, алтернативно може да се користи и 0,05% натриум хипохлорид (5% избелувач кој се користи во домаќинствата, да се разреди во сооднос 1:100) или 70% етилен алкохол за осетливи површини.
12. Чистење и дезинфекција на простории каде престојувало лице сомнително на КОВИД-19:
- вирусот на КОВИД-19 може да преживее на површина најмалку 2-3 дена, според тоа потенцијално контаминираните површини треба да се исчистат
- после изолирањето на пациентот во друг објект, во просторијата каде што престојувал пациентот претходно не смее да влезат други лица, се додека истата не се исчисти темелно
- да се избегнува допирање и користење на веќе употребените предмети од страна на лицето сомнително на КОВИД-19 и истите темелно да се исперат со неутрален детергент и многу топла вода
- во процесот на чистење да се употребуваат ракавици, заштитна маска, работна униформа, пластични ќеси, крпи, детергент, дезинфекционо средство, канта за вода и брисач за подови
- пред да почне процесот на чистење, задолжително лицето кое чисти да стави маска на лице и ракавици и да избегнува допирање на лицето и очите во тек на чистењето
- прозорите во просторијата да бидат отворени или да се вклучи вентилација
- да се исчисти со неутрален детергент, па потоа да се дезинфицира
- тоалетот, вклучувајќи ја и тоалетната шолја, да се исчистат со неутрален детергент, па после тоа да се дезинфицираат
- не се препорачува користење на дезинфекциони средства со пумпица на распрскување, бидејќи тоа може да доведе до дополнително ширење на вирусот
- постелнината, перниците, ќебињата и другите ткаенини да се перат на температура од минимум 60 степени и да се користи детергент за перење алишта, доколку не е возможно, да се перат на или повеќе од 60 степени, врз ткаенините треба да се употребат производи за деконтаминација на ткаенини
- доколку лицето сомнително за КОВИД-19 е сѐ уште недокажан носител на вирусот, душекот, перниците и постелнината кои истото ги користело, да не се користат повторно додека не се докаже присуството/отсуството на вирусот
- да се повтори чистењето и дезинфекцијата на подот од едниот до другиот крај на просторијата и да се избегнува преоѓање од неисчистено подрачје на подрачјето кое е исчистено, за да не се контаминира повторно површината
- целиот отпад и крпите со кои се вршел процесот на чистење да се диспозираат во пластична ќеса
- да се извадат ракавиците и да се диспозираат во истата пластична ќеса
- рацете да се измијат темелно со сапун и вода во времетраење од 20 секунди
- целиот отпад кој настанал во процесот на чистење треба да се одвои од останатиот отпад и да се диспозира што е можно побргу во канта за отпад со капак
- лицето кои го вршел процесот на чистење веднаш да се пресоблече и истушира
- прозорите во просторијата да се остават отворени или вентилацијата да се остави вклучена за да се проветри просторијата
- при користење на средствата за чистење важно е: да се следат упатствата за користење кои се наведени од страна на производителот, да се избегнува контакт на средството со очите и кожата, да не се мешаат различни средства за чистење, да се проветруваат просториите каде се чисти, за дезинфекција на контаминирани површини или материјали да се избегнува користење на средства со пумпица на распрскување, средството да се остави да дејствува согласно упатството на произведувачот, дезинфекцијата да се врши со регистрирани дезинфекциони средства кои дејствуваат против вируси, согласно упатството на произведувачот, алтернативно може да се користи и 0,05% натриум хипохлорид (5% избелувач кој се користи во домаќинствата, да се разреди во сооднос 1:100) или 70% етилен алкохол за осетливи површини.
13. Рецепција:
- потребно е одржување на дистанца од 1,5 до 2 метри помеѓу вработениот на рецепција и посетителот, како и меѓу самиот персонал
- да се скрати времето на пријавување/одјавување на посетителите на времетраење од најмногу 15 минути, или доколку тоа е невозможно, да се постават прегради од плексиглас или сличен материјал кој овозможува потребна санитарна оддалеченост
- максималниот број на лица во просторијата на рецепција да се регулира и ограничува согласно мерките за физичка дистанца меѓу луѓето од најмалку 1,5 метри
- треба да се овозможи доволно простор на рецепцијата за почитување на наведената мерка за дистанца
- персоналот кој работи на рецепција треба да биде доволно информиран за КОВИД-19 со цел во текот на извршувањето на своите работни задачи да спречи можно ширење на вирусот во кампот
- да постои можност за информирање на посетителите за превентивните мерки или други потреби како медицинска помош која е достапна во кампот, контакт броеви на здравствените установи во близина, итна медицинска помош и слично
- доколку кампот има технички можности, пријавувањето и резервацијата да се обавуваат преку интернет, бесконтактно плаќање и слично
- на посетителите да им се советува одјавата од кампот да ја најавуваат однапред, со цел пресметките за плаќање да се спремат на време за да се избегне задржување на рецепција
- редовно проветрување на просториите на рецепција
- површините на рецепција да се дезинфицираат на секои 2 часа, а просторот да се дезинфицира после секој посетител
- да се претпочита плаќање со кредитни картички
- подигање на готовина од банкомат надвор од рецепцијата, до банкоматот да се постави средство за дезинфекција на раце
- санитарните чворови да се дезинфицираат и проветруваат на 2 часа, доколку постои можност и почесто, да се ограничи користењето на санитарниот чвор, согласно пропишаните санитарни мерки, да се постави информативен материјал во однос на мерките за заштита - да се обезбедат и бидат достапни безконтактни топломери, маски и ракавици за посетителите
- да се работи со намален број на вработени во смени со воведување на работа во смени, просторот за одмор на персоналот треба редовно да се проветрува и да се дезинфицира и да нема групирање на вработените во истите без носење на лична заштитна опрема.
14. Општи мерки на заштита
- потребно е вработените секое утро да ја измерат својата телесна температура и доколку истата е повисока од 37,2 степени или ако чувствува симптоми слични на КОВИД-19 да се јави во управата на кампот, да остане дома и да го контактира својот матичен доктор
- да се избегнува ракување и близок респираторен контакт
- да се одржува физичка дистанца од најмалку 1,5 м
- да се избегнува допирање на лицето, устата, носот и очите со раце, при кашлање или ќивање, устата и носот да се покријат со свиткан лакт или хартиено марамче и истото да се фрли во корпа за отпадоци, а потоа да се измијат рацете
- редовно да се мијат рацете со сапун и вода или да се користи средство за дезинфекција на база на алкохол
- да се избегнува близок контакт со лица кои покажуваат симптоми на покачена телесна температура, кашлица или отежнато дишење
- редовно проветрување на просториите
Заради спречување на пренесување и ширење на КОВИД-19 инфекција предизвикана од коронавирусот на плажите, потребно е почитување на основните превентивни мерки:
- Задолжително носење на лична заштитна опрема на лицето
- Сите посетители и вработени да почитуваат физичка дистанца од 1,5-2 метри
- Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба на средство за дезинфекција на раце на база на алкохол
- Редовно чистење и дезинфекција на средината
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
На видливи места на влезот и на самата плажа да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на основните превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.
НА ПЛАЖАТА
- Сите вработени лица и посетителите до влегување во вода задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата.
- Да се обезбедат на достапни и видливи места средства за дезинфекција на рацете (на база на алкохол во концентрација од 60-70% или друго средство со декларирано вируцидно дејство согласно упатството на производителот).
ЛЕЖАЛКИ
- Сите посетители и вработените лица на плажата да одржуваат физичка дистанца од 1,5 – 2 метри, вклучително и при престој во вода.
- Ограничување на бројот на посетители на плажата согласно квадратурата, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина.
- Помеѓу индивидуалните чадори да се обезбеди минимално растојание од 4 метри, од кој секој чадор ќе обезбеди сенка за најмногу две лица – ова не се однесува на семејства со деца. Да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри помеѓу лежалките поставени под соседни чадори. Лежалките задолжително да се дезинфицираат пред и после користењето на секој посетител. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби.
- Групни спортови (како одбојка на плажа) се забрануваат.
- Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на посетители (согласно погоре наведениот норматив) и спроведувањето на мерките.
- На достапни места соодветно на просторот да се постават корпи за отпадоци со капак.
САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ
Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење на тоалетите, на секои 2 часа (а по потреба и почесто) во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини. Задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства Ограничување на бројот на корисници на санитарните јазли согласно големината.
ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки.
Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар.
Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.
УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ
За користење на угостителски услуги се препорачува почитување на Протоколот за угостителска дејност во услови на пандемија со КОВИД-19.
Не се препорачува користење на гардероби на плажа!
Сите вработени лица во природните лекувалишта и пациентите кои ќе бидат третирани или сместени во истите потребно е да се придржуваат и да ги почитуваат основните превентивни мерки за превенција од КОВИД-19, препорачани од Комисјата за заразни болести и Мистерството за здравство:
- Задолжително носење на лична заштитна опрема за време на престој во објектот
- Одржување на физичко растојание
- Обезбедување често миење/дезинфекција на рацете
- Редовно чистење и дезинфекција на средината
Пред влезот во објектот:
- Да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на обувките на сите посетители и да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете со известување за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
- На влез во објектот се препорачува мерење на телесна температура на вработените и пациентите со бесконтактен тепломер. За лицата со покачена температура над 37,5°С да не се дозволи влегување во објектот.
- Поставување на дезинфекциони средства за раце на видливи и достапни места во ходниците и чекалните, за честа дезинфекција на рацете.
Информирање на пациентите:
- На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно-едукативен материјал за пациентите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување за време на престојот во бањата.
Препораки за персоналот:
- Вработените секојдневно задолжително да ја следат својата здравствена состојба и во случај на појава на респираторни симптоми: треска, зголемена телесна температура, кашлица или отежнато дишење, не доаѓаат на работа. При влез на работа, се препорачува мерење на телесна температура на вработените со бесконтактен топломер, а лицата со повишена температура над 37,5°С да се вратат дома. Во случај на појава на потврден случај на КОВИД-19 во блиската фамилија, вработениот не доаѓа на работа и веднаш телефонскиго известува претпоставениот.
- На работното место сите вработени задолжително се придржуваат до базичните мерки на заштита.
- Спроведување хигиена на рацете со миење на рацете со сапун и вода најмалку 20 секунди. Ако нема можност за миење со сапун и вода тогаш задолжително рацете да се дезинфицираат со средство за дезинфекција на раце базирано на алкохол.
- Задолжителна употреба налична заштитна опрема: медицински ракавици, заштитни маски, наочари или визири и мантили за еднократна употреба зависно од тераписката процедура и ризикот од инфекција.
- Ракавиците да бидат за една употреба. Да се внимава кога се вадат ракавиците, да се фаќаат од внатрешната страна и да се фрлаат во корпа за медицински отпад.
- Маските да се менуваат често, бидејќи нема да овозможуваат потребна заштита. Кога ќе се вадат да се внимава да не се допре лицето.
- Почеста дезинфекција на наочарите и визирите по потреба со средство за дезинфекција. Внимателно постапување по нивно вадење и внимавање да не се контаминираат од внатрешната страна. Де се оставаат на чиста и заштитена површина.
- Работната облека по работниот ден или по потреба да се пере или во зависност од составот да се дезинфицира соодветно.
- Избегнување допир на очи, нос и уста.
- Изведување респираторна хигиена при кашлање и кивање во свиткан лакт или марамче кое потоа веднаш треба да се фрли во корпата за медицински отпад.
- Да се одржува физичко растојание од 1,5-2 метри.
- Во текот на паузите да се избегнува групирање и заеднички оброк на повеќе лица, и по можност времето за пауза на персоналот да се организира во различни временски интервали.
Хигиена на просторот
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- Затворениот простор неопходно е редовно да се проветрува со природно проветрување на просториите. При користење на клима уреди, редовно да се менуваат и дезинфицираат филтрите. Не се препорачува користење на централна климатизација од затворен тип.
Посета на лекувалиштето се обавува по претходно закажан термин на телефон!
При јавување на пациентот на телефон да закаже термин, се поставуваат следните прашања:
- Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на КОВИД-19 во заедницата?
- Неодамнешен контакт со лице со потврдено присуство на КОВИД-19?
- Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти со потврден КОВИД-19?
Ако одговорот е НЕ на сите горенаведени прашања, можат да продолжат да закажат и да ја посетат установата.
Ако одговорот е ДА на некое од горенаведените прашања, лицето треба да се праша дали има некој од следниве симптоми: треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање. Ако лицето потврди присутво на некои од овие симптоми тогаш не треба да се закаже термин, а лицето се советува да побара консултација со матичен лекар.
Постапки и прашања кои се поставуваат при прием на пациентите во лекувалиштето од страна на медицинска сестра
- На влезот од установата се мери телесна температура на пациентите со безконтактен термометар
Доколку пациентот нема покачена телесна температура се поставуваат следните прашања и се пополнува анкетен лист на кој пациентот треба да се потпише:
- Неодамнешно патување во места каде има позната трансмисија на КОВИД-19 во заедницата?
- Неодамнешен контакт со лице со потврдено присуство на КОВИД-19?
- Неодамнешна посета или работа во здравствена институција каде се третираат пациенти со потврден КОВИД-19?
- Ако имаат некои од следниве симптоми – треска, кашлица, отежнато дишење, друг симптом или некоја друга карактеристика на горно-респираторна инфекција како назален секрет или често кивање?
- Ако се сомневаме на можна инфекција со КОВИД-19 во тек на консултацијата, пациентот не се прима, се упатува на консултација со матичен лекар и закажување на термин за тестирање за КОВИД-19. Пациентот веднаш се изолира во посебна просторија за изолација додека се организира превоз до дома. По заминување на пациентот од просторијата, се следат на упатствата по протокол за чистење и дезинфекција на просторот.
- Доколку пациентот одговори негативно на сите наведени прашања се упатува кон приемниот пулт со предходна задолжителна дезинфекција на рацете и задолжителна заштитна маска, а потоа се отвора медицинска историја и се испраќа на преглед кај специјалист физијатар.
Во чекалната пациентите да бидат распределени од редар (одговорна медицинска сестра) коj ќе ги упати кон обележани места на соодветно растојание и кој ќе го контролира спроведувањето на превентивните мерки (носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, дезинфекција на рацете).
Спроведување на физикална терапија кај лежечки пациенти
- Прегледите да се одвиваат во термин од времетраење од 20 минути со 15 минути време помеѓу два прегледа за да може да се дезинфицира ординацијата.
- Потребно е приемното одделение и одговорната сестра да го организираат начинот на испраќање на пациентите кон ординациите со цел да не се создава метеж пред ординациите и докторите непречено да го извршуваат прегледот.
- Пациентите кои го реализираат своето лекување со престој во установата да бидат упатени кон одделна кабина за електротерапија. По излезот на предходните пациенти, работните површини и апаратите да бидат дезинфицирани.
- Мануелна масажа. Пред почеток на масажата кабината се дезинфицира. На кревет се поставува навлака за еднократна употреба или нов чаршав за секој пациент. Масерите задолжително да носат заштитни ракавици и да ги менуваат со промена за секој пациент.
- Кинезитерапија да се спроведува во кинезисала во посебни термини за лежечки пациенти, со распределување на пациентите на растојание од 2 метри, со задолжителна заштитна опрема на пациентите и физиотерпевтите. Задолжителна дезинфекција на работните површини и реквизитите во кинезисалата по завршување на вежбите. При индивидуални потпомогнати вежби физиотерапевтите задолжително да носат заштитни маски, визири и заштитни ракавици.
- Хидрокинезитерапија и хидротерапија. Во делот на хидротерапијата, да се обезбеди растојание меѓу пациентите во базен, односно да се води сметка за бројот на лицата кои во исто време ќе го користат базенот. Во базенот да се постави табла со инструкции за одржување на растојание од минимум 1,5 метри од секој клиент, како и лежечките кревети да имаат растојание од 1,5 метри, освен ако истите не се користат од членови на исто семејство.
- Користењето на базените со термо-минерална вода се спроведува со почитување и согласно Протокол за работа на базените во тек на пандемија со КОВИД-19 усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр.69).
Предлог за спроведување на физикална терапија за пациенти на Мој термин
- Посебен пулт за прием на пациенти кои своето лекување ќе го реализираат преку Мој термин.
- На самиот влез пациентите ќе бидат анкетирани со истиот анкетен лист наведен погоре и ќе им биде измерена телесна температура. На пултот по издавање на медицински картон ќе бидат упатени кон лекарска ординација посебна за пациентите на Мој термин.
- Прегледите ќе се одвиваат во 15 минутен термин и 5 минути помеѓу секој преглед за да може да се дезинфицира ординацијата.
- Електротерапија, медицинска масажа и термотерапија ќе им биде аплицирана во соодветните простории. По завршување на третманите се спроведува задолжителна дезинфекција на кабината/креветот за третман.
- Кинези терапијата и хидро терапијата кај пациентите со Мој термин да се спроведе на посебен термин, односно да не се вкрстуваат со пациентите кои се лежечки во природното лекувалиште.
Работа на ресторантот
Работата на ресторантот во природните лекувалишта се спроведува со почитување и согласно Протоколот отворање и работа на угостителските објекти за исхрана усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр.58).
Сместување на лежечки пациенти
Сместувањето во болничките капацитети се спроведува со почитување и согласно Протоколот за работа на угостителски објекти за сместување (хотели, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување) усвоен од Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk/protokoli-koronavirus (Прилог бр.59), со напомена дека се сместува по еден пациент во соба, освен ако пациентот е во придружба на член од семејството или со придружник по своја волја.
Работа на спа центар
- Надворешни клиенти за користење на големиот базен и спа центарот да не се примаат до стабилизација на епидемијата и целосно укинување на рестриктивните мерки.
- Надворешни клиенти за користење на масажа да бидат примени после спроведување на епидемиолошка анкета на приемен пулт и потпис од клиент. Задолжителна заштитна опрема на клиенти и персонал при изведување на третман. Помеѓу третманите да има период од 30 минути за дезинфекција на собите за масажа.
1. Општи упатства
- Овој протокол е составен со цел спречување на ширење на корона вирусот помеѓу спортисти, спортски работници, службени лица и сите останати лица вклучени во одигрување и организација на натпреварите.
- Сите учесници на организација и спроведување на натпревари должни се да се придржуваат на сите пропишани мерки и донесени протоколи на Владата на Република Северна Македонија кои се однесуваат на спречување и ширење на заразни болести со вирусот COVID-19. Мерките и упатствата за организација на натпреварите предвидени со овој протокол должни се да ги применуваат организаторите на натпревари на групни спортови. Секој учесник во натпреварувањето, пред почеток на натпреварувањето е должен да потпише изјава со која ги прифаќа мерките одредени со овој протокол. Во однос на превозот на спортистите да се користат автобуси/комбиња со задолжително почитување на протоколите за вршење на превоз на патници особено во однос на дозволениот број на патници и задолжително носење на заштитни маски при патувањето.
- Задолжително е присуство на редарска служба која при влез во спортскиот објект ќе врши проверка на поседување и приложување на сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, против заразната болест COVID-19 или сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
- При доаѓање во спортскиот објект, сите играчи и службени лица задолжително да носат заштитна маска.
- Сите лица кои се присутни на натпреварот во спортски објекти од затворен тип се должни за времетраење на натпреварот задолжително да носат заштитна маска, освен играчите на терен.
- Забрането е меѓусебно ракување во ограничениот простор како и на терен пред почеток и по завршување на натпреварот помеѓу играчите и судиите.
- Доколку се користат реквизити за бришење на паркетот истите да се дезинфицираат по секоја употреба од страна на персоналот.
- Излезот за играчите и службените лица, тунелот за излегување на терен мораат да бидат без деца, маскоти или било кој друг од персоналот, по можност да се користат одвоени излези/влезови, со цел задржување на препорачаното физичко растојание помеѓу сите играчи и службени лица.
- Зачестена дезинфекција на рацете на персоналот во спортските објекти кој е задолжен за одржување на хигиената во објект во текот на натпреварот.
- На клупата за резервни играчи да се одржува препорачаното физичко растојание, со задолжително носење на заштитни маски.
- Одржување на физичкото растојание помеѓу присутните од 1,5-2,0 метри и избегнување на секаков друг вид на дополнителни социјални активности.
- Апарати за дезинфициенси за раце задолжително да бидат поставени на повеќе места, при влезот во објектот, во тунелите како и околу теренот.
- Спортските објекти од отворен тип во кои се одржуваат натпревари со присуство на гледачи (публика) може да бидат исполнети до максимум 50% од вкупниот капацитет на спортскиот објект, а спортските објекти од затворен тип во кои се одржуваат натпревари со присуство на гледачи (публика) може да бидат исполнети до максимум 30% од вкупниот капацитет на спортскиот објект, со задолжително почитување на растојанието помеѓу посетителите (растојание од три седишта).
- Мерење на телесна температура со безконтактен топломер пред влез во објектот на лицата кај е дозволено присуство на натпреварот. За лицата кај кои ќе се утврди покачена телесна температура над 37.2 (и по второ мерење), како и на лицата кои ќе одбијат мерење на температура забранет е влез во спортскиот објект.
- Забранета е употребата на соблекувалните за цело време пред, во тек и по натпреварот.
- Сите играчи треба да ја напуштат салата/теренот/објектот што е можно побрзо по завршување на натпреварот. Треба да има временски простор помеѓу заминувањето на двата тимови.
- Прес конференции ќе се одржуваат само виртуелно, додека пак собата за прес и mixed зоната ќе да бидат затворени.
- Контрола на спроведување на овој протокол врши делегатот на натпреварот. Организаторот на натпреварот (клубот домаќин) е ДОЛЖЕН да достави список на сите присутни лица на натпреварот до делегатот на натпреварот.
- Медицинскиот персонал на секој клуб соодветно кон претходните препораки е должен да води евиденција и да ја прати здравствената состојба на своите играчи и стручен штаб непосредно пред натпревар.
- Спортските клубови се обврзани да ја следат здравствената состојба на играчите и тренерите пред почетокот на секој натпревар преку мерење на телесна температура и доколку се утврди телесна температура повисока од 37,2 степени и по второто мерење, не се дозволува учество во натпреварот, како и на лица со респираторни симптоми кои задолжително се изолираат.
2. Категорија на лица на кои им е дозволено присуство на натпревар
На натпреварите можат да бидат присутни лица кои припаѓаат на следните категории: играчи, стручен штаб, судии, помошници судии, статистичари, делегат и контролор на судење, бришачи на паркет, медицински персонал, технички персонал за одржување на објектот и хигиената, редарска служба, претставници на менаџмент на клубовите, новинари, фотографи, камермани, претставници на анти допинг агенција, претставници/делегат на соодветна спортска федерација, ТВ оператори, пожарникари, припадници на Министерството за внатрешни работи и публика во спортски објекти од отворен тип.
Бројот на лицата во сите зони потребно е да се сведе на апсолутен минимум кој е неопходен за непречена организација на натпреварот со почитување на физичкото растојание од 1.5-2.0 метри. Во случај на проценка дека во некоја од зоните е присутен поголем број на лица делегатот на натпреварот е овластен да изврши прераспределба на лица, додека клубот домаќин сноси последици во согласност со Пропозициите за натпреварување, Правилник за натпреварување и Дисциплински правилник на соодветна федерација кој се однесува на слаба организација на натпреварот.
2а. Зони во спортските објекти
Просторот на спортскиот објект е поделен во 3 зони:
- Зона 1 - терен и околу теренот, тунел за излегување на терен, соблекувални, ходници, амбуланта и останати простории кои непосредно ги користат играчите и службените лица.
- Зона 2 - трибини, простор за медии, контролни соби и станици и останатите внатрешни простории во спортскиот објект.
- Зона 3 - надворешност на спортскиот објект, паркинг за службени лица и екипи, простор за репортажна кола и др.
Секоја од трите наведени зони претставуваат физичка одвоена целина и сите се одделени една од друга.
2б. Распоред на лицата по зони
ЗОНА 1 | ЗОНА 2 | ЗОНА 3 |
Играчи на двата тима | Менџмент на двата тима | Редарска служба |
Стручен штаб на двата тима | Акредитирани новинари | Тим со возило на Итна медицинска помош |
Судии Контролор на судење | Собирачи на податоци | Репортажна кола |
Делегат и Комесар | Камермани ТВ оператори | МВР |
Помошни судии | Редраска служба-редари | Против пожарна единица |
Статистичари | Претставници на КФСМ | |
Бришачи на паркет | Технички персонал | |
Медицински тим на клубовите | МВР | |
Камермани ТВ оператори | Публика до максимум 50% исполнетост од вкупниот капацитет на спортскиот објект од отворен тип, односно 30% исполнетост од вкупниот капацитет на спортскиот објект од затворен тип | |
Анти допинг | ||
Акредитирани фотографи | ||
Технички персонал | ||
Редарска служба | ||
МВР |
Сите останати површини вон спортскиот објект се сметаат за јавни површини за кои се одговорни претставниците на Министерството зa внатрешни работи.
3. Постапување со член на клубот со позитивен ПЦР тест или брз антигенски тест на SARS-CoV-2
- При појава на позитивен резултат кај член на спортскиот клуб, менаџментот на спортскиот клуб е должен позитивното лице ВЕДНАШ да го отстрани и изолира од учество во сите спортски активности. Менаџментот на спортскиот клуб е должен за случајот ВЕДНАШ да ја извести епидемиолошката служба од регионалниот Центар за јавно здравје и до истата да достави список на сите членови на спортскиот клуб .
- Епидемиолошката служба на регионалниот центар за јавно здравје прави проценка на ризик и дава мислење за самоизолација на членовите од клубот за што го известува спортскиот клуб. Врз основа на проценката на ризик секој од лицата ставени во самоизолација добиваат решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
- Доколку пред почетокот на натпреварот во тек или на крајот на натпреварот, се до напуштање на просториите на спортскиот објект се појави било кој симптом на било кој член на екипата (играчи, стручен штаб, членови на управа и др.), кој укажува на C0VID-19 лицето веднаш се упатува до најблиското инфективно одделение по претходна телефонска најава.
- Обврска на делегатот на натпреварот е да ги евидентира во својот извештај податоците за лицето со пројавени симптоми.
- Доколку се потврди присуство на вирус C0VID-19 кај евидентираниот член на екипата, другите членови на екипата се должни да ги почитуваат мерките од направената проценка на ризик од страна на епидемилошката служба.
4. Упатства за подготовка на просториите и реквизитите
На сите официјални и неофицијални натпревари неопходно е:
- На сите официјални и неофицијални натпревари неопходно е: Засилени хигиенски мерки во просториите на спортските објекти со често перење и дезинфекцирање на опремата, мебелот и приборот за работење пред почетокот на натпреварот од страна на организаторот домаќин на натпреварот. Клубот домаќин е должен да изврши дезинфекција на сите внатрешни простории во зоната 1 и 2, како и клупата за резервни играчи, еден час пред почеток на натпреварот, како и непосредно по завршување на истиот.
- Во сите затворени простории вратите да се држат што повеќе отворени, да се избегнува фаќање на бравите и да се постават средства за дезинфекција на рацете во секоја од просториите.
- Препораки за сите здравствено превентивни мерки треба да бидат истакнати во сите делови на спортскиот објект.
- Да се постават на повеќе места корпи за отпадоци обложени од внатрешна страна со кеса кои ќе бидат видно означени, за отстранување на заштитни маски, употребената пластична и друга амбалажа, хартиени марамчиња и брисачи, употребени бандажи и сл. Содржината во затворена кесата се одлага како комунален отпад.
- Да се постават корпи за отпадоци обложени со кеса, отстранување на употребена спортска опрема и пешкири, кесата се затвора и потоа кесата се носи надвор од спортскиот објект.
5. Овој протокол се однесува за организација за натпревари и за тренинг натпревари.
6. Co овој протокол престанува да важи делот кој се однесува на организација на натпревари од поединечните протоколи за организација на работата на клубовите на спортските федерации и сите спортски федерации се должни ВЕДНАШ да ги корегираат своите наменски протоколи, преку нивните органи на управување, односно одредбите од овој протокол да ги имплементираат во своите соодветни протоколи.
- Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
- Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
- Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
- Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
- Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
- Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
- Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
- Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
- Тренингот да се обавува на отворен простор
- По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизити се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
- Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“
- Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци
- По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.
- На видно место да се означат правила за однесување за вработените и корисниците на услугите.
- Поставена дезбариера на влез во клубот и безконтактно мерење на температура на вработени и корисници. На лица со покачена темепратура им се забранува влез во клубот.
- На почеток и на крај на работниот ден, задолжително проветрување на сите простории и дезинфекција на просториите, сите работни површини, опрема, справи и други реквизити за вежбање и задолжителна дезинфекција на подот.
- Во текот на работниот ден, колку што е можно почесто проветрување на просториите.
- При секој влез на вработени и корисници, да се врши задолжителна дезинфекција на раце со средство кое содржи 70% алкохол.
- Сите вработени задолжително носат заштитна маска и ракавици во текот на целото работно време.
- Корисниците на услуги, задолжително користат сопствени пешкири и други средства за лична хигиена.
- Корисниците на услуги задолжително однапред закажуваат термин на посета на клубот.
- Користењето на заедничките помошни просгории, како туш кабини и соблекувални се дозволува доколку е обезбедено чистење и дезинфекција на просториите по секоја употреба.
- Распоредот на опремата, справите и другите реквизити за вежбање, односно организацијата на вежбањето мора да биде на начин што ќе се одржува физичко растојание од 2 метри помеѓу секој корисник, односно 10 м2 по корисник.
- Опремата, справите и реквизитите задолжктелно да се дезинфицираат после секој корисник.
- Вo случај да постои сомнеж некој од вработените да има респираторни симптoми (температура, кашлица и сл.) одгoворното лице е должно веднаш да го отстрани лицето од просториите на клубот.
- Во случај да постои сомнеж некој од корисниците да има респираторни симптоми (температура, кашлица) одговорното лице е должно веднаш да го отстарни лицето од просториите на клубот.
* * *
Одредбите од овој протокол ќе се применуваат во делот на лична заштита на вработените и корисниците на услуги и ќе се применуваат за време на одржување и спроведување на услуги на отворен простор.
Препораки:
- Да се намали употребата на просториите со намалена вентилација и зголемена влажност како што се соблекувалните и други помали простории, а како алтернатива може да се користат трибините на самите базени и терасите (доколку дозволуваат временските услови) на кои секој од клубовите ќе добие соодветен простор. На самите трибини има добра циркулација на воздух и доволно место за одржување на соодветното социјално растојание.
- Сите што ќе влегуваат на базен да носат лична заштита на лицето-маска.
- Мерење на температура на влезот од базенот и дезинфекција на рацете.
- Да се зголеми употребата на хлор во водата и да се достигне нивото од 2,0 PPM-а.
- Да се постават видливи ознаки на подот на базенот кои ќе го покажуваат дозволеното физичко растојание.
Пред пливање:
- Пливачите да доаѓаат на базен со веќе облечени костими за капење и пливачка капа на себе со што родителите нема да се задржуваат во базенот.
- Опремата која се користи во текот на пливањето да се носи од дома.
- Да се носи шише со вода за да не мора во текот на тренингот пливачот да излегува за да пие вода, со што се избегнува допирање на чешмите.
- Доколку е возможно да се избегне допирање на кваки, врати, клупи и др.
- Доколку некој од вашето блиско опкружување не се чувствува добро не е пожелно да се доаѓа на тренинг.
За време на тренингот:
- Да се следат препораките за социјално дистанцирање и да се одржува растојание од 1,5-2 метри во самата патека и да се ограничи бројот на пливачи во патеката.
- За време на тренингот да не се прави физички контакт со другите, односно да нема ракување и прегрнување.
- Да не се допира лицето.
- Да не се дели опремата за пливање, пешкирот или шишето со пијалак.
- Да се намали одењето во тоалет и сите физиолошки потреби да се извршат пред доаѓање на тренинг.
- Да се држи социјална дистанца од другите пливачи во текот на одморот, за ова ќе се користат маркери кои ќе бидат видливи и ќе се постават на самиот раб од базенот со што секој пливач ќе го знае местото на кое ќе се стои во патеката.
- Задржувањето при одмор за пливачите на сите клубови ќе се прави исклучиво на едната страна од патеката (пливачите од сите клубови да стојат на десната страна од патеката со што се задржува пропишаното растојание помеѓу пливачите).
- Тренерите за време на тренингот ќе носат маски.
- За време додека тренира една група другата група се подготвува на трибинскиот простор или просторот на терасата или гардеробите како би избегнале контакт едни со други.
После тренингот:
- Да се напушти базенот веднаш после тренинг.
- Туширањето да се прави дома.
- Да не се користат соблекувалните, туку базенскиот простор, просторот под трибините и на трибините како и терасите.
Заради спречување на пренесување и ширење на КОВИД-19 инфекција предизвикана од коронавирусот во базените, потребно е почитување на основните превентивни мерки:
- Задолжително носењето на лична заштитна опрема на лицето
- Одржување на физичка дистанца
- Често миење на рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди или употреба на средство за дезинфекција на рацете на база на алкохол
- Редовно чистење и дезинфекција на средината
ПРЕД ВЛЕЗОТ НА ОБЈЕКТОТ
- Пред билетарниците да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2 метри. Меѓу вработениот и посетителот да се обезбеди растојание од 1,5-2 метри или заштитна бариера. Да се препорача и практикува безконтактно плаќање со кредитни картички. Да се обезбеди и препорачува on-line купување на билети.
- Пред влезот на објектот да се постави дезбариера (подлога) за дезинфекција на сите посетители и да се обезбедени средство за дезинфекција на рацете со известување за посетителите за задолжителна дезинфекција на рацете при влегување.
- Средство за дезинфекција на рацете да се постави пред влезот на сите простории во објектот.
ИНФОРМИРАЊЕ НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
На видливи места на влезот и во самиот објект да се постави информативно- едукативен материјал за посетителите во однос на почитување на превентивни мерки и начинот на однесување. Дополнително да се врши гласовно информирање за потсетување на сите посетители да се придржуваат кон препораките.
КОРИСТЕЊЕ НА СОБЛЕКУВАЛНИ
Користење на соблекувалните е дозволено по принцип еден посетител во една соблекувална со воспоставување на ред и незадржување од страна на назначени лица од редарска служба. Зачестено да се чистат и дезинфицираат соблекувалните на секои 2 часа (по потреба и почесто).
ВЛЕЗ ВО БАЗЕНСКИОТ ДЕЛ
- При влез во базенскиот дел, задолжително секој посетител да се истушира и да помине преку хиперхлорирана дезбариера за миење на нозете.
- Сите вработени лица и посетителите до влегување во базенот задолжително да носат лична заштитна опрема на лицето што подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата.
- Одржување физичка дистанца меѓу вработените и посетителите од 1,5 – 2 метри вклучително и во базенските води.
- Ограничување на бројот на посетители во објектот согласно квадратурата на објектот, максимум 15 посетители на 100 м² нето површина (вклучително и површината на базенот) или еден пливач на 7м² во базенот.
- Задолжително да се одредат лица кои ќе го контролираат бројот на пливачи во базенот (согласно погоре наведениот норматив) и кои ќе го контролираат на спроведување на мерките.
- Секој посетител треба да носи своја опрема и пешкири, не е дозволено користење на туѓа опрема.
- На терасата на базенот се поставуваат лежалки на растојание од 1,5-2 метри. Секое лице задолжително да постави пешкир на лежалката пред да ја употреби. Лежалките се дезинфицираат после и пред користење на секој посетител.
- Одржување на хигиенските услови на водата во базенот (хлорирањето) се врши на вообичаениот начин со максимално дозволени концентрации на хлор.
САНИТАРНО-ХИГИЕНСКИ МЕРКИ
- Засилени санитарно-хигиенски мерки, зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
- Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите (на секои 2 часа) со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
ПРЕПОРАКИ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ
Вработените да се придржуваат кон препорачаните превентивни мерки.
Редовно да ја следат својата здравствена состојба и доколку развијат болест или симптоми на респираторна инфекција: покачена телесна температура, треска, кашлица, отежнато дишење не треба да доаѓаат на работа сé додека не се јават на својот матичен лекар.
Доколку вработениот имал близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, задолжително да го извести својот претпоставен.
ЕВИДЕНЦИЈА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ
Задолжително да се води евиденција за секој тренинг, организирана спортско-рекреативна активност или слободно користење на базенот од страна на граѓаните со цел полесно епидемиолошко следење во случај на појава на заразен со КОВИД-19. За секој посетител да се обезбеди податок за време и дата на посета/тренинг, име и презиме, телефонски број за контакт, име на тренерот/група/инструктор итн.
УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ
Не се препорачува користење на угостителски услуги.
ПРЕПОРАКИ ЗА БАЗЕНИ ВО СОСТАВ НА ХОТЕЛСКИ КАПАЦИТЕТИ
Во однос на отворените базените кои се во состав на хотелски капацитети се препорачува почитување на горенаведените препораки, со напомена користењето на базенот да биде дозволен само за гостите од хотелот.
Процедури за постапување со тела на починати лица во болнички услови сомнителни или потврдени:
Обезбедување на персонал:
Персоналот кој постапува со телото треба да биде заштитен со носење на лична заштитна опрема (ЛЗО) и тоа: капа за еднократна употреба, медицинска маска, мантил за еднократна употреба, ракавици и заштита за очи (очила или визир), чизми или затворени чевли за работа.
Подготовка на телото:
Се затвораат сите отвори или рани што може да ги има пациентот, како што се отвори за уста, нос, уши, анус и трахеотомија, со употреба на памучни топчиња или газа натопена во средство за дезинфекција врз база на хлор (содржи хлор).
Завиткување на телото:
Потребно е завиткување на трупот во чаршав натопен со средства за дезинфекција врз база на хлор (содржи хлор ). Потоа, завитканото тело се става во кеса за починато лице.
Транспорт на трупот:
Истиот персонал кој го подготвува телото, го пренесува починатото тело во сандак и го предава на оператор на погребални услуги, кој има дозвола за вршење на дејноста.
Целосна дезинфекција:
Се врши целосна дезинфекција на просторот каде што се постапувало со починатото лице.
Процедури за постапување со тела на починати лица во домашни услови кои се сомнителни или потврдени
Постапки од страна на членови на семејството кога лицето е починато во домот:
- Веднаш се повикува Оператор на погребални услуги кој има дозвола за вршење на дејноста.
- Не смее да се манипулира со телото.
- Не смее да се допира или бакнува мртвото тело од страна на семејството.
- Предметите на умреното лице со ракавици се чистат со детергент, а потоа се спроведува дезинфекција со дезинфициенс врз база на 70% алкохол или 0,1% (1000 ppm) Белило.
- Облеката и другите ткаенини кои припаѓале на починатите треба да се перат во машина со топла вода на 60-90° Ц со детергент.
Постапки од страна на овластен оператор за погребални услуги
- Вработените лица на овластен оператор за погребални услуги пристигнуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО облечени во лична заштитна опрем ( ЛЗО): капа за еднократна употреба, медицинска маска, мантил за еднократна употреба, водоотпорна пластична престилка, ракавици и заштита за очи (очила или визир), чизми или затворени чевли за работа (Табела 1)
- Се прави санитарна тоалета на почнатото лице: се затвораат сите отвори или рани што може да ги има починатото лице, како што се отвори за уста, нос, уши, анус и трахеотомија, со употреба на памучни топчиња или газа натопена во средство за дезинфекција врз база на хлор (содржи хлор)
- телото завиткано во чаршав натопен во средство за дезинфекција врз база на хлор го подигнуваат и го ставаат во кеса за мртво тело со патент
- кесата со мртвото тело се става во ковчег и со наменско транспортно возило се преезема и пренесува до местото за погреб.
ПОГРЕБ:
- Починатото лице ВЕДНАШ се погребува без претходно носење во капела или спроведување и практикување на верски обичаи.
- Вработените од операторот на погребени услуги кои го преземаат телото се облечени во мантили за еднократна употреба, водоотпорна пластична престилка, ракавици и хируршки маски. (Табела 1)
- Ковчегот не смее да се отвора.
- Телото не смее да се допира, ниту бакнува.
- Погребот се врши во најтесниот круг на семејството, со присуство на најмногу 5 лица без погребни церемонии.
- Доколку членовите од најтесното семејство се позитивни или во изолација/здравствен надзор, погребот го спроведува управителот на гробиштата со претходно известување на регионалниот кризен штаб.
- Не се дели храна за време на погребната церемонија.
- Присутните задолжително да ги мијат рацете со сапун и вода веднаш по завршување на погребот.
- Лицата кои се задолжени за поставување на ковчегот со телото во гробот, треба да носат ракавици, а по отстранувањето на ракавиците ги мијат рацете со сапун и вода.
- Строго да се применуваат мерките за оддалеченост меѓу луѓето од најмалку 1,5 m -2,0 m.
Табела 1. Опрема за процедури при управување со лице починато од КОВИД-19
Опрема | Детали |
Хигиена на раце |
|
Лична заштитна опрема |
|
Ракување со отпад и чистење на околината |
|
1. Работење на Скијачкиот Центар
- Задолжително растојание помеѓу посетителите од два метри во редот пред качување на жичарницата и ски лифтови. Посетителите задолжително е да носат лична заштитна опрема - маски при возење на жичарницата и ски лифтовите.
- Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување редот, дисциплината и растојанието меѓу посететителите и носењето на лична заштитна опрема - маски пред качување на жичарницата и ски лифтовите.
- Ски центарот ќе врши редовна дезифенкција на жичарницата и ски лифтовите.
- Пред секоја жичарница, ски лифт, билетара и пред секое бачило да биде поставен пулт за дезинфенција на раце.
- Задолжително е носење на лична заштитна опрема – маски на вработените во Скијачкиот центар.
2. Купување на Ски Карта
- Посетителите имаат можност за купување ски карта со опција за онлајн надополнување.
- Помеѓу вработениот на билетарата и посетителот мора да има физичка бариера со отвор за купување на ски картата.
- При купување на ски карта, задолжително е носење на лична заштитна опрема - маска.
- Задолжително е присуство на редари кои ќе се грижат за одржување на редот, дисциплината и растојанието меѓу посететителите и носењето лична заштитна опрема - маски при чекање ред на билетара.
3. Ски школа и изнајмување на ски опрема
- Закажувањето на ски инструктор или изнајмувањење на ски опрема се врши онлајн или телефонски (од далечина).
- Ски инструкторите може да држат часови (обуки) во група од најмногу до четири лица.
- После секое користење на ски опрема, задолжително се врши редовна дезинфекција на истата.
4. Работење на бачилата
- Работата на бачилата се ограничува, односно може да работат само на отворен простор.
- При работа на бачилата, дозволена е само шалтерска продажба, со прибор за еднократна употреба.
5. Ски превоз
- Превозот во скијачкиот центар се одвува согласно согласно препораките и протоколите за вршење на јавен превоз.
* * *
Мерките и препораките од овој протокол се поставени на видливи места во Скијачкиот центар, а сите посетители при купување на ски карта или користење на услуги во Скијачкиот центар, задолжително ги добиваат истите.
Овој протокол го уредува медиумското присуство на јавни настани, односно обврските кои организаторот треба да ги преземе за да обезбеди безбедна и непречена работа на медиумските работници, а воедно и на сите присутни.
Содржи два дела, општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство, и посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на претставници на Владата на Република Северна Македонија.
Општи генерални насоки кои се однесуваат на сите јавни настани на кои организаторот предвидува медиумско присуство:
- Настаните за кои е предвидено медиумско присуство е препорачано да се одржуваат на отворен простор, доколку временските и просторните услови го дозволуваат тоа, според следните мерки:
- се обезбедува озвучување со шахти за звук, за да се избегне преземање на звук од микрофоните на медиумските работници со цел да се заштитат присутните од групирање;
- се обезбедуваат два засебни микрофони, едниот се поставува пред говорникот, додека вториот е за медиумските работници кои поставуваат прашања;
- микрофоните се дезинфицираат пред и после завршувањето на настанот односно при промена на говорник. Дезинфекцијата се врши преку чистење со ткаенина и изопропил алкохол, или спреј пумпица со изопропил алхолол која се прска на соодветна далечина која нема да предизвика проблем со електрониката. Доколку има лице задолжено за управување со микрофонот, задолжително мора да носат заштитни ракавици. Во спротивно, дезинфекцијата се врши после секој физички допир од страна на било кое лице.
- помеѓу присутните се обезбедува најголемо возможно растојание (најмалку метар и половина) и истовремено помеѓу новинарите и снимателите, но и истовремено помеѓу новинарите, снимателите и говорниците се уредува просторот на начин на кој нема групирање и не се нарушува соодветното растојание;
- доколку не постојат технички услови за озвучување, микрофоните на новинарите се поставуваат на едно место (постоље, говорница, маса) раздвоени физички од медиумските работници, со задолжено лице да ги дезинфицира пред и после говорењето на говорникот;
- доколку настанот е теренски, и се одржува во услови кои не дозволуваат ниеден од горенаведените услови, се запазуваат основните мерки: обезбедување на растојанието кое условите го дозволуваат (најмалку метар и половина), како и преземање на микрофоните на медиумски работници од едно лице кое е назначено за таа улога и нивно поставување на платформа од страна на истото лице со цел да се обезбеди растојание и да се попречи групирање;
- секогаш кога тоа е возможно, се обезбедуваат столчиња за новинарите, за поефективно да се одржува соодветното растојание.
- Доколку временските и просторни услови не дозволуваат настани со медиумско присуство на отворен простор, истите да се одржуваат преку дигитални алатки за вклучување во живо:
- организаторот е должен да спроведе техничка проверка половина час пред одржувањето на настанот за да обезбеди функционална врска за медиумските работници.
- Доколку не постојат технички услови за одржување на настани со медиумско присуство преку дигитални алатки за вклучување на новинарите во живо, истите се одржуваат во затворен простор со запазување на следните мерки:
- се препорачува на медиумските работници да преземат видео материјал од една камера за да се преполови бројот на присутни во просторијата;
- просторијата да располага со големина која обезбедува растојание од метар и половина помеѓу медиумските работници;
- просторијата да се проветрува и дезинфицира после секој настан;
- просторијата да се проветрува за времетраење на настанот. Настани во простории во кои нема услови да се проветруваат или соодветен начин на вентилација на воздухот нема да се одржуваат;
- се обезбедува озвучување со шахти за звук, за да се избегне преземање на звук од микрофоните на медиумските работници со цел да се заштитат присутните од групирање;
- се обезбедуваат два засебни микрофони, едниот се поставува пред говорникот, додека вториот е за медиумските работници кои поставуваат прашања;
- микрофоните се дезинфицираат пред и после завршувањето на настанот односно помеѓу два говорници. Дезинфекцијата се врши преку чистење со ткаенина и изопропил алкохол, или спреј пумпица со изопропил алхолол која се прска на соодветна далечина која нема да предизвика проблем со електрониката. Доколку има лице задолжено за управување со микрофонот, задолжително мора да носи заштитни ракавици. Во спротивно, дезинфекцијата се врши после секој физички допир од страна на кое било лице;
- помеѓу присутните се обезбедува растојание од најмалку метар и половина, додека помеѓу новинарите и снимателите се уредува просторот на начин на кој нема групирање и не се нарушува соодветното растојание;
- доколку не постојат технички услови за озвучување, микрофоните на новинарите се поставуваат на едно место (постоље, говорница, маса) раздвоени физички од медиумските работници, со задолжено лице да ги дезинфицира пред и после говорењето на говорникот;
- секогаш кога тоа е возможно, се обезбедуваат столчиња за новинарите, за поефективно да се одржува соодветното растојание;
- за настаните за медиумските работници кои се организираат во затворен простор, препораката е да не траат подолго од триесет (30) минути, при што доколку настанот предвидува новинарски прашања, најмалку половина од времето да биде предвидено за нив.
- Во самата најава до медиуми, се наведуваат сите услови во кои се одржува настанот како и соодветно време на пристигнување кое овозможува медиумските работници да поминат соодветни проверки и мерки за заштита од коронавирус без доцнење на почетокот на настанот.
- За сите видови на настани, организаторот е должен да обезбеди лична заштитна опрема односно дезинфициенс.
- За сите видови на настани, организаторот задолжително обезбедува лице кое мери телесна температура. Според препораки на Комисијата за заразни болести, секое лице кое има над 37,2 се остава на почек. После 5-10 минути се врши повторно мерење. Доколку и по втор пат телесната температура на медиумскиот работник е над 37,2, обезбедувањето оневозможува влез на настанот.
- За сите видови на настани со медиумско присуство без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, и на отворен и на затворен простор, задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи:
- сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози вакцина против заразната болест КОВИД-19 или
- сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.
- Дополнително, на сите настани опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 присутни лица, задолжително e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак на настаните со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.
Посебен дел кој се однесува на настани кои се во организација на владини институции, односно на истите има присуство на претставници на Владата на Република Северна Македонија:
- На снимателите и фоторепортерите им се препорачува да преземат видео-материјал и фотографии од организаторот на настанот, а со цел да се намали бројот на присутни и да се заштитат присутните од групирање на поголема група на луѓе на ограничен простор;
- доколку физичките и просторните услови не дозволуваат целосно запазување на мерките за заштита, на новинарите и снимателите им се овозможува пренос на настанот во живо;
- доколку не постојат технички услови за пренос на настанот во живо, на новинарите и снимателите им се овозможуваат опции кои ќе го намалат бројот на физичко присуство и изложеност, и тоа:
- Можност новинарите (сите, или оние кои ќе изберат) да ги постават прашањата преку портпарол или лице задолжено за односи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до говорниците во име на новинарите;
- Во исклучителни ситуации кога условите не дозволуваат да се организира настан во живо или преку дигитални алатки, новинарите имаат можност да ги постават прашањата по електронски пат преку портпарол или лице задолжено за односи со јавност, кои најпрецизно и буквално ќе ги постават прашањата до говорниците во име на новинарите.
- Доколку во исклучителна ситуација, нема можност за обезбедување на снимка или пренос во живо, прашањата поставени по електронски пат, добиваат одговор на писмено од официјална е-пошта на институцијата која го организира настанот. Одговорот на писмено кон медиумот треба да се испрати во најбрз можен рок после завршување на настанот, во текот на истиот ден. Исклучок од овој рок се одговорите за кои е потребен подолг процес на собирање податоци од повеќе институции, за што медиумот треба да биде веднаш известен, а одговорот треба да се испрати во рок од три дена вклучувајќи го и денот кога е поставено прашањето.
- По објавување на „Известување за стручен испит“ за одредена испитна сесија кандидатите за стручен испит се пријавуваат со поднесување на соодветна документација, исклучиво по пошта.
- Документите од кандидатите се архивираат и евидентираат во база во просториите на Државен испитен центар, се оформуваат досиеја и се предаваат на соодветните предметни комисии за полагање на стручен испит.
- Досиејата се разгледуваат од страна на соодветните комисии за стручен испит, почитувајќи ги мерките за заштита (носење на заштитна маска / марама / покривка на лицето, држење на дистанца од 1,5 метри и обезбедување на сите санитарно-хигиенски услови).
- Стручниот испит се реализира во училиште / училница, со физичко присуство на кандидатот и on-line пред учениците и пред членовите на испитната комисија.
- Претходно, претседателот на соодветната комисија телефонски ги контактира кандидатите се договара за наставните единици и прави распоред за полагање на стручниот испит при што за секој кандидат дава простор од еден час за реализација на целиот испит (трите дела од испитот):
- 5 минути за подготовка и идентификување пред комисијата;
- 30/35 минути за реализација на час;
- 20/25 минути за спроведување на 2-от и 3-от дел од испитот и соопштување на резултати од испитот;
- 5 минути пауза.
- Кандидатот ќе полага во училиште во регионот од каде што доаѓа, каде што се реализира on-line настава.
- Најдоцна еден ден пред почетокот на испитот кандидатот - приправник на членовите на комисијата, преку електронска пошта, им ја испраќа дневната подготовка за часот.
- Кандидатот - приправник и членовите на комисијата треба да имаат вклучено камера во текот на целиот испит.
- Кандидатот - приправник и членовите на комисијата пред започнување на испитот се логираат и кандидатот се идентификува со покажување на документ за лична идентификација. Членот на комисијата - претставник од Државен испитен центар, прави PRINT SCREEN на кој се гледаат комисијата и кандидатот, го печати и документот го става во досието на кандидатот. Во досието на кандидатот се додава и претходно испратената дневна подготовка за часот.
- Потоа се логираат учениците и кандидатот - приправник започнува со реализација на часот.
- По завршувањето на часот (за наставници - приправници) или презентацијата (за стручните соработници - приправници), комисијата останува on-line со кандидатот и ги спроведува останатите два дела од испитот. На крајот му го соопштува резултатот од испитот.
- Членот на комисијата - претставник од Државниот испитен центар, во договор со останатите членови на комисијата, организира безбедно потпишување на записниците од полагање на испитите.
- Веднаш по испитот се изготвуваат уверенија за положен стручен испит за сите кандидати што положиле и истите се испраќаат до училиштата каде што се вработени.
- Извештаите од испитите по наставен предмет и извештаите за исплата ги изготвува членот на комисијата - претставник од Државниот испитен центар.
Исклучок од горенаведеното се кандидатите - приправници кои во текот на приправничкиот стаж предавале практична настава и/или предавале во специјалните училишта каде што наставата се одвива со физичко присуство. За нив испитот се реализира во училиште, со физичко присуство на кандидатот, учениците и комисијата според досегашниот Протокол.
За кандидатите - стручни соработници важат истите услови за полагање, освен што наместо час тие презентираат студија на случај и не вклучуваат ученици.
ВОВЕДЕН ОПШТ ДЕЛ
Со овој протокол се пропишуваат мерки и постапки кои имаат за цел минимизирање на ризикот од трансмисија на заболувањето КОВИД-19 за сите учесници во Пописот.
Протоколот опфаќа мерки за превенција кои се однесуваат на почитување на општите превентивни препораки(мерки) на лицата во:
- Фазата на тестирање
- Фазата на обука
- Фазата на спроведување на Пописот на терен, со посебен протокол за попишување на лицата кои во периодот на спроведување на Пописот ќе бидат позитивни на КОВИД-19
Општи превентивни препораки(мерки):
- Задолжително носење заштитна маска (КН95) за да се заштитите себе си од другите во ваша близина, или пак, да ги заштитите другите од вас;
- Одржување на препорачаното растојание од 1,5-2,0 метри помеѓу секој од учесниците;
- Да се избегнува допирање на очите, носот и устата;
- Одржување на лична хигиена со често миење на рацете со сапун и вода или употреба на средства за дезинфекција на раце и површини врз база на 70% алкохол;
- Често дезинфицирање на предмети и површини;
- Доколку некој од попишувачите во текот на Пописот (5-30 септември) пројави симптоми на КОВИД-19, веднаш ќе биде упатен на тестирање и ќе биде заменет со друг попишувач;
- Искористената лична заштитна опрема се отстранува како комунален отпад во црни пластични ќеси за отпад.
1. Фаза на тестирање
Тестирањето на попишувачите ќе се врши во училишта/училници со почитување на општите превентивните мерки што значи:
- Максимален број на лица во училница изнесува 12 (дванаесет);
- Во училници кои имаат помала површина од стандардната површина на училници, бројот на учесници се намалува;
- Седењето на лицата треба да биде на физичко растојание од 1,5 м-2,0 м, односно седењето треба да биде организирано по едно лице во клупа, во секој втор ред;
- Поставување на средства за дезинфекција на база на 70% алкохол на влезот во просторијата;
- Мерење на температура со безконтактен термометар на секој учесник пред влез во просторијата;
- На лицето со измерена температура 37,2⁰Ц не му се дозволува влез во училницата;
- Носење заштитна маска (КН95) од страна на сите учесници и за целото времетраење на обуката;
- Често проветрување на просторијата, за време на паузите и помеѓу секоја група за тестирање;
- Темелно механичко чистење и дезинфекција на училницата и работните површините во училницата пред влегувањето и по завршување на секоја група за тестирање;
- Растојание од 1 час при промена на групи за тестирање.
2. Фаза на обука
2.1 Обука на државни инструктори
Обуката на државните инструктори ќе се врши во амфитеатар со капацитетот за седење на 200 лица. Протоколот за заштита опфаќа:
- Максимален број на лица во амфитеатарот - 75;
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во просторијата;
- Мерење на температура со безконтактен термометар на секој учесник пред влез во просторијата;
- На лицето со измерена температура 37,2⁰Ц не му се дозволува влез во амфитеатар
- Носење заштитна маска КН95 од страна на сите учесници и за целото времетраење на обуката;
- Седењето на лицата треба да биде на физичко растојание од минимум 1,5м.-2,0м и преку еден ред;
- Често проветрување на просторијата, за време на паузите и помеѓу секоја група за обука;
- Дезинфекција на површините во амфитеатарот пред и по завршувањето на обуката.
2.2 Обука на членовите на КПР
Обуката на членовите на КПР ќе се врши во Државниот завод за статистика – Голема сала. Просторијата има капацитет за седење на 50 лица. Протоколот за заштита опфаќа:
- Максимален број на лица во салата - 16;
- Поставување на средства за дезинфекција на влезот во просторијата;
- Носење заштитна маска КН95 од страна на сите учесници и за целото времетраење на обуката;
- Мерење на температура со безконтактен термометар на секој учесник пред влез во просторијата;
- На лицето со измерена температура 37,2⁰Ц не му се дозволува влез во големата сала;
- Често проветрување на просторијата, за време на паузите и помеѓу секоја група за обука;
- Седењето на лицата треба да биде на физичко растојание од минимум 1,5м.-2,0м;
- Дезинфекција на површините во просторијата пред и по завршувањето на обуката;
- Темелно механичко чистење и дезинфекција на салата и работните површините во училницата пред влегувањето и по завршување на секоја група за обука.
2.3 Обука на попишувачи
Обуката на попишувачите ќе се врши во училишта/училници со почитување на општите превентивните мерки што значи:
- Максимален број на лица во училница изнесува 12 (дванаесeт);
- Во училници кои имаат помала површина од стандардната површина на училници, бројот на учесници се намалува;
- Седењето на лицата треба да биде на физичко растојание од 1,5 м-2,0 м, односно седењето треба да биде организирано по едно лице во клупа, во секој втор ред;
- Поставување на средства за дезинфекција на база на 70% алкохол на влезот во просторијата;
- Мерење на температура со безконтактен термометар на секој учесник пред влез во просторијата;
- На лицето со измерена температура 37,2⁰Ц не му се дозволува влез во училницата;
- Носење заштитна маска (КН95) од страна на сите учесници и за целото времетраење на обуката;
- Проветрување на просторијата за време на паузите и помеѓу секоја група за тестирање;
- Темелно механичко чистење и дезинфекција на училницата и површините во училницата пред влегувањето на секоја група за тестирање;
- Растојание од 1 час при промена на групи за тестирање.
3. Фаза на спроведување на Пописот на терен
Спроведувањето на Пописот ќе се врши на терен со попишувачи кои треба да влезат во секое домаќинство, што значи дека физичките контакти се неминовни. Во такви услови, секој попишувач ќе користи лична заштитна опрема што се состои од: заштитна маска (КН95), спреј за дезинфекција на раце на база на 70% алкохол и каљачи. Дополнително, попишувачот задолжително да практикува често миење односно дезинфицирање на рацете.
Протоколот за заштита опфаќа:
- Задолжително носење заштитна маска (КН95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето;
- Задолжително одржување на пропишанoтo физичко растојание од 1,5-2,0м за цело времетраење на попишувањето во домот;
- Се забранува вадење, поместување и менување на заштитната маска за цело времетраење на попишувањето во домот;
- Се забранува пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот;
- Користење на средства за дезинфекција на рацете пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството;
- Надворешна дезинфекција на лаптопот пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството;
- Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и физичко растојание од најмалку 1,5 м-2,0м.
- Пред влегување во домаќинството задолжително попишувачот да стави каљачи на обувките.
Попишување на лицата кои во периодот на спроведување на Пописот ќе бидат позитивни на КОВИД-19 и во домашна изолација.
Попишувањето на лицата кои во периодот на спроведување на Пописот ќе бидат позитивни на КОВИД-19 и во домашна изолација ќе биде посебно организирано и следено.
Бројот на лицата кои се позитивни и се во домашна изолација ќе се следи на дневна основа со цел да се овозможи нивно опфаќање во Пописот.
Протоколот за заштита опфаќа:
- Државниот завод за статистика во соработка со Управата за електронско здравство „Мој термин“ ќе ги добива списоците на позитивни лица, на дневна основа, со нивна адреса, ЕМБГ и телефонски број;
- Лицата чија изолација ќе започне на 5 септември 2021 година, изолацијата завршува во деновите на траење на Пописот, попишувачот ќе ги посети по завршувањето на периодот на домашна изолација;
- Лицата кои се позитивни на КОВИД-19 и кај кои изолацијата нема да заврши за времетраење на пописот, ќе бидат телефонски контактирани и ќе се договорат условите за попишување со добивање податоци од некој нивни близок кој не е во изолација, а ги знае сите податоци.
- Во просториите каде ќе се изведуваат натпреварите потребно е да бидат обезбедени санитарно-хигиенски услови.
- Да се означат влезовите за влез и излез од местото каде што ќе се одржува натпреварот, како и патеки за еднонасочно движење.
- На местото каде што ќе се одржува натпреварот се овозможува влез само на учениците кои се учесници на натпреварот.
- Натпреварот се реализира во групи и при тоа во една група на натпреварувачи во иста просторија може да присуствуваат најмногу до 10 ученици.
- Учениците се спроведуваат до просторијата каде што се одржува натпреварот од страна на назначено лице од организаторите на натпреварот, без непотребно задржување во ходниците или заедничкиот простор во објектот.
- При влегување во просториите каде се одржуваат натпреварите се врши мерење на температурата на секој ученик и учесник на натпреварот, како и дезинфекција на рацете.
- За цело времетраење на натпреварот сите присутни задолжително носат маска/прекривка.
- Во секоја просторија каде што се одржуваат натпреварите се поставуваат дезинфекциски средства.
- Се забранува поздравување со физички контакт.
- Задолжително е одржување на физичко растојание помеѓу сите присутни на натпреварот од најмалку од 1,5 метри.
- Просториите во кои се одржува натпреварот се проветруваат или доколку овозможуваат временските услови се остава отворен прозорец.
- Проветрување и дезинфекција се прави по завршување на натпреварот на секоја група.
- По завршување на натпреварот учениците да го напуштаат просторот движејќи се по означените насоки на движење.
- Зависно од спецификите на натпреварот, Здруженијата можат да го дополнат овој протокол со дополнителни мерки за заштита од ширење на вирусот.
- При организирање на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во основното образование во услови на пандемија, освен овој протокол важи и Протоколот за постапување на основните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците и строго да се почитуваат пропишаните превентивни мерки.
- Организаторите на натпреварите сносат полна одговорност за контрола и правилно спроведување на протоколните мeрки.
- Натпреварите се организираат и реализираат со физичко присуство на учесниците.
- Натпревари ќе се одржуваат во период од 10:00 часот до 17:00 часот од минимум 1 (еден) ден.
- Пристигнувањето и влегувањето во училиштето - домаќин на учесниците (ученици, ментори, комисии и вработени во училиштето домаќин ангажирани за натпреварите) ќе се изведува по претходно утврден распоред од страна на училиштето – домаќин.
- Училиштето - домаќин назначува лица од редот на вработените (редарска служба) кои ги спроведуваат учесниците во соодветни простории за сместување со обезбедено физичко растојание од најмалку 2 метри.
- Училиштето за влез и излез на учесниците ги става во функција сите влезови на училишната зграда и изготвува распоред за влез/излез со список со назнака на влез и време на влегување за учесниците од секое училиште и го истакнува на влезот од училиштето - домаќин.
- Во училиштето - домаќин за време на натпреварите не се реализира настава со физичко присуство.
- На влезот во училиштето, во ходниците и во училниците се поставуваат едукативно - информативни материјали и насоки за заштита на здравјето и безбедност во училиштето.
- На секој влез од училиштето учесниците ги пречекува дежурен наставник, кој се грижи секој учесник да ги дезинфицира обувките и рацете, односно му помага на учесникот да ги дезинфицира рацете со дезинфекционо средство.
- Училиштето домаќин задолжително поставува ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребно растојание при чекање ред на учесниците пред и внатре во училиштето.
- На учесниците кои доаѓаат со организиран превоз, им се мери телесната температура пред влегување во автобус и се врши дезинфекција на рацете и обувките. Учесниците кои имаат зголемена температура (над 37.4°С) се враќаат дома со препораки за преземање на соодветни здравствени мерки.
- На сите учесници при влезот во училиштето им се мери телесна температура и во случај на зголемена температура (над 37.4°С) учесникот се изолира во посебна просторија наменета за таа работа и се постапува согласно „Алгоритмот за постапување во училиштата во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен – позитивен на КОВИД-19“.
- Влегување во училиштето - домаќин е дозволено само со задолжително користење на заштитни маски / покривка на лицето за сите вработени во училиштето и учесниците на натпреварот.
- Сите вработени и учесници задолжително ја почитуваат мерката за физичко растојание од најмалку 2 метри.
- На влезот во училиштето - домаќин се поставуваат средства за дезинфекција, како и во училниците и другите простории каде што ќе има учесници од натпреварот.
- Учесниците при влезот задолжително ги дезинфицираат обувките и рацете.
- Се забрануваат сите видови физички контакти за поздравувања меѓу учесниците на натпреварите.
- Учениците доаѓаат и си заминуваат од училиштето - домаќин во придружба на наставник - претставник од училиштето учесник.
- Забранет е влез за сите лица кои немаат легитимација за учество на натпреварот.
- Разменувањето на информациите меѓу организаторот на натпреварите, училиштето - домаќин и училиштата - учесници се врши исклучиво преку електронска комуникација.
- Натпреварите во стручно - теоретскиот дел се изведуваат со најмногу до 10 (десет) ученици во училница и обезбедено физичко растојание од најмалку 2 метри помеѓу учесниците и наставникот - тестатор.
- При реализација на практичниот дел на натпреварите задолжително е почитувањето на сите протоколи за безбедност и заштита при работа на учесниците. Учесниците се должни да ги почитуваат универзалните мерки за спречување на пренесувањето на КОВИД-19, а ги вклучуваат следните мерки:
- Хигиена на работно место – дезинфекција на работното место пред и по завршување на практичниот дел на секој ученик;
- Хигиена на раце – темелно миење на рацете со сапун и вода или дезинфекција со средство на база на алкохол, пред отпочнување и по завршување на вежбата.
- Поставување на дезинфекциони средства на секое работно место;
- Респираторна хигиена – што подразбира да има на располагање доволно заштитни маски за лице и хартиени марамчиња, како и заштитни ракавици и корпи за отпадоци со поклопци за хигиенско одлагање на отпадот. Надлежното лице во просторијата е должно да ги потсети учениците на обврската за правилно носење заштитна маска.
- Физичко дистанцирање – одржување на потребното пропишано растојание од најмалку 2 метри помеѓу работните места и избегнување на директен физички контакт со други лица (прегрнување, допирање, ракување и слично).
- Учесниците задолжително ги почитуваат протоколите на компаниите (во погоните, хигиенско - санитарните објекти, одделот за исхрана и сите други делови каде што може да се движат учениците во компанијата) доколку практичниот дел се реализира во компанија.
- Употребата на тоалетите се организира со присуство на помал број ученици и запазена дистанца (на пример, ако тоалетот е помал, ученикот треба да чека надвор од тоалетот додека излезе ученикот којшто е внатре).
- Чистењето на просториите кои ќе се користат за натпреварите се врши пред почетокот на натпреварите, со вода и сапун/детергент и со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Училиштето - домаќин воведува систем за еднонасочно движење на учесниците низ просториите.
- Просториите задолжително се проветруваат најмалку половина час пред започнувањето на користењето и по заминувањето на учениците, а доколку дозволуваат временските услови, пожелно е да се остави отворен прозорец за време на натпреварот.
- Организирање на редарска служба во училиштето - домаќин, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учесниците од минимум 2 метри пред и внатре во училиштето, бројот на редари во училиштето за време на натпреварот го одредува директорот на училиштето -домаќин.
- Делот за официјалното отворање на натпреварите ќе се реализира во зависност од моменталните препораки од Владата на Република Северна Македонија за дозволено физичко присуство на лица на отворен и затворен простор.
- Делот за прогласување на победниците на натпреварите ќе се реализира во зависност од моменталните препораки од Владата на Република Северна Македонија за дозволено физичко присуство на лица на отворен и затворен простор.
- Делот за официјалното затворање на натпреварите ќе се реализира во зависност од моменталните препораки од Владата на Република Северна Македонија за дозволено физичко присуство на лица на отворен и затворен простор.
- Во средните училишта каде се реализира државната матура потребно е да бидат обезбедени санитарно-хигиенски услови.
- Средствата за дезинфекција да се постават пред училиштето и да се врши задолжителна дезинфекција на рацете на сите ученици и сите инволвирани во реализација на државната матура пред да влезат во училиштето.
- При влегување во училиштето да се врши мерење на температурата на секој ученик и секој инволвиран во реализација на државната матура, како и дезинфекција на рацете.
- Сите учесници во реализацијата на државната матура (ученици, тестатори, набљудувачи и членови на Училишните матурски комисии, редари, хигиеничари) задолжително да носат заштитна маска на денот на испитите, за цело времетраење на истите.
- Учениците согласно утврден распоред влегуваат во училниците во периодот од 9:15 до 10:00 часот.
- Учениците задолжително да носат документ за лична идентификација и прибор за пишување.
- Да се означат влезовите за влез и излез од местото каде што ќе се одржува полагањето, како и патеки за еднонасочно движење, со поставени ознаки со кои се означува правец на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на учениците пред и внатре во училиштето.
- Да има организирана редарска служба во училиштето, со цел спроведување на редот и одржување на потребното растојание меѓу учениците од минимум 2 метри пред влегувањето и внатре во училиштето и тоа 2 редари пред влезот на училиштето и 2 редари за во училиштето. Редарите да се ангажираат од редот на вработените во училиштето, за што одлучува директорот на средното училиште.
- Да биде организиран просторот во училниците, со цел спроведување на редот и одржување на потребното физичко растојание меѓу учениците од минимум 2 метри со присуство на максимум 15 кандидати во една просторија. Задолжително да се врши дезинфекција на клупите и столчињата во просториите каде ќе се врши полагањето на учениците, со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот.
- Просториите во кои се реализира државната матура, пред почеток на испитите се проветруваат или доколку овозможуваат временските услови се остава отворен прозорец.
- По завршување на полагањето учениците да го напуштат просторот движејќи се по означените насоки на движење.
- Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.
- На крајот на секој ден задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот. Алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Освен овој протокол важи и Протоколот за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците, со напомена за строго почитување на пропишаните превентивни мерки.
- Организаторите на полагањето на државната матура сносат полна одговорност за контрола и правилно спроведување на протоколните мерки.
- Организирањето свадби, прослави и веселби е дозволено во затворениот/ внатрешниот дел на угостителскиот објект и отворениот дел на угостителскиот објект/тераса. Тераса претставува простор кој има покрив и кој е отворен од трите страни.
- На влезот од угостителскиот објект/терасата треба да има поставено дезинфекциско средство со видливо известување дека е задолжително да се дезинфицираат рацете при пристигнувањето.
- Задолжително е мерење на температура пред влез на гостите од страна на одговорно лице од угостителскиот објект. Доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура (температура повисока од 37,5 степени) веднаш ќе бидат вратени и упатени да се јават кај својот матичен лекар.
- Организаторот е должен да ги извести гостите дека доколку кај некој од гостите се констатира покачена телесна температура, ќе бидат вратени и советувани да се пријават кај својот матичен лекар.
- Доколку на отворениот дел од угостителскиот објект/терасата има поставено прегради/ѕидови направени од плексиглас, пластика или стакло, потребно е да се отстранат или отворат така што просторот на терасата да остане од трите страни отворен.
- Бројот на гостите се ограничува на максимум 50% исполнетост на капацитетот на просторот во затворениот и отворениот дел на угостителскиот објект.
- Задолжително е при влегувањето на гостите истите да бидат спроведени од страна на одговорно лице/редар од угостителскиот објект.
- Организаторот има за обврска да достави листа на гости и распоред на маси за седење до одговорниот менаџер на угостителскиот објект кој има за обврска да го евидентира секое лице - гостин на прославата.
- Во случај на доаѓање на лица не евидентирани во листата на гости по добиено одобрение од организаторот ќе им се одобри присуство и ќе бидат внесени во листата за евиденција на присутни гости.
- Организаторот на прославата има за обврска сите гости да ги запознае со препораките, условите и начините под кои се одржува свадбата.
- Задолжително е почитување на општите превентивни мерки и препораки при пречек на гости и за цело времетраење на свадбата (забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид на физички контакт со гостите).
- Само при организирање на свадби дозволено е ангажирање на музичари односно естрадни уметници кои се лиценцирани.
- Музичарите треба да бидат оддалечени најмалку 5 метри од најблиската маса за гости, без право на движење и пеење помеѓу гостите.
- Јачината на музиката не треба да ја надминува пропишаната граница на јачина во угостителски објект.
- Дозволено е играње на подиум за игра со обезбедено простор од 4 м2 по лице при што е потребно да се почитува препорачаното физичко растојание.
- При престој на гостин во затворениот/внатрешниот дел на објектот задолжително е носење заштитна маска за што мора да бидат поставени јасни известувања во објектот.
- Вработените во угостителскиот објект задолжително носат заштитни маски преку устата и носот и зачестено одржуваат хигиена и дезинфекција на раце.
- Дозволено е послужување на гости на маси за стоење и на шанк.
- Задолжително поставување на дезинфекционо средство за раце на секоја маса.
- Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за одржување на личната хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием и послужување на храна.
- По завршување на прославата, задолжително е механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Редовно одржување на хигиената во тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на препорачаните антивирусни дезинфекциони средства.
Овој протокол има за цел утврдување на услови за спроведување на работниот процес во работните простории на установите за вон-семејна социјална заштита на стари лица, негова контрола и евалуација во услови на вонредна ситуација од епидемија на КОВИД-19, Коронавирус.
Протоколот е документ кој се заснова на одлуките, препораките, одредбите, протоколите и останатите пишани документи издадени од Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Министерството за труд и социјална политика.
Со протоколот се дефинираат мерките за заштита од Корона вирусот, средствата за нивно спроведување, начинот на спроведување.
Вовед
Коронавирусите (CoV) се големо семејство на вируси кои предизвикуваат болести кои се движат од обична настинка до потешки заболувања, како што се Блискоисточен респираторен синдром (MERS-CoV) и Тежок акутен респираторен синдром (SARS-CoV).
Новиот коронавирус (SARS-CoV2) е нов вид на коронавирус што претходно не бил идентификуван кај луѓето и предизвикува заболување наречено КОВИД-19. Откако голем број на земји во сите региони на СЗО регистрираа случаи, на 11.03.2020 генералниот секретар на СЗО прогласи пандемија на КОВИД-19.
Вообичаените знаци на инфекција вклучуваат респираторни симптоми - треска, кашлица и тешкотии во дишењето. Во потешките случаи, инфекцијата може да предизвика пневмонија, тежок акутен респираторен синдром, откажување на бубрезите, па дури и смрт.
Стандардните препораки за спречување на ширење на инфекцијата вклучуваат редовно миење на рацете, покривање устата и носот при кашлање и кивање, темелно готвење на месо и јајца, избегнување близок контакт со секој што покажува симптоми на респираторно заболување, како што се кашлање и кивање.
Мерки за превенција на КОВИД-19
Заболувањето со Коронавирус (КОВИД-19) е предизвиканo од новo откриениот Коронавирус (SARS-CoV2). Според досегашните сознанија вирусот се пренесува главно преку:
- директен контакт со заразено лице на растојание до 2 метри (кашлање, кивање, гласно зборување); и
- индиректен контакт со допирање на загадени предмети и површини каде вирусот може да преживее краток временски период.
Луѓето треба да следат едно главно правило – да се заштитат себеси и да не ги разболат другите околу нив, и да се грижат за своето здравје додека патуваат, придржувајќи се кон упатствата што ги добиваат од јавните здравствени установи и СЗО.
Луѓето треба да преземат едноставни мерки, како одржување на хигиена на раце и респираторна хигиена, мерки кои помагаат и за заштитат против грип, но и за други заразни заболувања.
Совети и препорачани мерки за сите
Често мијте ги рацете со вода и сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол!
Зошто? Ако вашите раце содржат вируси, миењето со сапун или со средство за дезинфекција за раце на база на алкохол ќе ги уништи истите.
Што се подразбира под„често миење“?
Миењето на рацете е важно после одредени постапки:
- После дување на нос, кашлање или кивање.
- Пред јадење.
- По користење на тоалет.
- По допирање на отпадок (ѓубре).
- По секое влегување или излегување работните простории.
Дополнителни заштитни мерки при услови за работа
- При секое влегување во работните простории да се користат средствата за дезинфекција за раце и дезинфицирање на обувките со пумпицата кое содржи средство за дезинфекција;
- Персоналот додека е на работното место ја носи својата работна униформа, користи работни ракавици (или редовно ги дезинфицира рацете), заштитни маски и се придржува кон мерката одржување на физичко растојание со корисниците и со другите лица од персоналот;
- Се избегнува групирање на персоналот како и на корисниците на едно место, а кога се собрани повеќе лица се внимава на мерката за одржување на физичко растојание од 2 метри;
- Опрема за персонална заштита - специјална маска за КОВИД-19, визир, очила, капа, скафандер, мушама-престила, два пара нараквици, калци) персоналот носи во случај на првиот дијагностициран корисник со КОВИД-19;
- Доколку се појави случај на лице од персоналот да биде дијагностицирано со COV-19, тогаш тоа лице оди во домашна изолација;
- Персоналот се обучува како да употребува опрема за персонална заштита и се обезбедува соодветна просторија за облекување на истата;
- Редовно пребришување на работни површини по завршување на работните обврски со средство за дезинфекција или марамчињата за дезинфекција.
- Задолжение на секој вработен е својот работен простор, работни и манипулативни површини да ги пребришува со дезинфекционо средство.
- Подот и заедничките простории како и тоалетот се одржуваат од страна на вработените и лицето одговорно за хигиена (надворешно лице -2 пати месечно), согласно пропишаните чекори од протоколот.
- Задолжително е редовно проветрување на просторијата на секои два часа.
Дополнителни обезбедени средства за заштита при работа
- Маски
- Визири
- Ракавици
- Антибактериско средство за раце и површини 0.2%
- Антибактериски гел за раце
- Влажни марамчиња за дезинфекција
Протокол при посета на надворешни соработници и членови на семејствата на штитениците во установи за вон-семејна социјална заштита на стари лица
Согласно општите препораки и епидемиолошката состојба во државата, доколку во одреден период се дозволат посетите за истите треба да се има во предвид следното:
- Посетите мора претходно да бидат договорени/закажани со установата при што е неопходно да се води сметка за бројот на истовремени посети со цел да не се групираат повеќе луѓе на едно место.
- Во посета може да дојдат исклучиво роднини во права линија (син, ќерка, брат и сестра)
- Се препорачува посетите да се спроведуваат во дворот на установата при поволни временски услови.
- Установата има точно определени простори за реализација на посетата. Местата за посети се дезинфицираат пред и по посетата. Посетите се закажуваат во одреден временски интервал помеѓу во зависност од местото на спроведување (внатрешен или надворешен простор). Во текот на посетата не е дозволено да се менува местото на посетата или движење низ установата.
- Се овозможува посета на корисниците во внатрешните простории на установата, кога од објективни причини не е возможно посетата да се организира во надворешен простор на установата (пр. неподвижни корисници).
- Посетите се со ограничено времетраење до 15 минути, носењето на заштитни маски и ракавици за еднократна употреба е задолжително, како и придржувањето кон останатите мерки за заштита.
- Пред почетокот на посетата, на посетителите им се мери телесна температура со без контактен термометар, а доколку се утврди покачена телесна температура, посетата не може да се реализира.
- Дезинфекциjaта на раце е задолжителна пред посетителот да влезе во установата.
- Одржување на физичко растојание од минимум 2 метри;
- Се препорачува едно лице да посети еден корисник во рамки на една посета. Вработениот (со лична заштитна опрема) го придружува корисникот до местото на посета и присуствува во текот на истата за да обезбеди почитување на мерките од страна посетителот и корисникот, како и помош и поддршка околу корисникот.
- Лицата на кои им е изречена мерка за самоизолација, со симптоми на КОВИД-19 или утврдена инфекција со КОВИД-19 не можат да ги посетуваат корисниците на домот. Корисниците на кои им е изречена мерка за самоизолација не можат да бидат посетени.
- За реализација на посетата се води следната евиденција: време и датум, име и презиме на корисникот и име и презиме на посетителот.
Протокол на организација на работата при вонредна состојба или полициски час:
- Од страна на Установата се организира службен превоз на персоналот од нивните домови до Установата и обратно;
- Целосно се забрануваат посети кај корисниците и достава на производи од нивните најблиски;
- Нарачките во Установата се вршат однапред на месечно ниво;
- Се забранува влез на дистрибутери во Установата и робата се превзема од дворот на Установата;
- Производите што се примаат во Установата пред употреба се дезинфицираат;
- Личните контакти на корисниците се извршуваат исклучиво телефонски;
- Се намалува бројот на транспорти на корисници надвор од Установата освен во случај на итност;
- Сите потребни здравствени и негувателски интервенции се изведуваат со помош на тимови во Установата во консултација со општ лекар или специјалист секако оние интервенции за кои тимовите се обучени и за кои има услови во Установата.
Протокол во однос на грижата кон здравите корисници:
- Корисниците се запознаваат со здравствените аспекти на болеста т.е. запознавање со вирусот, со начините на пренесување, неговото ширење на глобално ниво;
- Корисниците се запознаваат со хигиенските аспекти на болеста т.е. значењето на одржувањето на хигиената, значењето на одржувањето на физичко растојание од 2 м, давање на конкретни насоки за миење на рацете и нивна примена, запознавање со препораките за заштита од вирусот кои ги дава Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија;
- Корисниците се запознаваат со нужноста од изолација и карантин при состојба на пандемија и се обрнува внимание на психо-социјалниот аспект кај корисниците т.е. се запознаваат со можноста за одржување на личните контакти преку телефон и интернет; давање на психолошка поддршка при секојдневно живеење во изолација и овозможување на услови за квалитетно и активно живеење и во состојба на изолација.
Протокол при работа со дијагностициран корисник со КОВИД-19:
- Корисникот се изолира во посебна соба;
- Кај корисникот персоналот влегува опремен со опрема за персонална заштита;
- Кај корисникот се употребува посебен прибор за исхрана и после секоја употреба се пакува и се дезинфицира;
- Облеката од корисникот се пакува во посебни кеси и се пере одделно од облеката на другите корисници;
- Кај корисникот се спроведуваат дневни активности (хигиенски, медицински, забавно-рекреативни) индивидуално во собата.
Напомена:
Протоколот има важност за сите вработени и посетители во установата за вон-семејна социјална заштита на стари лица.
За сите дополнителни тековни и вонредни потреби за постапување во рамки на канцеларискиот простор, продолжуваат да важат пропишаните одредби од државните органи, како и интерните акти на здруженијата.
Постапувањето по овој протокол е задолжително, и секое непостапување по истиот подразбира неисполнување на работна задача, и ќе следат санкции согласно и интерните акти на установата за вон-семејна социјална заштита на стари лица.
Важноста на овој протокол е се до прекинување на сите мерки од страна на државата.
1. Општ дел
Согласно Шестиот сет на мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, во мерката број 7 предвидено е спроведување на бесплатни ПЦР тестови за странски туристи кои престојувале во Република Северна Македонија.
Со мерката се опфатени странски туристи со регулиран престој кои согласно важечките прописи на земјата каде се враќаат потребно е да приложат резултат од ПЦР тест при нивното враќање.
Задолжена институција за изработка на тестовите е ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје која издава меѓународен сертификат за секој турист поединечно.
2. Процедура за постапување
Менаџерите/сопствениците на хотелско сместувачките капацитети контактираат со регионалниот Центар за јавно здравје и договараат термин за земање на брис за КОВИД-19 тестирање.
Центарот за јавно здравје го закажува терминот дена пред денот на заминување.
Земањето на брис се одвива во пунктот на Центарот за јавно здравје.
Земените материјали регионалниот Центар за јавно здравје ги доставува ВЕДНАШ (истиот ден) до ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија каде истите ВЕДНАШ ги изработуваат, а резултатите/сертификатите ВЕДНАШ ги доставуваат до регионалниот Центар за јавно здравје.
Регионалниот Центар за јавно здравје ги известува менаџерите/сопствениците за пристигнување на резултатите.
Менаџерите/сопствениците се должни да ги подигнат сертификатите од регионалниот Центар за јавно здравје.