Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните.
Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата.
Денеска на прес-конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претседател на Комисијата за заразни болести.