Од 53-та седница на Владата: На ПРСМ ќе му биде доставен извештај со предлог за вонредна состојба; Службените патувања ќе се остваруваат исклучиво поврзни со КОВИД-19 или евроатланстки процеси и со одобрување на Главниот координативен кризен штаб на Влада

Владата на Република Северна Македонија на денешната 53-та седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата потребна е вонредна состојба и во наредните 30 дена.

На оваа седница, Владата го дополни и усвои протоколот со препораки и упатства за излез и влез на државната граница на Република Северна Македонија за избрани функционери вработени во Влада на Република Северна Македонија и министерствата, државјани на Република Северна Македонија, со заклучок дека за секое службено патување предвидено со оваа одлука одобрување треба да даде Главниот координативен кризен штаб на Владата, исклучиво ако тоа службено патување е поврзано со справување со пандемијата со КОВИД-19 и со прашања за евро-атлантските процеси на нашата земја.
 

Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за време на вонредна состојба, донесена на 53-та седница на Владата

Одлука за дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19, донесена на 53-та седница на Владата